Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Салма Хајек покажа колку се моќни латиноамериканците во Холивуд (ОТО)

Месецот на националното латиноамериканско наследство се одбележува секоја година од 15 септември до 15 октомври, во Соединетите Држави.

Месецот на националното латиноамериканско наследство се одбележува секоја година од 15 септември до 15 октомври, во Соединетите Држави, за да се препознае придонесот и влијанието на шпанската култура врз достигнувањата, културата и историјата на нацијата.

Салма Хајек, една од главните латиноамерикански легенди во Холивуд, му оддаде почит на своето потекло во форма на фото-колаж, со нејзините сонародници од Латинска Америка - Селена Гомез, Пенелопе Круз, Антонио Бандерас, Ева Мендез, Џесика Алба, Софија Вергара и многу други.

- Благодарна сум на силната заедница околу мене која постојано ја издигнува нашата култура, ни го засилува гласот и турка кон промени. Заедно го почитуваме нашето наследство – напиша таа.

Коалиција „Менуваме“ со протестен марш бара преговарачка рамка со институциите

Во Скопје денеска се одржа протестен марш под слоганот „И ние сме деца на Македонија“ во организација на Коалицијата „Менуваме“. 

Целта на овој настан беше да се привлече вниманието на јавноста кон лицата со попреченост и да се наметнат приоритети за нивна поддршка и инклузија во општеството преку преговарачка рамка со надлежните институции.

Како што информираше Суарет Алиша од Коалицијата „Менуваме“ маршот се организира со цел Владата да им овозможи преговарачка рамка во која ќе бидат вметнати сите недостатоци.

- Маршираме како резултат на апсурдот што се случуваше месеци наназад со доцнењето на исплатата на персонална асистенција од страна на државата. Денеска сме тука да бидеме видливи со цел властите да нѐ разберат. Исплатени се два месеци, септември не е исплатен. Бараме од Владата веднаш и сега да имаме преговарачка рамка во која сакаме да ги внесеме сите недостатоци, недоречености и намери кои Министерството за социјална политика, демографија и млади има намера да ги направи, рече Алиша.

Дополни дека согласно новиот Закон е предвидено лицата со попреченост да плаќаат 20 часа за асистент што, според нив, е недозволиво бидејќи, како што рече, лицата со попреченост се социјална група.

- Тука сме да покажеме дека и ние сме деца на Македонија, да пратиме порака до државата да можат да нѐ разберат. Заедно со Црвениот Крст како најуспешен провајдер на асистенти имаме предлог решенија со цел да ги заштитиме асистентите да не бидат обесправени. Предлагаме формирање на мешовита установа водена од Црвениот Крст. Нашата цел е асистентите да можат да добиваат по 22 500 денари, согласно законот кој предвидува хонорарот на асистентите да не биде под минималната плата. Предлозите ги поднесовме вчера до Собранието, Владата и претседателката на државава, дополни тој.

Маршот започна пред Собранието, а заврши пред Владата. Учесниците бараа социјална правда, рамноправност и крај на дискриминацијата.

За време на маршот во центарот на Скопје беше воведен посебен сообраќаен режим.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа

Извештајот на Европската Комисија го потврди тоа што граѓаните на Скопје секојдневно го чувствуваат: јавниот превоз во Скопје е катастрофален, најлош во Европа.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска успеаја да го донесат Скопје на дното во Европа и во делот на транспортот и во секој можен поглед.

Наместо да вложуваат во подобрување на услугите и модернизација, како што ветуваа, сведоци сме на епско потфрлање и тотален хаос во сообраќајот, што директно ги погодува жителите на Скопје.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно не гласаа за набавка на нови автобуси, Владата не презема ништо.

ВМРО-ДПМНЕ бездушно ги остави скопјани да се справуваат со хаосот секој ден, само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемите виновници за катастрофата која што му се случува на јавниот превоз и на целиот град.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер