Во Гостивар заврши првиот уписен рок на ученици во фудбалската паралелка - Канал 5

Во Гостивар заврши првиот уписен рок на ученици во фудбалската паралелка

Спортската академија ја спроведе селекцијата за првиот рок за упис на средношколци во паралелката за фудбал во Гостивар за учебната 2020/2021 година.

Во Гостивар заврши првиот уписен рок на ученици во фудбалската паралелка

Во првиот рок за проверка на способностите за спортски вештини на учениците се пријавија 17 завршени осмооделенци.

Селекцијата на градскиот стадион ја направи стручен тим кој ги тестираше психофизичките способности на децата кои се пријавија на конкурсот. Процесот оваа година се одвиваше според строги протоколи за социјална дистанца, дезинфекција на патики и мерките против пандемијата на Ковид-19.

Арѓенд Беќири, претставник на Фудбалската федерација на Македонија, појасни дека изборот на млади играчи е процес што овозможува потенцијалните таленти да направат успешна фудбалска кариера. Тој рече дека покрај ученици од гостиварскиот регион, на проверка се дојдени и ученици од Кичевско и Дебарско, кои се дел од предвидениот регион.

Избраните кандидати ќе бидат дел од ДСУ Спортска академија во паралелки за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за учебната 2020/2021 година.

Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис. Од отворањето на фудбалската паралелка во Гостивар досега се поминати четири генерации.

Учениците, покрај редовните часови во училиштата, четири дена во неделата имаа фудбалска настава и тренинзи со матичните клубови. За учениците кои се од поодалечени места обезбедено е сместување во гостиварскиот интернат. Доколку не бидат пополнети предвидените места и има интерес за упис, наскоро ќе биде распишан конкурс за уште еден уписен рок./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амбасадорката на САД наводно му се заканила на грчки министер дека може да ја соборат грчката влада

Кимберли Гилфојл, амбасадорката на САД во Грција, наводно сугерирала дека Вашингтон бил вмешан во соборувањето на владата на Илие Болојан во Романија и рекла дека сад може да го направат истото во која било земја. 

Амбасадорката на САД наводно му се заканила на грчки министер дека може да ја соборат грчката влада

Информацијата ја објави „Волстрит Журнал“, кој се повикува на извор присутен на разговорот..

Според цитираниот извор, ваквата изјава амбасадорката ја дала во март, за време на вечера во Атина на која присуствувале грчки и американски функционери, кога Гилфојл влегла во расправија со грчкиот министер за енергетика Ставрос Папаставру, пред другите гости.

Осврнувајќи се на претстојниот пад на романската влада, таа им рекла на присутните: „Можеме да го направиме тоа во која било земја што ќе ја избереме. Можеме да го направиме тоа и овде“...

По ова, разговорот станал напнат, а Папаставру возвратил дека САД не може да ја заменат грчката влада, која е избрана од народот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд пресече – лекарите во јавното здравство можат да работат дополнителна работа

Лекарите од јавното здрваство ќе продолжат и натаму да работат и приватно во болниците.. 

Уставниот суд пресече – лекарите во јавното здравство можат да работат дополнителна работа

Термин нема со месеци, ама ако платиш приватно во државна болница, попладне, веднаш ќе може да направиме интервенција. Ваков одговор со години добиваат дел од пациентите кои се принудени за истата услуга што им следува со платените придонеси, сепак, пак да си извадат пари од џеб и да си платат за да не чекаат со месеци. Оваа пракса продолжува да се спроведува низ клиниките, особено откако и Уставниот суД неделава ја отфрли иницијативата со кои беа оспорени законите што им овозможуваат на лекарите да вршат прегледи и операции во јавните институции по регуларното работно време.

Министерот за здравство Сашо Клековски ја поздрави одлуката и смета дека на тој начин се задржуваат нјадобрите лекарите во јавното здравство, но сепак најави можни законски зимени со кои би се прецирал начинот на дополнителна работа..

Иако според Уставен законската регулатива сама по себе не претставува уставно проблематична категорија, постои зголемен ризик за корупција, бидејќи лекарите ги користат просториите, медицинската опрема и помошниот персонал на јавните установи за услуги што ги даваат приватно, односно за тоа земаат дополнителен хонорар што не би го зеле ако терминот бил во регуларно работно време, велат за Канал 5 од невладината организација ЕСЕ. Решение за проблемот има, а тоа се јавни и транспарентни листи на чекање, јасни термини кои ќе бидат предвидени за месеците што следуваат, но и строг надзор, вели Борјан Павловски од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

„Треба добро не се контролира кој се се упатува на дополнителна дејност, дали пациентот бил комплетно, за се добро информиран, колку е реалната листа на чекање во јавната здравствена установа, а колку пациенти одат на дополнителна дејност. Сето тоа треба да се контролира и од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување. Само тогаш, ако не се избегне, сосема ќе се намали значително корупцискиот ризик од дополнителната дејност. Но, се додека е оставено вака, без соодвентни контроли, без транспарентни листи, без информираност на пациентите дополнителната дејност ќе претставува корупциски ризик.“

Здравствените власти сметаат дека дополнителната дејност не може да се укине особено бидејќи општи болници од внатрешноста функционираат со позајмени доктори од клиниките од Скопје, но е и мотив за најдобрите доктори да останат во јавното здравство. Сепак најавија законски измени бидејќи неприфатливо е болниците да немаат ни обврска да го известуваат Министерството во кои дејности и кои доктори вршат дополнителна работа, како што е случај во изминатите три години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За седум месеци имало над 740.000 туристи, од нив 523.000 се странски

Македонија го задржа трендот и годинава бележи пораст на бројот на странските туристи... 

За седум месеци имало над 740.000 туристи, од нив 523.000 се странски

Над 741 илјади туристи ја посетиле Македонија во првите седум месеци од годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемиот дел од нив, или повеќе од 523 илјади биле странски, чиј број е зголемен за 1,3% во однос на истиот период лани..Најбројни биле гостите од Турција, Германија, Србија, Романија и Албанија..Иако во однос на лани за 2% е зголемен и бројот на странски ноќевања во однос на минатата година, сепак еден странски турист во просек остварува помалку од две ноќевања во земјава. Туристичките водичи сметаат дека токму должината на престојот останува еден од клучните предизвици за домашниот туризам.

И додека бројот на туристи во земјава расте, предизвикот останува ист. Како Македонија да не остане само попатна станица, туку место во кое што туристите ќе се задржуваат подолго и ќе најдат причина повторно да се вратат..

Природата, културното наследство и гостопримството се само дел од она што најмногу ги воодушевува странските туристи, вели претседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Димитар Кавранов. Но вели, позитивните впечатоци понекогаш остануваат во сенка да проблемите со хигиената и слабата инфрастуктура која води до најпосетуваните туристички дестинации во земјава. Токму овие проблеми се оние на кои надлежните институции треба да посветат повеќе внимание, смета Карванов.

„ Вие ако сакате да стигнете на Матка во сабота или недела, тоа е мисија невозможна, затоа што таму има многу автобуси, па не може да се заврти, па дури не може ни да се стигне. И сега сето тоа го занемаруваме со останатите убавини коишто се секогаш пред нас. Во најголем случај си одат задоволни меѓутоа не исклучуваат да забележат дека има ѓубре, дека влезот на Старата скопска чаршија е руиниран долу на патосот и така натаму и така натаму. Во летно време кога ќе го пројдете Камениот мост тука мириса.. Ние го пишуваме тоа на разни места, го пријавуваме, меѓутоа дојдовме до сознание дека се додека за тие работи се грижат во институциите лојални, а не компетентни лица, се дотогаш ние ќе имаме глуви уши.“

Сепак, Кавранов вели дека Македонија е меѓу најповолните туристички дестинации во Европа, а нивните искуства покажуваат дека туристите цените ги оценуваат како пристапни..Особено позитивни впечатоци вели, оставаат домашната храна и вино, гастономски потенцијал кој според него државата треба многу повеќе да го искористи во промоцијата на Македонија како туристичка дестинација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер