Во Германија минатата година регистрирана рекордна имиграција, најголем дел од Украина - Канал 5

Во Германија минатата година регистрирана рекордна имиграција, најголем дел од Украина

Германија минатата година регистрирала најголем прилив на население од војната, а најголем број имигранти се бегалци од Украина, објави денеска Државниот завод за статистика во Визбаден.

Во Германија минатата година регистрирана рекордна имиграција, најголем дел од Украина

„Во 2022 година, во Германија имало за 1.462.000 повеќе лица кои имигрирале отколку што емигрирале, а најголемиот број, околу 1,1 милион, се државјани на Украина“, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика.

Забележлив пораст на имиграцијата повторно е забележан од Сирија (68.000), Авганистан (55.000) и Турција (49.000).

Истовремено, забавена е имиграцијата од земјите на Европската унија. Најголем број странци од Европската унија во 2022 година пристигнале од Романија (35.000), Полска (18.000) и Бугарија (13.000).

Последната статистика покажува и зголемена миграција во самата Германија.

Најголем прилив на жители е забележан во сојузната покраина Бранденбург, каде што 14.000 лица се преселиле од Берлин (кој е опкружен со Бранденбург), што е поврзано со се повисоките цени на становите во Берлин.

Кога станува збор за преселба во странство, германските граѓани најчесто ги избираат Швајцарија, Австрија и САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев

Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој си ги прати “децата“ од СДС да прават инциденти во Ново Село.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев

СДС е во паника, а Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој продолжи со истите политики на предавства креирање насилни инциденти и тензии.

Филипче и СДС немаат понуда што ќе одговори на реалните проблеми на граѓаните и во отсуство на визија, стратегија и јасен план се свртија кон импровизации, глумење жртви и креирање насилни инциденти.

Филипче е нервозен бидејќи вистината излезе на виделина и целата јавност ги виде лицата на “децата“ на СДС кои ги прати да направат инцидент во Ново Село за време на посетата на претседателот Мицкоски.

Филипче исто како и Заев е опкружен со насилници, тепачи и наркомани. Ефтимов и Стојанов кои се обидоа да направат инцидент во Ново Село се насилници и тепачи со криминално досие, двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвинички претепале туристи во Струмица, и токму затоа Филипче ги одбрал нив.

Криминалци, тепачи, насилници и наркомани, тоа е матрицата на СДС која Филипче ја претставува како „децата“ на Македонија, но тоа никако не смее да биде иднината на Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија добива нов претседател

Се очекува унгарскиот парламент денес да го избере Андраш Бака – поранешен претседател на Врховниот суд разрешен од Виктор Орбан – за нов претседател на државата. 

Унгарија добива нов претседател

Со овој потег, проевропскиот конзервативен премиер Петер Маѓар има за цел да го ослаби преостанатото влијание на неговиот претходник врз државните институции, пренесува „Франс 24“ (France24).

Функцијата претседател остана испразнета по контроверзното разрешување минатиот месец на Тамаш Шуљок, поранешниот претседател и сојузник на Орбан.

Владејачката партија „Тиса“ на Маѓар во саботата го номинираше Бака за оваа улога, која има главно церемонијален карактер. Бака претходно 17 години служел како судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Маѓар изјави дека животот на Бака е „пример за посветеност на демократското владеење на правото и уставните начела“ и нагласи дека Унгарија мора „да се врати на патот на владеењето на правото и уставноста“.

Партијата „Тиса“ има двотретинско мнозинство во парламентот, што е доволно 73-годишниот Бака да биде избран уште во првиот круг, без поддршка од опозицијата.

Гласањето во парламентот започнува во 14 часот.

Мандатот на претходниот претседател Суљок беше скратен со уставен амандман како дел од реформите на Маѓар.

Партијата „Тиса“ на Маѓар победи на изборите во април, ставајќи крај на 16-годишното владеење на националистите на Орбан, со ветување за „промена на системот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Садикова: Предизвик е музиката за пијано да се свири на харфа

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер имаше ретка можност да ужива во богатата колористична и лирска звучност на харфата врз која совршено владееше младата но виртуозна руско-американска уметница Алиса Садикова. 

Садикова: Предизвик е музиката за пијано да се свири на харфа

Садикова е редок пример на талентиран харфист, а нејзиниот уметнички раст е видлив уште од раната возраст кога дебитирала на светската музичка сцена. Тоа го потврдија и присутните на синоќешниот концерт кои уживаа во секој звук од харфата и ја наградија уметницата со громогласни ракоплескања.

-Првото дело со кое ја започнав вечерта беше Токата и фуга од Бах која е транскрипција за харфа на Белов, потоа продолжив со кинеска музика, свирев два става од Свитата Бергамаск од Клод Дебиси, првиот Прелудиум и познатата Клер де Лун. На програмата беа Париш Алварс со многу убави варијации на теми од операта „Норма“ на Белини, Шопен со Фантазија- импромпту, исто така транскрипција за харфа и продолжив со Мануел де Фаља, за програмата да ја завршам со Беджих Сметана и Фантазија за харфа од „Влтава“ односно со транскрипцијата за харфа од Трнечек, рече извонредната харфистка Садикова.

Според неа, убаво звучи, но истовремено е и предизвик музиката за пијано да се свири на харфа.

-Сакам музика за пијано и сметам дека таа звучи многу убаво на харфа. Мислам дека звучи поинаку, но сепак е премногу убаво на харфа. Секако,изведбата на пијано е многу полесна отколку на харфа поради педалите и промената на хармониите. Тоа е голем предизвик. Целата црква е преубава, го сакам звукот на харфата во неа, секоја нота звучи совршено. Секој човек многу убаво ќе ја слушне харфата овде, без да се користи микрофон, додаде Садикова.

Родена во Санкт Петербург, Алиса Садикова започнала да учи хафра во класата на Карина Малееве во Специјалната школа за талентирани деца при Конзерваториумот „Н. Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург. Образованието го продолжила како стипендист на Фондацијата „Салви“ во школата „Кембриџ музика мунди“ во Белгија, во класата на Кетрин Мишел, а потоа и на престижната школа „Џулијард“ во САД каде дипломирала минатата година. Во моментов е запишана на постдипломски студии во класата на Ненси Ален на „Џулијард“ со стипендија од Фондацијата „Ковнер“.

Во нејзината биографија се впишани повеќе од 20 први награди од интернационални натпревари што ја прави една од најнаградуваните харфистки на денешницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер