Во Франција за првпат во јавност кампања против инцест - Канал 5

Во Франција за првпат во јавност кампања против инцест

Француската Влада ја почна првата кампања против инцест во земјата, а за оваа табу-тема неодамна проговорија актерката Емануел Беар и ќерката на поранешниот министер за надворешни работи.

Во Франција за првпат во јавност кампања против инцест

- Првпат една влада го користи зборот „инцест“ во кампања и првпат зборува за ова сексуално насилство во семејството, рече државната секретарка Шарлот Кобел и додаде дека секоја трета минута во Франција некое дете е сексуално злоупотребувано.

Националната кампања, која почна вчера на социјалните мрежи и во медиумите пред да се појави на јавни места и во кино, се занимава со тема која долго време е исклучена од јавната дебата во Франција.

Така, во последната владина кампања за криминалот врз децата, која датира од 2002 година, не се споменуваше инцест.

Оттогаш, темата се наметна во Франција, прво благодарение на книгата 2021 на ќерката на поранешниот министер и ко-основач на невладината организација Лекари без граници, Бернар Кушнер.

Во книгата Камиј Кушнер го опишува инцестот што го претрпел нејзиниот брат во 80-тите, кој бил малтретиран од неговиот очув, познатиот политиколог и јавна личност Оливие Диамел.

Диамел подоцна ја признал злоупотребата, но истрагата не била покрената поради застареноста на настанот.

Аферата, сепак, доведе до формирање на независна комисија за инцест и сексуално насилство врз деца, која ги повика државните власти да дејствуваат.

Актерката Емануела Беар неодамна во документарна програма на телевизија изјави дека била жртва на инцест на возраст од 10 до 14 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца!

Изјавата на министерката за образование дека оваа учебна година ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку е најтешката оценка за политиките на Владата. 

ЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца!

Ова не е само статистика, ова е аларм дека Македонија забрзано се празни.

Додека министерката се обидува да ја претстави државната матура како успех, вистинското прашање е: кому ќе му предаваме утре, ако секоја година имаме илјадници деца помалку?

Не може да се зборува за успешен образовен систем кога училиштата остануваат без ученици, а младите ја напуштаат државата.

Демографскиот пад е директна последица на погрешните политики, економската несигурност, недовербата во институциите и отсуството на визија. Секоја година со помалку првачиња значи помалку млади луѓе, помалку работна сила и послаба иднина за Македонија.

Либерално-демократската партија предупредува дека ова не смее да се третира како обична бројка во извештај. Потребна е итна национална стратегија за демографска обнова и поддршка на младите како и донесување на конкретни мерки за создавање услови за граѓаните да останат и да ја градат својата иднина дома.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерот за здравство се сретна со претставници на ХЕМА-ОНКО

Заменик-министерот за здравство,  Јовица Андовски, одржа работна средба со претставници на Здружението ХЕМА-ОНКО – здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата Пеперутки.

Заменик-министерот за здравство се сретна со претставници на ХЕМА-ОНКО

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, одржа работна средба со претставници на Здружението ХЕМА-ОНКО – здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата Пеперутки, на која се разговараше за актуелните потреби на пациентите и за унапредување на здравствената заштита.

Во фокусот на средбата беше новиот Закон за лекови, при што претставниците на здружението ги изложија своите препораки и предлози. Заменик-министерот истакна дека пациентските организации треба да бидат активно вклучени во креирањето на политиките и законските решенија што непосредно ги засегаат пациентите.

Соговорниците дискутираа и за можностите за продлабочување на соработката со Канцеларијата на Светската здравствена организација, со цел примена на меѓународните искуства и добри практики, подобрување на планирањето и градење поефикасен и поодржлив здравствен систем.

На средбата беше разгледана и состојбата со онколошката терапија, како и мерките што се преземаат за надминување на долгогодишните предизвици со кои се соочуваат пациентите. Беше посочено дека е обезбедено рекордно зголемување на буџетот за онкологија и дека се работи на подобрување на достапноста и континуитетот на терапијата.

За лековите кај кои беа регистрирани доцнења веќе се преземени конкретни мерки. Дел од испораките се реализирани, за дел се склучени нови договори, а за останатите се обезбедуваат привремени решенија до целосно нормализирање на состојбата.

Дополнително, се разговараше за навремената дијагностика, подобрата информираност на пациентите, поедноставувањето на административните постапки и за другите предизвици во остварувањето на правата од здравствена заштита.

Заменик-министерот нагласи дека Министерството за здравство останува отворено за редовна, суштинска и транспарентна соработка со ХЕМА-ОНКО, групата Пеперутки и со сите пациентски организации.

„Пациентите и нивните претставници се наши партнери во создавањето подобар здравствен систем. Преку отворен дијалог и заедничка работа ќе продолжиме да создаваме системски, одржливи решенија, во кои пациентот ќе биде во центарот на секоја одлука“, истакна заменик-министерот Андовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност

Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност.

Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност

Документите кои ги споделувавме во јавноста од испитувањата, покажуваат дека во времето на СДС и Венко Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во различни населени места низ државата, како и во Гостивар.

Но, денес се поставува едно уште поважно прашање, а тоа е дали некој од тогашната власт побара одговорност? Дали некој директор бил разрешен? Дали некој градоначалник бил повикан на одговорност? Одговорот е не.

Додека СДС беше на власт, проблемите се оставаа да се таложат, а граѓаните никогаш не добија отчет што било преземено по сите тие наоди и анализи.

Денес, истите тие луѓе се обидуваат да држат лекции за одговорност.

Талогот од СДС и предавникот Венко Филипче треба да им одговорат на граѓаните, зошто со години немало институционална одговорност за случаите на небезбедна вода и што конкретно презеле за тие проблеми да бидат отстранети.

Граѓаните заслужуваат одговори, а не политичка селективност.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер