Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЕкономијаВо Европа повторно раст на цените на гасотЕвропска Унија го запре увозот на руски гас преку гасоводите, а планира да ја прекине на набавката на ЛНГ. Во моментот гас се набавува главно од САД, Норвешка и Катар.Цените на гасот во Европа денеска повторно се зголемија и го достигнаа највисокото ниво од јануари 2023 година. Растот на цените е поради одлуката на Русија за пренасочување на гасот од европските на азиските пазари и пред забраната за увоз во Европска Унија. Мегават-час гас за испорака во април утрово на референтната холандска дигитална берза ТТФ се тргуваше за 62,51 евра, што е за околу 17 проценти поскап отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела. На самиот почеток на денешната трговија, неговата цена се искачи на 68,63 евра. Во споредба со последниот ден на тргување во февруари, пред нападот на САД и Израел врз Иран, цените на гасот моментално се речиси двојно повисоки, достигнувајќи го највисокото ниво од јануари 2023 година. Цените на гасот се зголемија по американско-израелскиот напад врз Иран на 28 февруари, по што уследија нападите од страна на Техеран врз американските бази во државите во Персиски Залив, а иранската армија во меѓувреме забрани поминување на бродови поврзани со САД, Израел и европските земји низ Ормутски Теснец. На 4 април компанијата „КатарЕнерџи“ ги извести купувачите дека поради „виша сила“ повеќе нема да може да испорачува течен природен гас (ЛНГ) по договорените услови. Катар произведува околу една петтина од светскиот природен гас и е на второ место на листата светски извозници, по САД. Европска Унија го запре увозот на руски гас преку гасоводите, а планира да ја прекине на набавката на ЛНГ. Во моментот гас се набавува главно од САД, Норвешка и Катар. Владата на Русија на 6 март соопшти дека дел од природниот течен гас наменет за европските пазари ќе го пренасочи кон купувачите од Азија, пред во ЕУ да стапи во сила забраната за увоз на руски гас. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на РусијаТериторијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата. Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДевет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранетиБројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови. Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти. „Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија без активни пожариЦентарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати. На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter