1Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени
3Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц
3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
БалканВо грчкиот град Лариса регистриран 41 случај на вирусот КоксакиВо грчкиот град Лариса регистриран 41 случај на вирусот Коксаки, не се поврзуваат со неодамнешните поплави.Во грчкиот град Лариса во изминатите 20 дена бил потвреден 41 случај на вирусот Коксаки, соопштија од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), но потенцираа дека не постои поврзаност со неодамнешните поплави во конкретниот регион, јави дописничката на МИА од Атина. Според ЕОДИ, во периодот од 23 октомври заклучно со вчера од потврдените случаи кај 41 дете со клиничка слика на Коксаки, 35 се на возраст под шест години, поголемиот дел од децата имале блага клиничка слика, а шест биле хоспитализирани на неколку дена. Паралелно не бил забележан тренд на зголемување на случаите. -Слични случаи не се забележани во подрачните единици Магнисија, Трикала и Кардица. Епидемиолошката слика поврзана со откривање на случаи само во подрачната единица Лариса и тоа што не се откриени случаи во останатите подрачни единици од областа Тесалија, кои беа погодени од поплавата по невремето „Даниел“ е индикативно дека циркулацијата на вирусот Коксаки не е поврзана со поплавите, соопштија од Националната организација за јавно здравје на Грција и додадоа дека со оглед на тоа дека не постои механизам за редовно следење на болеста „не може да се процени дали случаите во тековниот период бележат пораст во однос на претходните периоди“. Од ЕОДИ посочуваат дека инфекцијата со вирусот Коксаки е вирусно заболување кај децата, вообичаено со симптоми како треска, осип, симптоми на горниот респираторени итн. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТаравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измениГо поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју. Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПремиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОНПремиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време.. Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници.. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година.. Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД.. „Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот ВајцВо Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија.. Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ.. Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда.. И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook