Во Германија приведени десет лица поради шверцување на луѓе од Кина

Во денешната рација на полицијата во западниот и јужниот дел на Германија приведени се десет лица осомничени за поврзаност со група за шверцување луѓе од Кина.

Приведените се сомничат дека ги искористиле специјалните германски имиграциски правила да добијат дозволи за престој за околу 350 кинески државјани во замена за стотина илјади евра.

Германскиот весник Билд објави дека неколкумина вработени во имиграциските канцеларии примиле мито.

Рациите беа извршени во сојузните германски покраини Северна Рајна-Вестфалија, Шлезвиг-Холштајн, Хесен, Рајна-Пфалц, Баден-Виртемберг и Баварија, како и во градовите Берлин и Хамбург. Истрагата се фокусираше на Северна Рајна-Вестфалија, каде се приведени десетте осомничени, меѓу кои и двајца адвокати. /МИА

Силен земјотрес во Србија

Силен земјотрес Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:42 часот во Кладовскиот регион, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека земјотресот е почувствуван во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор,Белград како и во други градови во источна Србија, а некои велат дека е почувствуван и во Ниш.

Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.

Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација

 Вулканот Маунт Руанг во Индонезија денеска повторно еруптираше, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво и наредија итна евакуација во радиус од шест километри.

Ерупцијата на Маунт Руанг, кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, предизвика облаци од пепел и чад во висина од 2.000 метри, соопшти геолошката агенција на Индонезија.

Агенцијата ги повика жителите во погодените области да ги следат наредбите за евакуација и да носат маски за заштита од пепел.

Последната ерупција следува по зголемената вулканска активност која почна во средината на април.

Индонезиските власти претходно издадоа предупредување за цунами и го подигнаа нивото на тревога за вулканот откако имаше повеќекратни големи ерупции, исфрлајќи пепел високи до висина од 3.000 метри.

Тие ерупции ги натераа воздухопловните власти да го затворат аеродромот Сем Ратуланги во Манадо, кој се наоѓа на околу 100 километри од вулканот, за да ги заштитат летовите од опасната вулканска пепел.

Вулканот висок 725 метри е еден од најактивните во Индонезија. Последната голема ерупција на Маунт Руанг се случи во 2002 година, генерирајќи пирокластични текови кои предизвикаа штета на околината.

Во Индонезија, сместена на Пацифичкиот „Огнен прстен“, често има сеизмичка и вулканска активност.

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест.

Причина за незадоволството кај работниците велат дека е неусогласувањето на платите со растот на минималецот, а бараат и разрешување на управниот одбор на Фондот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

притисни ентер