3Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЖивотВо ЕУ почнаа меѓуинституционалните преговори за Законот за обнова на природатаВо рамките на ЕУ вчера официјално започнаа преговорите околу Законот за обнова на природата, кој за цел има обновување на запоставените копнени и водени површини, откако минатата недела Европскиот парламент ја одобри неговата нацрт-верзија.Европската народна партија (ЕПП) се обиде да го блокира одобрувањето на предлогот, па така тој не помина на парламентарниот Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната кога по 44 европратеници гласа „за“ и „против“ неговото усвојување. Сепак, потоа беше поддржан на пленарната сесија на Европскиот парламент со 336 гласа „за“, 300 „против“ и 13 „воздржани“, благодарение на поддршката на пратеничките групи на Прогресивната алијасна на социјалстите и демократите, Левицата, Зелените и на либералната Обновена Европа. Законот за обнова на природата го предложи Европската комисија на 22 минатиот месец како дел од Европскиот зелен договор, со задача да придонесе за долгорочно обновување на запоставените копнени и водени површини во ЕУ и да се постигнат целите на Унијата за заштита на климата и биолошката разновидност. Првичната идеја на дел од европратениците беше со Законот да се постави цел за обнова на 30 проценти од запоставените екосистеми до 2030 година, но во верзијата усвоена во Европарламентот таа зацртана стапка беше намалена на 20 отсто, колку што предлагаат и Европската комисија и Советот на ЕУ. Според претседавачот на Комитетот за животна средина, францускиот либерален европратеник Паскал Канфин ваквата усогласенот меѓу трите институции на Унијата – Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на ЕУ би можело да значи дека преговорите околку конечната верзија на законот би оделе со побрзо темпо. - Осумдесет проценти од текстот е ист. Се разбира тука се преостанатите 20 проценти, но мислам дека врз оваа основа „тријалогот“ би можеле да оди доста брзо, рече Канфин. Европарламентот и Советот на ЕУ вршат притисок за олабавување на некои од целите што ги зацрта Еврокомисијата, што е невообичаено имјаќи превид дека по правило европратениците секогаш се залагаат за построги цели. Така, Парламентот бара укинување на членот од текстот кој поставува задолжителни цели за обнова на земјоделските екосистеми, намалување на целта на ЕК за обновување на речните текови до 2030 година од 25.000 на 20.000 километри, како и поместување на крајните рокови за некои цели. Советот на ЕУ немаше забешеки на овие одредби предложени од Еврокомисијата, но од друга страна побара „пофлексибилно“ толкување на обврската да се спречи натамошно влошување на состојбата на клучните екосистеми, додека Парламентот предлага едноставно укинување на таа одредба. Европарламентот и Советот бараат во законот да нема пропишани конкретни проценти за обнова на урбаните екосистеми и посебно за зголемување на зелените површини и бројот на дрвја во градовите. Спорно останува и прашањето околу надоместокот на сопствениците на земјиштето што ќе биде опфатено со мерките за обнова. Комисијата предлага овие средства да се обезбедат од Програмата за животна средина на ЕУ (ЛИФЕ), но Европарламентот и Советот сметаат дека тие не се доволни и бараат обезбедување на нови механизми за финансирање по 2027 година. Според аналитичарите, како што наведува „Политико“, постигнувањето компромис околу ова прашање би можело да биде клучно за усвојување на Законот. Сепак, судбината на овој законски предлог во голема мерка може да зависи и од исходот на неделните парламентарни избори во Шпанија, актуелниот претседавач со ЕУ. Сегашната социјалдемократка Влада на Педро Санчез усвојувањето на Законот за обнова на природата го вклучи меѓу приоритете на шпанското претседавање со Унијата. На изборите во Шпанија се очекува победа на опозициската конзервативна Народна партија (ПП) пред Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) на Санчез, но според анкетите, конзервативците нема да можат сама да формираат влада. При гласањето во Европскиот парламент, европретениците на ПП и на нејзиниот потенцијален коалициски партнер, екстремно десничарската партија Вокс гласаа против Законот за обнова на природата. Шпанското претседателство со ЕУ, од своја страна, тврди дека изборите нема да влијаат на разговорите за Законот и без разлика на нивниот исход, Шпанија нема да отстапи од зацртаните цели на своето претседавање. Во основа претседавачот со ЕУ треба да биде неутрален во текот на преговорите за законот, но доколку конзервативците дојдат на власт во Мадрид, тоа би можело да ја стави Шпанија во групата на земји кои се залагаат за поголема слобода на земјите членки во спроведувањето на поставените цели. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски на „Мото Илинден урбан драјв“Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски. Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува. „Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook