Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
2МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КултураВо Филдовиот музеј во Чикаго е отворена изложбата „Првите кралеви на Европа“Македонските артефакти од изложбата „Првите кралеви на Европа“ ја ставаат земјава во фокусот на ексклузивен културен настан во Северна Америка. Во Филдовиот музеј во Чикаго е отворена изложбата „Првите кралеви на Европа“, во која со свои раритетни предмети од неолитот учествува и нашата држава. Од музејот ги повикуваат посетителите да нурнат во историјата преку артефактите кои за првпат се претставуваат на едно место, и да патуваат назад во 5000-те година пред нашата ера до железното време за да осознаат како воините се претворија во кралски членови и засекогаш ја променија структурата на општеството. Македонските претставници на оваа ексклузивна збирка од 700 предмети, координирана од Гоце Наумов, доаѓаат од НУ Завод и музеј – Битола, НУ Музеј – Гевгелија и НУ Завод и музеј – Прилеп. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита овој успех на македонската археологија и посочи дека е голема привилегија што имаме 20 предмети од предисторијата кои се поставени во витрините и се претставени во виртуелната прошетка за првите кралеви и кралици на Европа, покажувајќи ги растежот и менувањето на цивизациите, до последните артефакти на овој проект што ги покажува историјата и културата на балканските земји. -Оваа ексклузивна изложба ни покажа колку е важна инаституционалната соработка во регионот, но и соработката со партнерските институции и фондации во Северна Америка за реализација на ваков проект, кој по своето значење секако ќе остави трајни научни и културолошки вредности за идните генерации, додаде министерката. Изложбата „Првите кралеви на Европа“ е реализирана со поддршка од Амбасадата на САД. Кураторот на оваа изложба, Вилијам Паркинсон, како што посочија од Филдовиот музеј, информира дека изложбата беше спроведена во партнерство со 11 земји, на кои им се приклучија Соединетите Американски Држави и Канада, и 26 различни музеи. -Многу од културните предмети никогаш не биле изложени надвор од нивните земји на потекло, а некои никогаш не биле изложени. Изложбата ‘Првите кралеви на Европа’ е единствена можност да се видат овие културни објекти на едно место“. Паркинсон додаде дека изложбата „зборува за еволуцијата на нееднаквоста. Но, исто така, за еволуцијата на лидерството и луѓето кои, всушност, станаа владетели во тие општества, додаде Паркинсон. Координаторот на изложбата од Македонија, Гоце Наумов, вели дека е голема чест што жртвеникот од Врбјанска Чука е еден од првите и најстари предмети со кои започнува мистичното патување низ балканската предисторија. Освен него, свое катче си имаат енеолитскиот скиптар од Шуплевец и железнодобниот накит од Милци, кои се дел од оваа приказна која буди голем интерес во светот. Директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, зборува за сложеноста на проектот во кој за првпат се соединуваат три наши музеи со сродни институции на Балканот, за прво вакво претставување на предисторијата во Северна Америка. -Овој настан е значаен бидејќи е ова прво претставување на еден сегмент од македонската култура пред пошироката американска јавност. Голема благодарност до сите оние што придонесоа оваа одлична идеја и иницијатива да стане реалност, додаде Стојанова. Македонските раритетни пронајдоци од изложбата „Првите кралеви на Европа“ се дел од турнејата во Северна Америка што почна во 2022 година, во Њујорк, а по Чикаго, ќе заврши во 2024 година во Отава, Канада. „Првите кралеви на Европа“ е резултат на исклучителен културен проект, инициран пред шест години под координација на Музејот „Филд“, а ги презентира најважните праисториски археолошки артефакти од збирките на музејски институции од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Унгарија. Изложбата е структурирана во четири главни делови: Територија пред кралевите: неолитски период; Првата позлатена доба: бакарната доба; Нови патишта на моќта: бронзеното време; Раѓањето на кралското семејство: железната доба. Изложбата „Првите кралеви на Европа“ означува посебен момент на културна соработка меѓу државите од Северна Америка и Југоисточна Европа, во современо време на невидени можности за истражување на почетоците на историјата во овој дел од светот преку нови перспективи. За изложбата се изработени извонреден зборник и каталог, уредени од авторите Атила Гјуча и Вилијам Паркинсон, кои се публикувани од престижната издавачка куќа на Археолошкиот институт „Котсен“ при Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Шоу бизФото: Сидни Свини повторно се соблече И покрај негативните коментари на социјалните мрежи, холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот. Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување. Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите. Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата: Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки. „Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Шоу бизФото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“. Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните. Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен. Изглед што потсетува на раните 2000-ти. Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЕвропаПутин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 денаРускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори. „Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите. -Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена. Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија. Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог. „Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков. Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00