Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки - Канал 5

Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки

Претходниот месец евидентирани се 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен денеска.

Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки

- Во текот на февруари 2025 година, во Република Македонија, пријавени сe вкупно 746 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 40,6 на 100.000 жители. Во текот на месец февруари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 11,3 отсто во однос на претходниот месец јануари 2025, потенцираат од ИЈЗ.

Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на ЦЈЗ е пријавен на територија на ЦЈЗ - Скопје, а најмал број е пријавен во ЦЈЗ - Охрид.

Во текот на февруари, најчесто регистрирано акутно заразно заболување биле овчите сипаници со вкупно 366 пријавени лица. Споредено со претходниот месец, јануари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 32,6 отсто, додека во однос на месец февруари 2024, се регистрира намалување за 44,6 проценти.

Евидентирани биле 22 случаи на инфективна мононуклеоза, 13 случаи на скарлатина, четири случаи на голема кашлица и еден случај на легионерска болест. Пријавени биле 18 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и по еден случај на кампилобактериоза, џардијаза и шигелоза. Имало 68 случаи на шуга и еден случај на бактериски менингит. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, биле регистрирани седум заболени лица - пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б и три случаи на инфекција со хламидија.

Во февруари пријавени биле два случаи потврдени на ХИВ и еден случај на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години.

- Регистриран е еден смртен случај од СИДА, пријавен во 2024 година, додаваат од ИЈЗ.

Од пријавените три случаи на заразни заушки, два припаѓаат во возрасната група од 10 до 14 години, а еден е возрасно лице над 50-годишна возраст. Два од трите случаи се од Скопје, еден е од Куманово.

- Еден од случаите е комплетно вакциниран согласно Календарот за имунизација, а другите два случаи се со непознат вакцинален статус. Трите случаи се клинички потврдени, истакнуваат од ИЈЗ.

Во државава во текот на месец февруари, пријавени биле вкупно седум случаи на Ковид-19, покажуваат податоците на Институтот.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер