Во Египет се најдени остатоци од страшен ритуал- јама со отсечени раце (ФОТО) - Канал 5

Во Египет се најдени остатоци од страшен ритуал- јама со отсечени раце (ФОТО)

Научниците веруваат дека десетина отсечени раце пронајдени наредени во дворот на древна египетска палата би можеле да претставуваат ужасен ритуал на „земање трофеи“.

Во Египет се најдени остатоци од страшен ритуал- јама со отсечени раце (ФОТО)

Претходно сме виделе осакатени или ампутирани раце на натписи и релјефи од древните египетски гробници и храмови, но се чини дека ова е првпат археолозите да пронајдат вистински докази за оваа мачна практика.

Археолозите анализирале група десни раце првично пронајдени во 2011 година, кои биле закопани во три посебни јами во дворот на палатата Хиксос во Аварис. Палатата датира од 15-тата династија (1640-1530 п.н.е.), кога кралевите Хиксос владееле со долен и среден Египет. Експертите веруваат дека Хиксосите го освоиле Египет во тој период и дека нивните кралеви биле првите странски владетели на таа цивилизација, иако неодамнешните докази покажуваат дека тоа можеби било погрешно разбрано.

Рацете им припаѓале на најмалку единаесет мажи и веројатно една жена. Имено, германските и австриските археолози пронашле дополнителни нецелосни остатоци од раце и прсти, што значи дека може да се работи за вкупно 18 отсечени раце, пишува Science Alert.

Палеопатологот Јулија Грески од Германскиот археолошки институт во Берлин и нејзините колеги прво ги разгледале тафономските причини за одредената положба на отсечените раце. Тафономијата ги испитува телата и деловите од телото по смртта, проценувајќи ги процесите на зачувување, распаѓање и фосилизација.

Иако делови од телото по смртта може да се одвојат од телото поради различни причини (поплава, ерозија, ограбувачи на гробови итн.), научниците веруваат дека во овој случај се работи за намерно позиционирање на човечките останки.

„По отстранувањето на делови од подлактицата, рацете беа ставени во земја со широко раширени прсти, најмногу на дланките. Кога беа откриени рацете во јамите, тие сè уште беа меки и флексибилни, што покажува дека биле закопани пред појава на мртовечка вкочанетост или набргу по нивното починување“, наведуваат научниците.

Rigor mortis започнува неколку часа по смртта и обично поминува во рок од 1 до 3 дена. Почетокот на овој процес варира за различни делови од телото - ригорозноста на раката обично започнува 6 до 8 часа по престанокот на виталните функции. Затоа, научниците заклучиле дека поединците веројатно биле распарчени за време или непосредно пред ритуалот, а рацете биле ставени во јамата откако ќе поминела мртовечката вкочанетост.

Експертите наведуваат дека Хиксосите во Египет практикувале ампутација на екстремиетети околу 50 до 80 години пред тоа да биде забележано во гробните хиероглифи. „Египќаните го усвоија овој обичај најдоцна до времето на владеењето на кралот Амасис, како што е прикажано на натрупаниот релјеф во неговиот храм во Абидос“, објаснуваат тие.

Сè уште има некои неодговорени прашања, а едно од најважните е дали осакатувањето било некаква форма на ритуална казна или прослава на воена победа. Меѓутоа, археолозите се наклонети кон хипотезата за воен трофеј. „Локацијата, третманот и положбата на отсечените раце не одговараат на формата на казната. Исто така, јамите во кои биле закопани рацете се наоѓале во големото предворје на палатата, пред престолската сала“, велат научниците.

Истражувањето со наслов First osteological evidence of severed hands in Ancient Egypt е објавено во списанието Scientific Reports.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

Веќе со месеци говориме за српскиот свет што го води СДС, преку Башановиќ и Милјан Шчекиќ, а Филипче и другарите само испорачуваат.

Доказ за тоа дека Филипче и СДС слугуваат на српскиот свет е токму оваа фотографија, едно од многуте соопштенија коишто Башановиќ и Шчекиќ ги пишуваат за СДС, ама не го владеат добро македонскиот јазик, па затоа честопати се забележуваат и печатни грешки.

Она што го слушате од Филипче кога ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, впрочем е насока од српскиот или бугарскиот свет за кого Венко одработува.

СДС со Филипче и Заев поради многу контроверзии со кои се соочуваат, мораат да се продадат на некој друг, бидејќи тука во Македонија не ги сакаат.

Едниот криминалец со тапија, а другиот без.

Наместо да се заангажираат за Македонија, тие работат за уништување и потчинување на државата, работејќи за странски служби.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заеднички официјално го пуштија во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“.

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијата

- Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа. Се сеќавам, кога ја подготвувавме програмата за Скопје, Дарко побара да изградиме парк десет пати помал од овој што денес го отвораме. Ги разгледавме можностите и решивме да направиме многу повеќе - еден од најголемите мега паркови во Скопје, каков што Бутел заслужува. Денес, таа одлука е реалност пред нашите очи. На просторот каде што се планираше бетонизација, сега има огромна зелена површина, реквизити за најмладите, пешачки зони и фитнес зони за рекреација. Место за првите детски чекори, за младите и нивните дружења, за семејните прошетки и за спокојните утра на нашите пензионери. Простор за сите генерации. Простор за секој граѓанин – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за одржување на зеленилото, целиот комплекс има сопствен систем за наводнување со техничка вода.

- Создаваме парк со услови за долгорочно и одржливо одржување, за во неговата убавина да уживаат и генерациите што доаѓаат. Секое засадено дрво е влог во почист воздух. Секоја нова зелена површина е придонес за помалку урбана жештина. Секој нов парк е повеќе простор за здравје, рекреација и поквалитетен живот. Тоа е Скопје за кое работам. Град во кој секое маало е важно, секоја општина добива внимание и секој граѓанин заслужува уреден и достоинствен простор за живот. Бутел ја доби својата оаза. Скопје доби уште една причина за гордост. Да ја чуваме, затоа што ова е наше заедничко богатство – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски нагласи дека со гордост може да каже дека ветеното за Бутел за неговиот четиригодишен мандат е реализирано уште во првата година и посака новиот мега парк „Бутелска оаза“ да биде полн со живот, детски џагор и убави моменти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од утре до вторник претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност од утре до вторник (03.11.) времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. . 

Од утре до вторник претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m2.

Во Скопје, од утре до вторник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе бидат пообилни. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврне над 40 l/m2 дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер