Во Европа годишно се собираат 486 килограми комунален отпад по жител, кај нас 344

Во Европската унија општините на годишно ниво во просек собираат по 486 килограми комунален отпад по човек, покажуваат податоците на Еуростат за 2017 година.

Оваа бројка е непроменета во однос на претходната година и е за седум проценти под максимумот од 525 килограми во 2002 година.

Нашата земја е меѓу трите последни во Европа со 344 килограми и бележи намалување во однос на претходните години, откако во 2015 се собрани 380 и во 2016 година 385 килограми комунален отпад по глава на жител.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу отпад по жител во 2017 година е собран во Данска – 781 килограм, по што следи Кипар – 637 килограми и Германија – 633 килограми.

На другиот крај од скалата, три земји членки на ЕУ што собрале најмалку отпад по глава на жител се Романија – 272 килограми, Полска – 315 килограми и Чешка – 344 килограми.

Во земјите од регионот најмногу општински отпад по глава на жител собрале Грција – 504 килограми, Словенија – 471 килограм и Албанија – 436 килограми, додека Македонија е меѓу трите последни со 344 килограми, по што следат Србија – 306 и Косово со 228 килограми отпад по глава на жител.

Во земјава собраниот комунален отпад на годишно ниво по глава на жител бележи пад во однос на претходните години, откако во 2015 се собрани 380 и во 2016 година 385 килограми.

Според дефиницијата на Еуростат под комунален отпад се подразбира отпад што е собран од јавно комунално претпријатие на локално ниво и пренесен на депонија што е дел од систем за менаџмент на отпад. Општинскиот отпад во најголем дел е составен од отпад што го прават домаќинствата, иако вклучува и отпад од продавници, канцелари и јавни институции. Вака дефинираниот комунален отпад значи дека државите кои имаат поефикасен ситем за менаџмент на комунален отпад можат да соберат повеќе отпад на годишно ниво.

Ер Франс, КЛМ, Луфтханза и Брисел Ерлајнс се меѓу 20-те авиокомпании под истрага од ЕУ

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина.

Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ.

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

„Ер Франс“ потврди дека добиле писмо од Европската комисија. Компанијата во моментов ја прегледува нејзината содржина и ќе ги испита дејствијата што треба да се преземат, изјави портпаролот на француската авиокомпанија.

Луфтханза во соопштението наведе дека и таа внимателно го разгледува случајот.

Портпаролот на КЛМ рече дека холандската компанија, дел од групацијата Ер Франс, исто така добила писмо од ЕК. /МИА

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

притисни ентер