Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаВо Гевгелија третпат се одржа инклузивната трка „Run Together“ Во Гевгелија денеска по третпат се одржа трката „Run Together“ (’Трчаме заедно‘) - трка на солидарноста, пријателството и инклузијата, како што нагласуваат организаторите.Рутата е долга еден километар, а трката почна во 12:30 часот. Подоцна дента се одржаа и четири детски трки, а утре треба да се одржат уште две трки - од пет и 10 километри. Фондацијата „Ице Бегов“, една од организаторите на настанот, е крстена по Ице Бегов - младо момче со попреченост од Гевгелија, кое починало за време на корона-пандемијата. Тој, со својата посебна енергија, сакал секој во неговото присуство да се почуствува среќен, мирен и спокоен, а пак, следејќи ја неговата хуманост, ведар дух и добрина, се вели, Фондацијата ја продолжува неговата мисија. Целта на организаторите е подигање на свеста за лицата со попреченост, за нивните права, и за нивна целосна вклученост во општеството и секојдневниот живот. За многумина, ова не е само трка - ова е празник на хуманоста, емпатијата и заедништвото, велат организаторите. Настанот е организиран во соработка со Атлетски клуб „7 Ноември“ - Гевгелија и со поддршка на Општина Гевгелија и спонзорите. Според Фејсбук-страниците на Фондацијата „Ице Бегов“ и АК „7 Ноември“, во трката се пријавиле 800 лица со и без попреченост. Тагови: Гевгелија Run Together Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливиПотврдата на кредитниот рејтинг е силен сигнал да продолжиме по истиот пат.Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен сигнал да продолжиме по истиот пат“. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на ФБ. Според министерката стабилност на јавните финансии и поттикнување на економскиот раст се основата на која ја темели економската политика што ја креира и спроведува Владата, а ефектите се гледаат и во економските показатели, а тие се основата за да го задржиме кредитниот рејтинг. „Дали има ефекти покажуваат податоците. Многупати сум напоменала дека бројките се тие што ја отсликуваат фактичката состојба и сега во моментов, но и кога на нив би се навратиле во иднина тие ќе ја отсликаат реалноста“, истакнува министерката Димитриеска-Кочоска. Како што наведува во објавата економски раст во прв квартал 2024 година 1,6% - фактичка состојба од која сме почнале и носејќи одлуки кои сега веќе можам да кажам дека дале ефект придонесоа да имаме во континуитет стапки на економски раст околу и над 3%, а во последниот објавен податок за вториот квартал стапка на раст од 4,3%. Не зборуваме само за еден исклучително добар квартал, туку за континуитет на позитивните економски движења. „Инвестициите, додава во објавата, беше основата на која ја темелиме нашата економска политика. Само во вториот квартал од оваа година бруто инвестициите се зголемени за 16,5%. Тоа е особено важно затоа што покажува каков економски модел сакаме. Модел во кој инвестициите имаат поголема улога во создавањето на растот. Зад ова стојат забрзаната реализација на големите капитални и инфраструктурни проекти, проекти во општините за локален економски развој, но и инвестициската активност на домашниот приватен сектор. Градежништвото бележи раст од 21,9%, индустријата 3,9%, а преработувачката индустрија 4,1%. Услужниот сектор расте за 2,4%, со позитивни движења во повеќе дејности. Во вториот квартал извозот на стоки и услуги реално расте за 10,4%“, наведува министерката за финансии и додава дека ова е особено важно за Владата бидејќи станува збор за резултати постигнати во една голема глобална неизвесност, а имајќи предвид дека Македонија е мала и отворена економија и под силно влијание на случувањата на глобално ниво, а особено во Европа. „Сето ова се показатели и резултати од политиките на оваа Влада, Влада којашто од друга страна има многу внимателен и сериозен пристап во управувањето со јавните финансии и балансирање помеѓу потребата од реализација на инвестиции и истовремено спроведување фискална консолидација“, посочува министерката и додава дека јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2026 година е 58,8% од БДП, односно 10,726 милијарди евра и дека во однос на првиот квартал е намален за 0,1 процентен поен, односно за 21 милион евра, додека во однос на крајот на 2025 година е намален за 0,6 процентни поени, а во однос на крајот на 2024 година е намален за 2,6 процентни поени. Министерката како што истакнува во објавата ова се факти кои го покажуваат нашиот сериозн пристап кога станува збор за менаџирање со обврските, односно да обезбедиме средства за развој, но и навремено да обезбедиме средства за да ги вратиме старите долгови. „Во вториот квартал од оваа година исплативме над 300 милиони евра за сервисирање на дел од еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа еврообврзница беше сервисиран уште во првиот квартал. Но за поцелосна слика да имаме за какви обврски станува збор и обврски кои оваа Влада ги враќа и треба да ги врати во наредниот период посочуваат следните податоци - од втората половина на 2024 година до денес Министерството за финансии има сервисирано обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра или поконкретно 786 милиони евра во втората половина на 2024 година, 2,198 милијарди евра во 2025 година и 1,571 милијарди евра во 2026 година. Дополнителен притисок на ова се и каматите кои се во износ од 350 милиони евра“,наведува министерката. Според неа тоа е реалноста со која се соочува Владата. „Денес, продолжува во објавата, истовремено плаќаме камати и раздолжуваме обврски создадени во минатото. Држава која не ги сервисира своите обврски плаќа многу повисока цена преку повисоки камати, нарушен кредитен рејтинг и поскапо финансирање за целата економија, затоа остануваме на определбата да балансираме помеѓу инвестициите, фискалната консолидација и навремено обезбедување средства за сервисирање на обврските. Нашата определба за фискална консолидација е јасна и таа останува непроменета. Но, консолидацијата мора да биде постепена, кредибилна и усогласена со економскиот циклус“, стои во објавата на ФБ на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУкраина: Подготовка за најлошото сценариоУкраина е подобро подготвена за можни руски напади врз нејзината енергетска мрежа отколку што беше минатата зима, иако е невозможно целосно да се заштити секој објект, рече премиерот Сергеј Коретски.Коретски рече дека владата развила сеопфатен план за отпорност и подготвува механизми за одговор, од основни вонредни состојби до најтешки кризни сценарија. „Зимата ќе биде тешка - немам ништо ново да додадам на тоа. Но, ние немаме друг план освен да ја поминеме оваа зима со достоинство“, рече Коретски. Коретски рече дека руските сили продолжуваат да вршат интензивни воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура, што ја прави целосната физичка заштита невозможна. Сепак, тој нагласи дека искуството од претходната грејна сезона значително ја зголемило подготвеноста на земјата. „Русија може да го гледа тековниот период и зимската сезона како можност за брз притисок врз Украина“, објасни Коретски, додавајќи дека владата има намера да се справи со наредните месеци преку внатрешна координација и континуирана помош од меѓународните партнери. Според премиерот, клучот за стратегијата на Украина за претстојната зима е децентрализацијата на критичните комунални системи и мрежи од кои зависи основниот живот, на регионално, градско и окружно ниво. Целта е да се спречи локализирана штета што ќе предизвика колапс на целата електрична мрежа. Извор: Б92Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДимитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нискиот и уличарски речник на СДС – доказ дека талогот е целосно поразенНискиот и уличарски речник на СДС е само опис на состојбата во која се наоѓаат Венко Филипче и неговото раководство, кои несомнено го претставуваат талогот во општеството.СДС и Венко Филипче не пропуштија прилика да пропуштат прилика за да демонстрираат државотворност и политичка зрелост. Тие дури отидоа против прославата на 35 години независна држава. Тие директно се спротивставија на илјадници луѓе кои беа дел од прославата и кои ја поддржаа. Со нивните небулозни тврдења за некаков криминал, и покрај целата отчетност и транспарентност, само покажуваат колку се ситнодушни и без идеја во политичкиот настап. За крај, ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на светски познатиот диџеј Дејвид Гета за Македонија, името кое, патем, СДС го промени. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter