Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)
Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
1Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)
2Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
КултураВо долненско Дупјачани првпат се гради црква со осветени темели „Христово Воскресение“На 17-тина километри од Прилеп, во мултиетничката општина Долнени, непосредно пред Небрегово, родното село на Конески, е селото Дупјачани. Има 120-тина жители, има пат, вода и струја, ама нема осветена црква. Во денешно време необично, ама веста дека жителите за првпат, официјално градат црква го привлече вниманието. И чудењето. Каде се чуло и видело село без црква? Средбата со жителите е токму на ридот, пред новата и прва црква со осветени темели. Се воздигнува „Христово Воскресение“. Во Прилепско има само една црква „Христово Воскресение“. Во Алинци. Оваа во Дупјачани е втора. Недоизградена. Чувството е поетско. Како „Градење црква“ на Конески. Од соседното Небрегово. Жителите се радосни, подготвени за Велигден. И за разговор. Неминовно, првото прашање до „кметот“ на селото (претседателот на месната заедница) Петре Димоски е зошто селото кое во околината има богати предисториски и антички локалитети, со 100-годишно опстојување под името Дупјачани, досега немало официјално осветена црква. - Официјално, селово немало црква. Можеби зашто блиски се селата Небрегово, Десово, па жителите оделе таму за венчавки и крштевки. Или, можеле да стигнат до Прилеп. Имам 68 години и јас, заедно со жителите, затекнав дел, остатоци од градба, ама неосветена. Таму се палеле свеќи. Па, решивме да изградиме црква. Се договоривме, формиравме одбор. Собравме пари од селото, некои донираа надвор од селото. И до каде дојдовме? Еве, ја подигнавме црквата „Христово Воскресение“. Па како ќе можеме, така ќе ја завршиме, објаснува Петре Димоски. За да се гради црква жителите во селото барале уште пред 30 години. МПЦ инсистирала да биде на нови темели. - Во прилепскиот архив ги побаравме старите „тапии“. Оттаму ни рекоа дека црквата си го носи името – „Воскресение Христово“. И така, нашава црква си е - Велигден. Така ќе си остане. Тоа била селска слава. Оти, порано Горно Село и Дупјачани биле едно село. Но селската слава од Велигден, втор ден, се сменила кога почнале овде да се населуваат од Охридско. И, за да може да им доаѓаат гости, „ја зеле“ славата на Свети Илија, раскажува Димоски. Темелите на црквата ги осветил владиката Петар, лани, на 16 јуни. Досега градбата е подигната. Жителите ги чека многу работа за уредување на олтарот, на целата внатрешност, а и на живописувањето. Жителите се дел сточари, уште повеќе тутунари. Имаат, велат, убав соживот во мултиетничката општина Долнени. Кога го барале местото за црквата, Општината експресно им помогнала. А стигнале и понудите за донации од муслиманското население. - Долнени е со мултиетничко население. Многу убаво сите заедно живееме. И христијани и муслимани. За празникот ни доаѓаат дома. Ги почестуваме, чест ни прават. Ама и ние за нивните празници, за Бајрам, им одиме на гости. Имам големи пријатели меѓу нив. Дури и поголеми. Срцето ми е полно, зашто тие, меѓу првите, се нудат да дадат за изградба на црквата. Кога седевме на заедничка маса и ја споменав изградбата на црквата, веднаш дадоа донација. Пријателите од Десово, од Лажани, од Канатларци. И од Општината, веднаш ни излегоа во пресрет за земјиштето кога сфатија дека ќе градиме црква, емотивно вели Петре Димоски. Драган Белокоски од Дупјачани на 90 години е меѓу најстарите жители. Ги памети поранешните времиња, сака да ги посоветува сегашните генерации. -Паметам кога бевме повеќебројни. Иако посиромашни, ама заедно живеевме. На Велигден постојано сум овде, на местото каде се гради црквата. За нас многу ќе значи. Е, на Велигден кога ќе се соберевме, имаше многу народ, се присеќава Белокоски. Киро Цветаноски, жител на Дупјачани носталгично се присетува на времињата, ама е и категоричен. Денес добро се живеее. - Имам 85 години. Ги паметам и добрите и лошите животни времиња. Паметам за славата на Велигден многу народ имаше среде село. Ги одржуваме адетите, одиме на гости. Иако, некогаш беше многу повесело и поживо. Ама сега, луѓето имаат пари, добар е животот. Некој работи тутун, друг чува овци, добро е. А црквата многу значи за селото, за православната вера. Тоа е голема работа, вели Цветаноски. Нема голема миграција во Дупјачани. Можеби зашто инфраструктурата е добра, па врските со градот се непречени. Прославата на Велигден и овојпат е полна со адети како досега. -За Велигден имаме убави адети. Изутрината, на Велигден, црвено јајце мора да има. Некој има јагнешко на трпезата, другј како што може. Си доаѓаме овде, крај црквата е гробиштата, си запалуваме свеќи, жените „си раздаваат“ на гробните места, а потоа во трпезаријата, крај гробиштата, се собираме за Велигденски ручек. А кога ќе ја обновиме црквата, сакаме да си пречекуваме гости. Дали тоа ќе биде на втор ден Велигден, ќе се договориме. Сега, кога ќе добиеме црква – чувството е како да си се преродил. Поубаво од тоа нема. Затоа, работиме, собираме пари и ќе ја изградиме црквата, вели радосно претседателот на месната заедница Петре Димоски. Многу им помага парохискиот свештеник Лазар Колевски, надлежен за целата општина Долнени. Тој е секогаш со жителите. И при поддршката за изградбата на црквата, ама и за животните совети. -Благодарение на месното население и разбирањето што го имавме и со помладите и со месната заедница, оформивме Иницијативен одбор. Заедно, успеавме местото што беше на Р.М. и на општина Долнени да го префрлиме на МПЦ и на 16 јуни лани, 2024 година, со благослов на владиката Петар ги осветивме темелите и стигнавме да ја подигнеме црквата со донации на населението и на други донатори. Досега, Фала Богу, се гледа дека се изгради црквата. Но уште се потребни финасии за да се уреди, да се насликаат ѕидовите, да се среди олтарскиот дел. Кој како и колку милува може да помогне. Нас свештениците нѐ бараат за секаква мака. Освен со обредите, помагаме во секојдневното живеење. Ние сме и свештеници, и психолози, и родители, вели со татковска грижа отец Лазар. Дупјачани зад себе ја има богатата повеќевековна историја. Од прилепскиот музеј објаснуваат дека наоколу има неколку локалитети. Дупјачани, а и Горно Село го зафаќаат северното подножје на Трескавец. Тие се во долниот дел од античката населба Колобаиса. На неколку локации во поширокиот простор има 10 гробници, издлабени во карпа. Единствен е локалитет кај нас со голема концентрација на ваков тип гробници. А жителите ги раскажуваат легендите, дека селото го добило името Дупјачани токму поради вдлабените гробници во карпа. Сега живеат во радосно исчекување дека првпат ќе добијат осветена црква „Христово Воскресение“. Велат – пречекот на најрадосниот празник – Велигден, ќе биде повеличествен. И подуховен.Тагови: Велигден Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканТензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)Демонстрантите се судрија со полицијата пред Министерството за образование во Тирана. Со слоган на кој пишуваше „Рама во затвор, Бериша во затвор“, студентите јасно им ставија до знаење на демократите дека не се поканети на нивниот протест пред Министерството за образование, објави Топ ченел. Демократските пратеници не заминаа, туку останаа на крајот од протестот, набљудувајќи ги од далечина поддржувачите кои се судрија со оние кои бараа нивниот претседател да биде во затвор. Попладнево демонстрантите запалија два контејнера, а полицијата одговори со бибер спреј и солзавец. Агресивните демонстранти беа растерувани со водени топови. Тагови: водени топови Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕпилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругатаЕвропското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица. Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“. Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда. Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница. Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица. Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија. Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите. Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗастрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео) Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот. На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет. Moment wyeliminowania zagrożenia, super postawa policjanta, ale wygląda jako że śmieć był nabity sprzętem Kraków #krakow https://t.co/bBiPXkdhRV — London Goldynov (@LondonGoldynov) November 7, 2026 Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата. „Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата. Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди. Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска. Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите. „Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата. Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28