Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс - Канал 5

Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс

Во Германија за првпат е откриен новиот клад 1b варијанта на вирусот мпокс, соопшти денеска Институтот Роберт Кох (РКИ), пренесе ДПА.

Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс

Првиот случај на кладот 1b варијантата на мпокс надвор од африканскиот континент беше потврден во Шведска во средината на август.

- РКИ во моментов не прогласува зголемен ризик од кладот 1 вируси во Германија, но ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе ги приспособи своите препораки доколку е потребно, објави институтот на својата веб-страница.

Симптомите на мпокс вклучуваат типичен осип и често општи симптоми како треска, главоболка и мускулна болка. Фаталните случаи се ретки, особено во земјите со добри стандарди за лекување.

Се смета дека кладот 1b е потежок од кладот 2b и постојат сомневања дека е позаразен. Сепак, експертите за јавно здравје предупредуваат дека во моментов нема доволно веродостојни податоци за варијантата.

Инфекции од другата варијанта на вирусот мпокс, клад 2b, се откриени во многу земји, вклучително и Германија од мај 2022 година.

Според РКИ, во Германија не се регистрирани смртни случаи од мпокс. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова анкета: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ, Мицкоски далеку пред Филипче

ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност перед СДСМ, а премиерот Мицкоски со четири пати поголема доверба од Филипче, покажува последното испитување на јавното мислење спроведено од Маркет вижн за Мкд.мк. 

Нова анкета: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ, Мицкоски далеку пред Филипче

Најголем број од испитаниците 20,5 отсто се изјасниле дека на наредните избори ќе го дадат својот глас за партијата ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ 6,2 отсто за СДСМ, пет проценти од анкетираните би гласале за ДУИ, нешто над 4 проценти за ВРЕДИ, 3 отсто за Левица и 1.5 проценти за Дижењето ЗНАМ.

28 проценти се изјасниле дека нема да излезат на гласачките места, а околу 11 отсто не сакале да откријат за кого ќе го дадат својот глас. Процентуално од оние кои откриле речиси половина би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 15 проценти за СДСМ, 12 за ДУИ, 10 проценти за ВЛЕН.

Анкетата покажува дека најголема доверба меѓу лидерите ужива Христијан Мицкоски со 23,3 проценти. Зад него е лидерот на ДУИ Ахмети во кого доверба имаат 5,5 проценти од испитаниците, додека првиот човек на СДСМ Филипче е на третото место и за него се изјасниле 5,1 отсто од испитаниците. Интересно е и што копретседателите на ВЛЕН Изет Меџити и Билал Касами заедно имаат поголем рејтинг од Ахмети – Меџити 4 проценти, а Касами 2 ипол.

Според премеирот Мицкоски неговиот висок рејтинг, како и рејтингот на партијата не ги гледа како мотив за барање предвремени паралементарни избори, но не ја исклучи таквата можност доколку тоа го побараа другите партии.

Во анкетата испитаниците биле прашани да се изјаснат и за евроинтеграциите, при што високи 80,3 проценти од испитаниците одговориле дека се за влез на Македонија во ЕУ со статус на земја набљудувач и без право на вето, модел за кој се погаласно се разговара во рамки на Унијата. А против ваквиот модел за членство се изјасниле само 8,4 проценти од испираниците.

Од СДСМ пак реагираат дека анкетата била нарачана бидејќи власата била во паника поради тоа што можела да се справи со катастрофалната состојба во економијата.

Анкета на Меркет вижн е спроведена телефонски на 1.200 испитаници во период од 10-ти до 27-ми јуни. Ваквото истражување на јавното мислење доаѓа на две години од мандатот на оваа Влада и во момент на реконтрукција на валадиниот состав и промени во осум ресори.

За предложените минстерски имиња пратениците ќе се изјаснат в понеделник на пленарна седница закажана за во 11 часот. Од СДСМ пак велат дека она што власта го претставува како „освежување“ на владиниот состав, го оценуваат како чист политички театар во кој се менуваат министрите, но не и политиките.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турски комичар се соочува со четири години затвор за навреда на Ердоган

Турски суд во петокот нареди притвор на комичарот Дениз Гокташ, додека се чека почетокот на неговото судење по обвинението за навреда на религиозните вредности и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Турски комичар се соочува со четири години затвор за навреда на Ердоган

Гокташ беше приведен на главниот аеродром во Истанбул во четврток по враќањето од странство, неколку дена откако обвинителите започнаа истрага за неговиот стендап настап кој беше гледан милиони пати на интернет. Државната агенција Анадолија објави дека тој е официјално уапсен по сослушувањето пред обвинителите во петок.

Контроверзната изведба беше снимена минатиот месец во Истанбул и собра околу 9,5 милиони прегледи откако беше објавена на youtube на 24 јуни. Провладиниот весник „Сабах“ објави дека десетици гледачи поднеле жалби за шегите за религијата, што доведе до истрага.

За време на сослушувањето, Гокташ, 32-годишен комичар, рече дека немал намера да ги омаловажува религиозните вредности или да го навредува претседателот и дека неговиот пристап бил сатиричен. Во врска со шегата во која го опиша ердоган како „срамежлив диктатор“ кој станал некој „сигурен во својот идентитет“, тој рече дека тоа е тема за која се дискутира нашироко во Турција, објави порталот Бианет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милошоски: Позитивната оценка од Европската комисија е потврда за успешните реформи

Денес сакаме да ја потенцираме важноста на месец јули и за Македонија, но и за проценките коишто Европската комисија ги прави за сите земји кандидати.

Милошоски: Позитивната оценка од Европската комисија е потврда за успешните реформи

Нашите информации говорат дека проценката на Европската комисија за Македонија е позитивна заедно со Албанија и Црна Гора, додека другите земји кандидати од регионот имаат назадување споредено со Реформската агенда, односно Планот за раст утврден од Европската комисија.

Оваа потврда на Европската комисија дека Македонија ги спроведува реформите од Реформската агенда е голем мотив да продолжиме и да го забрзаме овој пат. Но исто така оваа потврда е демант на спиновите коишто ги шири Венко Филипче дека Македонија не исполнува реформски цели.

Оттука би сакале да апелираме до претседателот на СДС, Филипче барем овој месец јули да биде попрагматичен и да ги стави интересите на државата на прво место и да најде начин како да ги уважи и интересите на македонските граѓани во дијаспората и Реформската агенда којашто заеднички е утврдена од многу политички актери и да се усвои Изборниот законик, бидејќи Изборниот законик е дел од Реформската агенда, а она што досега го имаме договорено во работната група во Министерството за правда е резултат на еден широк прагматичен консензус каде што никој не наметнувал било какво решение, напротив, сме стигнале до заеднички јазик согласно одредени стандарди предвидени од ОБСЕ и ОДИХР.

Исто така ја поздравуваме заложбата на Европската комисија, исполнувањето на реформските цели да биде поврзано и со алокацијата или распределбата на средства за одредени земји кандидати.

Во тој контекст очекуваме во текот на месец јули или крајот на месец јули да имаме веќе и предлог за дел од средствата коишто припаѓаат на земји кандидати коишто заостануваат со реформските агенди, да бидат прераспределени кон земји коишто предничат во исполнувањето на реформскиот план, а тоа се Македонија, Албанија и Црна Гора.

И на крајот би сакале да се заблагодариме и на делегацијата на Европската комисија во Скопје и на амбасадорот Рокас и на неговиот тим, којшто на дневна основа во соработка со сите министерства и надлежни институции, даваат добри совети и препораки како Реформската агенда заеднички да ја движиме напред и со тоа да ја задржиме оваа позиција на земја фронтранер во Западниот Балкан по однос на перцепцијата на Европската комисија.

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер