Во Германија се појави африканска свинска чума - Канал 5

Во Германија се појави африканска свинска чума

Првиот случај на африканска свинска чума е потврден денеска во Германија, објави федералната министерка за земјоделство Јулија Клокнер.

Во Германија се појави африканска свинска чума

„За жал, сомнежот во првиот случај на африканска свинска чума е потврден“, рече Јулија Клокнер откако Институтот Фридрих Лофлер потврди дека дива свиња пронајдена во близина на германско-полската граница починала од африканска свинска чума.

Надлежниот институт соопшти дека во областа каде е пронајдена мртвата дива свиња, „се бараат нови случаи“.

Во последните месеци, случаи на свинска чума се откриени во западна Полска, балтичките земји и Бугарија и Романија.

Африканската свинска чума е безопасна за луѓето дури и ако се консумира месо од заразено животно, но, како што истакна министерката Клокнер, тоа е „во 100 проценти од случаите“ смртоносно кај свињите, диви и домашни.

Земјоделските здруженија во сојузната држава Бранденбург, каде е пронајдена мртвата свиња, стравуваат од ограничувања и забрана за продажба на свинското месо.

„Сега најважно е да се избегне најлошото и да се спречи ширењето на инфекцијата кај свињите во фармите“, рече Хенрик Вендорф, претседател на Здружението на земјоделци во Бранденбург.

Федералното Министерство за земјоделство објави дека е во контакт со Европската комисија, како и со кинеските власти. Кина е позната како најголем увозник на свинско месо од Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат партиските препукувања по извештајот на Европската комисија за владеењето на правото

Сите владејачки елити во изминативе три децении имаа повеќе или помалку директна вина за состојбите во правосудството и потребни се коренити, не само декларативни, реформи за независна трета власт.

Продолжуваат партиските препукувања по извештајот на Европската комисија за владеењето на правото

Сите владејачки елити во изминативе три децении имаа повеќе или помалку директна вина за состојбите во правосудството и потребни се коренити, не само декларативни, реформи за независна трета власт, сметаат дел од политичките аналитичари по последниот извештај на ЕК за владеењето на правото во земјава. Според Благојче Атанасовски државата ќе продолжи да тапка во место се додека не се покаже вистинска иницијатива за длабоки промени за право и правда. Фокусот за поголем буџет во правосудството според него не треба да биде само за платите на судиите и обвинителите туку и за админинистративните работници кои носат голем дел од товарот за ефикасно спроведување на предметите, а немаат достоинствени плати и кадар.

-Генерално секогаш состојбите во правосудството биле нотирани дека се лоши и незадоволителни за Македонија да ги исполни критериумите за членство во самата ЕУ. Политички фолклор се обвинувањата меѓу власта и опозицијата кој повеќе направил штета и политизација на правосудните органи. За жал нашите владејачки елити во овие 35 години не сфатија дека правосудната власт треба да биде независна и трета власт и поради тие натрупани состојби ние добиваме вакви катастрофални извештаи. Не станува збор само за платите на судиите и обвинителите кои се за македонски услови навистина високи. Во целиот тој судско- обвинителски систем и повеќе од 80 проценти од вработените не се судии и обвинители и навистина работат за мали плати, би рекол дури и ужасни за македонски стандарди и постојано се нотира дека има дефицит на таков административен кадар, изјави Атанасовски.

А партиите и денеска продолжија со меѓусебни прозивки за состојбите во правосудството. Откако премиерот Мицкоски вчера извештајот го оцени како најдобар од сите споредено со претходно кој содржи и пофалби и критики, но беше дециден дека и покрај забелешките, Владата нема да даде повеќе пари за судството и обвинителството се додека не испорачаат резултати, од СДСМ реагираат дека ваквата изјава е, како што велат, директно политичко влијание врз правосудството, а извештајот на ЕК, според нив, е европска дијагноза за заробеното правосудство од власта на ВМРО-ДПМНЕ.

-Чувствата“ на премиерот Христијан Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава. Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци. Брисел директно алармира дека изјавите на претставници на власта, вклучително и на премиерот, создаваат притисок врз независноста на правосудниот систем, изјави Наумовски од СДСМ.

Судиите да почнат да испорачуваат правда, очекуваат и од партијата на Павле Трајанов. Од Демократскиот сојуз оценуваат дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, но независноста на судството, како што велат, не смее да биде злоупотребена како заштита од одговорност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За кого ќе навиваат вечерва македонските граѓани - Шпанија или Аргентина?

За кого ќе навиваат вечерва македонските граѓани, Шпанија или Аргентина? 

За кого ќе навиваат вечерва македонските граѓани - Шпанија или Аргентина?

Во видеото погледнете ги одговорите на дел од нив за тоа кон која репрезентација имаат најголеми симпатии

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија и Аргентина во големото финале - светот денеска добива нов фудбалски владетел

Повеќе од еден месец светот пулсира во ритамот на буба марата. 

Шпанија и Аргентина во големото финале - светот денеска добива нов фудбалски владетел

По 103 одиграни средби вечерва планетата ќе го добие освојувачот на 23 мундијалска фудбалска круна и владетелот во светскиот фудбал во следните 4 години.

За највредната круна во фудбалот по прв пат во историјата ќе играат актулните континентални шампиони на Јужна Америка и Европа, бранителот на светскиот трон Аргентина и најдобриот тим од Стариот континет Шпанија.

Домаќин на првиот судир на двете најдбри екипи на планетата во последните неколлку години е стадионот Метлајф во Њу Џерси.

Големото финале е закажано за 15 часот по локално време или 21 часот по македонско.

Пресметката во Њу Џерси се најавува и како судир меѓу најдобриот светски фудбалер волшебникот од Аргентина Лео Меси и неговиот легитимен наследник тинејџерската сензација од црвената фурија Ламин Јамал.

Кој ќе биде освојувачот на титулата на рекордниот мундијал по многу категории како, најмногу учесници, 48, најголем број на одиграни средби 104 но и најголема добивка шампионот добива 50 милиони долари, ќе дознаеме вечерва околу полноќ по крајот на големата пресметка Шпанија- Аргентина по која ќе биде спуштена завесата на 23 светски фудбалски шампионат чии одлични домачини се САД, Канада и Мексико.

Големото финале само по себе е меч за историја но тоа е интересно и поради фактот што ова ќе биде првата пресметка на светски првенства меѓу Шпанија и Аргентина по пауза од 60 години. Лутите ривали имаат одиграни 13 пријателски средби со максимално изедначен биланс по 6 победи и едно реми.

Последен и досега единствен пат на Шампионатите „црвената фурија“ и „гаучосите“ играле на Светското првенство во Англија во 1966 година. Тогаш, Аргентина победи со 2:1 сега избраниците на Де Ла Фуенти сигурно посакуваат реваш вреден втора титула за Шпанија во историјата. Аргентина пак атакува на 4 фудбалска круна, меси и другарите се учесници на три финалиња на последните 4 Мундијали.

Инаку големото финале кое ќе биде според сите американски стандарди, како Супер болот со настап на светски музички ѕвезди на полувремето поставува нови стандарди во „нефудбалска“ Америка.

На целиот континет владее вистинска треска за фудбалот се бара карта повеќе за стадионот МетЛАЈФ, на црната берза најскапите билети се продаваат за неверојатни 100 илјади долари.

Инаку синоќа во мечот на т.н губиници во малото финале меѓу Франција и Англија, по спектакуларна голеада бронзениот медал заврши на градите на фудбалерите од Гордио Албион кои славеа со резулат од 6-4.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер