Во Дубровник почна судењето на Албанката, која усмрти брат и сестра во сообраќајка - Канал 5

Во Дубровник почна судењето на Албанката, која усмрти брат и сестра во сообраќајка

Во општинскиот суд во Дубровник почна судењето на 28-годишната Албанка Клевиша Имери која ја предизвика сообраќајната несреќа во која загинаа 18-годишната Катарина Ѓерек и 20-годишниот Стјепан Ѓерек.

Во Дубровник почна судењето на Албанката, која усмрти брат и сестра во сообраќајка

„Се чувствувам виновна, но не онака како што е наведено и како што се товари во обвинението! Ќе одговорам на сите поставени прашања, но на крајот на доказната постапка“, изјави пред судот Имери, невработена угостителска работничка од Скадар, објави Индекс.

Да потсетиме, несреќата се случи на 9 април на државниот пат Д-8 во местото Ратац кај Дубровник. Имери со автомобил со словачки регистерски таблички нелегално го престигнала возилото пред неа, што предизвикало верижен судир со Голф со макарска регистарски таблички управуван од 21-годишниот Стјепан од спротивниот правец.

Во обвинението се товари дека Имери од невнимание предизвикала тешка сообраќајна несреќа со смртен исход, пишува весникот Дубровнички. Судскиот сообраќаен стручњак Перо Тодоровиќ пред судот изјави дека во моментот на судирот „Имери се движела со брзина од 90 км/ч и дека БМВ-то од страна удрило во Голфот.“

„Возачот на голфот можел да го види возилото на обвинетата само на оддалеченост од 180 метри, што е само 3,89 секунди пред несреќата, врз основа на движењето на фаровите на возилото што доаѓало ноќе, на неосветлен пат“, посочи тој.

„Жртвата интензивно закочила, но без разлика на брзината, тоа не можело да ја спречи несреќата“, изјави Тодоровиќ. Тој одговараше и на прашањата на судијата за т.н црна кутија. Тој објасни дека во досието не го добил бројот на шасијата на возилото на обвинетата, а тој број е потребен за да се дознае од производителот дали во автомобилот има поставено црна кутија.

Прочитано било и сведочењето на 38-годишниот Марко Топиќ, морнар кој загина при пад на рампата на траектот во Мали Лошињ. Топиќ управувал со возилото кое го претекнала Имери.

Адвокатот на обвинетата, Драган Пиштало, побара неговата клиентка да биде ослободена од истражниот затвор, со плаќање гаранција од 70.000 евра, одземање на пасошот, секојдневно пријавување во полиција и забрана за напуштање на територијата на Хрватска. Судијата го одби.

Дополнително, Пиштало предложил да биде сослушан и совозачот од мерцедесот со албански таблички со кој се тркала Имери. Судијата го прифати тој предлог. Новиот сведок ќе биде сослушан на следното рочиште закажано за 1 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. 

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс.

Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат.

Истрагата е префрлена во Париз

Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот.

Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“.

Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот.

Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните.

Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници.

„Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Поранешниот вицепремиер Артан Груби излегува од домашен притвор, но без пасош. потврдија од Кривичниот суд попладнево. 

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби, кој е второобвинет во предметот за „Државна Лотарија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош. По добиено негативно мислење од надлежното јавно обвинителство, Судот го одби барањето на Груби да му биде вратен пасошот и покрај гаранцијата од околу 336.000 евра во недвижен имот што тој ја понуди, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост.

„Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица. Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, соопштија од Кривичен.“

За укинувањето на домашниот притвор за Груби од Судот велат дека согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во конкретниот случај е поднесен на 13 август годинава, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката.

Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер