Во Грција официјално започнува 35-годишната концесија за автопатот Игнација, инженерско чудо од 670 километри - Канал 5

Во Грција официјално започнува 35-годишната концесија за автопатот Игнација, инженерско чудо од 670 километри

Во Грција официјално од денеска започнува 35 - годишната концесија на најдолгиот автопат во земјата - Виа Игнација  (Егнација Одос), за што грчката држава веднаш инкасираше над 1,2 милијарди евра.

Во Грција официјално започнува 35-годишната концесија за автопатот Игнација, инженерско чудо од 670 километри

Како што објавуваат грчките медиуми, Фондот за раст официјално ги предаде клучевите од најдолгиот автопат во Грција, Виа Игација (Егнација Одос) и неговите три главни вертикални оски на „NEA EGNATIA ODOS PARACHORISI S.A.“ (предводен од GEK TERNA и EGIS PROJECTS) за следните 35 години.

Овој значаен договор, посочува “Грчки Репортер“, вклучува итна исплата од 1,275 милијарди евра (приближно 1,50 милијарди долари) на грчката држава, што претставува огромна победа за националната економија и намалувањето на јавниот долг.

Проектот опфаќа над 1.000 километри пат. Целта е едноставна: трансформирање на „сивата“ инфраструктура во мрежа од светска класа, безбедна и модерна.

Над 1,8 милијарди евра ќе бидат потрошени за тешко одржување (асфалт, мостови, тунели и безбедносни бариери) во текот на времетраењето на договорот.

Во првите пет години, 420 милиони евра ќе бидат вложени во итни надградби. Ова вклучува претворање на делницата Чаластра - Евзоној во целосно затворен автопат. Возачите можат да очекуваат 16 нови бензински станици (SEA) и 12 модерни места за одмор по должината на трасата.

Грчката Влада вели дека не станува збор само за приватизација - туку за напредок.

- Високата платена цена ги зголемува јавните приходи, а истовремено обезбедува обемна инвестициска програма. Егнација Одос се надградува во модерна, безбедна оска способна да ги поддржи транспортот, трговијата и развојните перспективи на Северна Грција, рече Киријакос Пјеракакис, министер за национална економија и финансии.

Христос Димас, министер за инфраструктура и транспорт, додаде дека „автопатот влегува во долг период на систематски инвестиции“. - Овие надградби фундаментално ќе ја подобрат безбедноста на патиштата и прекуграничната поврзаност... прилагодувајќи го автопатот на современите стандарди, вели Димас.

Виа Игнација (Егнација Одос), се посочува, е многу повеќе од само пат; тоа е инженерско чудо од 670 километри кое служи како „хоризонтален“ столб на Северна Грција.

Именуван по античкиот римски пат Виа игнација, кој некогаш го поврзувал Рим со Цариград, модерниот автопат следи слична патека, протегајќи се од западното пристаниште Игуменица до турската граница кај Кипои.

Завршен во 2009 година, тој се смета за најскапиот и технички предизвикувачки инфраструктурен проект во грчката историја. Бидејќи минува низ суровите планински венци Пинд и Вермио, инженерите морале да изградат 1.650 мостови и 76 тунели (вкупно речиси 3.100 км подземен пат).

Се проценува дека модернизацијата на Виа Игнација, за Северна Македонија ќе значи и побрз и поефикасен транспорт на стока од Солунското пристаниште до европските пазари вклучувајќи ја нашата земја како транзитна рута.

Изградбата на брза пруга на Коридорот 10, зелени коридори на граничните премини, регионална соработка, поефикасен транспорт на стока и патници, беа дел од темите што ги отвори заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбите во Атина со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Христос Димас, како и со алтернативниот министер за инфраструктура и член на Парламентот, Константинос Киранакис.

На средбите, што се одржаа во септември лани, беше потврдено дека во рамки на меѓусебната соработка, унапредувањето на патниот и железничкиот транспорт се областите каде двете земји имаат заеднички интерес во насока на регионален развој.

Николоски при тоа ги потенцирал приоритетните проекти на Владата во делот во инфраструктурата со посебен фокус на брзата пруга на Коридорот 10, проект што треба да овозможи силен инпут во економскиот развој на регионот. Станало збор и за модернизација на граничните премини преку создавање зелени ленти за да се овоможи побрз и поефикасен транспорт.

Министерот Николоски во декември лани најави и дека годинава на Коридорoт 10 треба да се примени Интелигентен транспортен систем за што веќе завршува тендерот, како и дека се работи на слична апликација за таков систем на Коридорот 8. Светска банка даде грант за системот на Кородорот 10 од околу 13 милиони евра што е 60 отсто од инвестицијата во проектот.

- Светска банка го работи тендерот за изведувач на системот на Коридорот 10. За година до година и половина ќе имаме целосно дигитализиран хајтек автопат од Табановце до границата со Грција. Нешто што ќе помогне во безбедоста на сообраќајот. По завршување на системот ќе се следи сообраќајот од минута во минута на Коридорот 10, а институциите ќе можат да реагираат на одредени неправилности на автопатот, рече Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!

Мајкл Керик е сè поблиску до заминување од клупата на Манчестер Јунајтед!

Мајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!

Иако раководството на клубот одлучи да му даде дополнително време по поразот од Борнмут, сè поголеми се шансите англискиот стручњак наскоро да добие отказ.

Според информациите на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), челниците на Јунајтед сè уште се држат до првичниот план – детално да ја проценат ситуацијата за време на ноемвриската репрезентативна пауза.

Сепак, сè поизвесно е дека извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс ќе им предложат на косопственикот Џим Ретклиф и на семејството Глејзер да го сменат Керик. Капка која може да ја прелее чашата е нерешениот резултат против Астон Вила (4:4).

Јунајтед моментално се наоѓа на 18-тото место во Премиер лигата и го бележи својот најлош почеток на една домашна сезона во последните 40 години.

Манчестер Јунајтед веќе разгледа неколку опции за наследник на Керик. Како што претходно објави Би-Би-Си (BBC), клубот ја испитуваше можноста за ангажирање на поранешниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, и поранешниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман.

Антонио Конте, исто така, покажа интерес за работа на „Олд Трафорд“, додека, според неколку извори, и Маурисио Покетино е отворен за враќање во клупскиот фудбал.

Сепак, ситуацијата со Покетино не е едноставна, со оглед на тоа што аргентинскиот стручњак во август го продолжи договорот со националниот тим на Соединетите Држави.

Наводно, неговиот договор содржи клаузули кои би му овозможиле да замине доколку добие понуда од одредени големи клубови.

На Керик му е дадена уште една шанса по поразот од Борнмут, но резултатите не ја оправдаа довербата на раководството. На последните десет првенствени натпревари, Јунајтед забележа само една победа, учинок што ги доведе до 18-тото место на табелата.

Со 19 примени гола, тимот има една од најслабите одбрани во Премиер лигата; повеќе голови примиле само Кристал Палас и Ипсвич.

Особено загрижувачки е фактот што „Јунајтед“ има само три победи на 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Ова е најлошиот учинок во последните 40 години, токму на годишнината од доаѓањето на Сер Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“.

Поразите од Манчестер Сити, Брајтон и Борнмут, како и натпреварите што завршија нерешено – при што тимот ја испушташе предноста во завршницата – претставуваа посебен удар.

Незадоволството станува сè повидливо и во самата соблекувална.

Лисандро Мартинез јавно ја критикуваше летната трансфер-политика на клубот, префрлајќи ја одговорноста врз спортскиот директор Џејсон Вилкокс. Дури и Бруно Фернандеш не го криеше своето незадоволство, па по поразот од „Кома“ (Манчестер Сити), упати критики кон тактиката на Керик.

На Карик му беше дадена шанса да ја промени ситуацијата, но резултатите и понатаму се под очекувањата.

Управата сега ги разгледува следните чекори, а сè поизвесно е дека Керик би можел да ја плати цената за катастрофалниот почеток на сезоната.

Конечната одлука сè уште не е донесена, но неговата позиција е сериозно разнишана. Манчестер Јунајтед наскоро би можел да започне нова потрага по тренер, во обид да ја спаси сезоната која веќе е далеку од очекувањата на навивачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развоj - 10 Ноември оваа година го одбележуваме со видливи резултати во научно-истражувачката дејност. Ова го нотира и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата за 2026 со оценката дека е направен добар прогрес во остварување на целите од Акцискиот план на Стратегијата за паметна специјализација, со основањето и ставањето во функција на Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво ИНОВА, но и со продолжувањето на учеството во европски програми за наука и иновации.

Резултатите ја покажуваат посветеноста на Владата и на Министерството за образование и наука кон поттикнување на научните истражувања и иновациите.

Имаме јасна цел: да ги зајакнеме капацитетите за научно-истражувачка дејност и да го зголемиме влијанието на научно-истражувачките резултати врз општеството и економијата. Ова го поддржуваме преку континуиран раст на буџетот за наука, за да осигуриме дека научната заедница има ресурси и поддршка што ѝ се неопходни.

Овогодинешниот буџет изнесува рекордни 773 милиони денари, што е скок во споредба со 680-те милиони денари минатата година и повеќе од двојно зголемување во однос на 380-те милиони денари издвоени пред две години. И резултатите се опипливи. Минатата година поддржавме околу 50-тина двогодишни научни проекти, што се сега во завршна фаза.

Презедовме конкретни активности поврзани со потребата за зголемена научна продукција. Обезбедивме бесплатен пристап до главните глобални научни бази на податоци „Web of Science“ и „Scopus“ за нашите научници и академски професори. Ги покриваме трошоците за објава на научни трудови во списанија со импакт фактор, за организација на домашни и за учество на меѓународни научни конференции, ги покриваме трошоците за објава на зборници.

Системски инвестираме во наука и ги отстрануваме бариерите за да можат нашите научни работници да се натпреваруваат и да соработуваат глобално, а нивните резултати да можат да донесат вистинска вредност дома.

Наш стратешки приоритет останува забрзан развој на науката и подобро позиционирање македонските универзитети на глобалните ранг-листи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер