Во египетското летувалиште Шарм-ел- Шеик почнаа преговорите меѓу Израел и Хамас - Канал 5

Во египетското летувалиште Шарм-ел- Шеик почнаа преговорите меѓу Израел и Хамас

Делегации од Израел и Хамас денеска започнаа индиректни разговори во Египет за кои владата на САД се надева дека ќе резултираат со крај на војната во Газа.

Во египетското летувалиште Шарм-ел- Шеик почнаа преговорите меѓу Израел и Хамас

Делегации од Израел и Хамас денеска започнаа индиректни разговори во Египет за кои владата на САД се надева дека ќе резултираат со крај на војната во Газа, но на маса се прашања што се спорни за двете страни, како што се целосно повлекување на Израел од енклавата и разоружување на палестинското движење, објави Ел Џезира.

Трамп: Ги молам да дејствуваат брзо

Египетската државна телевизија објави дека разговорите започнале во одморалиштето Шарм ел Шеик на Црвеното Море.

И Израел и Хамас ги поддржаа принципите наведени во мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп - прекин на непријателствата, ослободување на заложниците и пристап до хуманитарна помош за Газа. Планот е поддржан и од арапските и од западните земји.

Трамп повика на брзи преговори за конечен договор, а Вашингтон верува дека двете страни никогаш не биле поблиску до прекин на непријателствата. „Ми беше кажано дека првата фаза треба да биде завршена оваа недела и ги молам сите да дејствуваат брзо“, напиша републиканецот на социјалните медиуми.

Двете страни бараат разјаснување на клучните детали, вклучително и за прашања каде што претходните обиди за договор не успеаја.

Се бараат гаранции

Египетски извори велат дека Хамас бара гаранции дека Израел ќе се разоружа откако ќе ги ослободи преостанатите заложници. Екстремистичкото крило на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, од кое зависи неговиот опстанок, се спротивставува на какво било прекинување на непријателствата.

Трамп бара Израел да го запре бомбардирањето на Газа за време на разговорите. Жителите на палестинската енклава за Ројтерс изјавија дека Израел навистина ги намалил нападите, иако не ги запрел целосно.

Здравствените власти во Газа соопштија дека 19 лица се убиени во израелските воздушни напади во последните 24 часа, што е околу една третина од просечниот дневен број на жртви во последните три недели, за време на една од најголемите офанзиви од почетокот на војната.

Разговорите се одржуваат пред втората годишнина од крвавата кампања на Хамас во Израел на 7 октомври, во која загинаа 1.200 луѓе. Во израелските напади што следеа, беа убиени најмалку 67 илјади Палестинци, а палестинската енклава, дом на околу 2,2 милиони луѓе, беше речиси целосно уништена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, деветмина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Д.(26) од Скопје, М.Б.(29) од с.Црн Врв, скопско, М.П.(18) од с.Мршевци, скопско, 15-годишник од с.Студеничани, скопско, Н.Б.(48) од Битола, А.А.(44) од Битола, И.К.(51) од с.Виничани, Општина Градско, 16-годишник од Велес и Љ.М.(61) од с.Стамер, делчевско.

Со активна забрана и под дејство на алкохол управувале Б.Б.(60) од с.Зајас, кичевско и М.М.(37) од Велес. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Љ.Џ.(48) од с.Разловци, делчевско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранители

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Киев им оддадоа почит на загинатите украински бранители.

Мерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранители

„Ние го цениме почитувањето кон нашите војници и солидарноста со украинскиот народ. Важно е што во овој тежок момент Германија е со нас – во поддршка и во сеќавање. Вечна почит кон сите бранители на украина кои ги дадоа своите животи за доброто на Украина и цела Европа“, објави Зеленски на телеграм, пренесува Укринформ.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите врз Украина.

-„Господине Путин, запрете ја оваа. Бесмислена војна! Подготвени сме за преговори, подготвени сме да разговараме за нејзино прекинување. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, изјавил Мерц.Тој и Зеленски ја посетија националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со дрон во понеделникот.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Есенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината.

Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер