Во ДПМ собир во чест на Блаже Конески - Канал 5

Во ДПМ собир во чест на Блаже Конески

Во чест на основоположникот и првиот претседател на Македонската писателска асоцијација Блаже Конески денеска во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи собир на тема „Посланието на Блаже Конески“.

Во ДПМ собир во чест на Блаже Конески
Собирот се одржува на денот на неговото раѓање, во рамки на Деновите на Блаже Конески што ДПМ ги организира од 18 до 20 декември.

Претседателот на Собранието на ДПМ Веле Смилевски ќе го отвори собирот, а за Посланието на Блаже Конески ќе говори академик Георги Старделов.

На собирот ќе биде промовирано руското издание на последните шест стихозбирки на Блаже Конески, што неодамна се објавени во Москва, во превод на Олга Панкина. Ќе биде отворена и изложба на слики од Олга Панкина, инспирирани од поезијата на Конески.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата.

Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари.

Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци.

Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните.

Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас.

За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност.

Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки.

Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор.

По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски.

Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Собраниската комисија за транспорт денеска ќе расправа за измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

За предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Со измените се предвидува нов модел за финансирање на радиодифузната дејност.средствата ќе се обезбедуваат од буџетот во висина од еден процент од реализираните даночни приходи.

Финансирањето ќе се утврдува за период од пет години.по истекот на овој период, повторно ќе се дефинира висината на средствата за наредните пет години.

Целта е да се обезбеди стабилно и предвидливо финансирање на радиодифузната дејност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер