СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
2СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
БалканВо Грција измислиле наезда на стеници за да ги избркаат странските туристи Министерството за здравство на Грција бара помош од полицијата против измамниците кои се обиделе да ги исплашат странските туристи и да ги натераат да ги напуштат становите за краткорочно изнајмување во Атина со измислување на наезда на стеници.Во соопштението на Министерството се наведува дека плакатите залепени пред станбени згради во центарот на градот, украсени со логоа на министерството и на општината Атина, се „апсолутно лажни“. Постерите, адресирани до „драги посетители“ на погрешно напишан англиски, тврдеа дека здравствените власти наредиле евакуација на локалните „приватни куќи за да го заштитат јавното здравје на постојаните грчки жители“. Повикувајќи се на непостоечка наезда од стеници, тие им се заканиле на посетителите со казна од 500 евра доколку не го напуштат сместувањето и учтиво им посакале пријатен престој во Грција. Освен со кризата со трошоците за живот, Атина и другите делови на Грција се соочуваат и со станбени проблеми кои главно се предизвикани од зголемувањето на бројот на станови за краткорочно изнајмување, најмногу наменети за странски посетители. Ова поттикна пораст на долгорочните трошоци за изнајмување на Грците, од кои многумина беа принудени да ги напуштат станбените области во центарот на Атина, пишува Гардијан. Вредноста на недвижностите исто така расте, делумно поради програмата „златна виза“ која им нуди престој на странските инвеститори за недвижности. Туризмот е водечки двигател на грчката економија, со една петтина од нејзиниот годишен приход, а оваа година се очекува да биде рекордна во однос на пристигнувањата. Министерството за здравство соопшти дека побарале од полицијата да направи сѐ што е потребно за да се справи со измамата. Во него се вели дека „никому не му е дозволено да ја тероризира и дезинформира јавноста“ за проблемите со јавното здравје. Грција нема забележано поголеми проблеми со крвопијците кои неодамна предизвикаа изненадување во Франција. Стениците, кои во голема мера исчезнаа од секојдневниот живот до 1950-тите, повторно се појавија во последните децении и станаа сè поотпорни на хемиски третмани. Можат да бидат присутни во душеците, но и во облеката и багажот, а излегуваат навечер за да се хранат со човечка крв.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДеветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти. Тагови: флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22