Во египетска мумија е откриено додадено златно срце со стихови од „Книгата на мртвите“ (ФОТО) - Канал 5

Во египетска мумија е откриено додадено златно срце со стихови од „Книгата на мртвите“ (ФОТО)

Дигиталното скенирање на египетска мумија открива дека мумифицираното тело на тинејџер содржи дополнително срце од злато, како и десетици други амајлии за кои древните Египќани верувале дека се важни за задгробниот живот.

Во египетска мумија е откриено додадено златно срце со стихови од „Книгата на мртвите“ (ФОТО)

Мумијата се наоѓа во подрумот на Египетскиот музеј во Каиро од 1916 година, а датира од 300 година п.н.е.

Радиологот Сахар Салим од Универзитетот во Каиро и нејзините колеги дигитално, односно преку КТ, ѕирнаа во малата мумија покриена со злато и открија 49 амајлии од 21 тип.

Покрај тоа што научниците пронашле златен скарабеј од 3 сантиметри во градната празнина на мумијата, кој го симболизира срцето, откриле и златен јазик во устата на черепот, амајлија до пенисот и други верски предмети, изработени од злато, полускапоцени камења и керамика во светли бои.

Срцето на момчето останало во неговите гради како духовен симбол, велат експертите, како што е вообичаено со египетските мумии. Старите Египќани верувале дека амајлиите го штитат покојникот за време на напорното патување до задгробниот живот.

„Семејството на момчето му обезбеди многу скап третман за балсамирање за правилно да го подготви за патувањето под земја и безбедно да стигне до задгробниот живот, како што се сандали за да излезе од ковчегот и златен јазик со кој ќе зборува по смртта“, рече Салим, според New Scientist.

„Големата златна амајлија на скарабеј е навистина нешто неверојатно, на задната страна е врежано со ознаки кои би можеле да претставуваат натписи и магии“, додаде таа. Имено, се чини дека меѓу нив има стихови од египетската Книга на мртвите, во кои пишува дека срцето на скарабејот е неопходно за да се замолчи вистинското срце кога боговите ќе му судат на патот кон задгробниот живот.

Истражувањето, насловено Scanning and three-dimensional-printing using computed tomography of the "Golden Boy" mummy е објавено во списанието Frontiers in Medicine.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, летниот одмор деновиве го минува во Гуча, србија, каде што се одржува 65-тиот собир на трубачи.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Присутните биле изненадени од ненајавениот гостин, кој го опишуваат како обичен, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во скара и пиво.

Српските медиуми објавија и видео на кое се гледа дека Орбан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиците, без видливо обезбедување.

Орбан беше премиер 16 години, пред да ги загуби изборите во април годинава од Петар Маѓар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американското атомско бомбардирање на градот.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во 11.02 часот по локално време, присутните оддадоа минута молчење во чест на жртвите. Токму во тој час на 9 август 1945 година американски бомбардер фрлил атомска бомба врз Нагасаки.Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, во декларацијата за мир порача дека нуклеарното оружје не е „нужно зло“, туку „апсолутно зло“ кое не може да коегзистира со човештвото.

Јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека земјата останува посветена на трите ненуклеарни принципи и дека ќе продолжи со „реални и практични“ напори за создавање свет без нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе.

Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него.

Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер