Во Делчево реализиран планинарски марш до месноста Борова Могила - Канал 5

Во Делчево реализиран планинарски марш до месноста Борова Могила

Во организација на Планинарскo-спортскиoт клуб „Голак", во Делчево e реализиран планинарски марш до месноста Борова Могила во должина од 19 километри.

Во Делчево реализиран планинарски марш до месноста Борова Могила

-Придржувајќи се на мерките за заштита од Ковид-19, со членови на нашиот клуб продолживме со активностите за промоција на малку познати, но атрактивни локалитети кои се наоѓаат на подрачјето на областа Пијанец. За време на маршот се движевме во мали групи, со растојание, како и носење маски каде е потребно. По идеално сончево време го искачивме малку познатиот врв Борова Могила на планината Влаина, информираше Љупчо Чучуковски, претседател на клубот.

Деветнаесет километарската маршрута, планинарите од Делчево, како што додаде ја започнале од приградското село Ѕвегор.

-Потоа продолживме кон месноста Габите, туристичкиот локалитет Илин Камен, Чутурски Рид, се до врвот Борова Могила и граничниот камен на границата со Бугарија на планината Влаина, додаде Чучуковски.

Од ПСК „Голак" додадоа дека промоцијата на атрактивни локалитети на подрачјето на Пијанец, согласно мерките за заштита од Ковид-19 ќе продолжи и во наредниот период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украина погоди две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата

Украина нападна две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата, изјави претседателот Володимир Зеленски.

Украина погоди две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата

Погодени биле рафинерии во Јарослав и во Башкортостан. Претходно беше објавено дека црн чад се издигнува од правецот на рафинеријата во Јарослав, една од петте најголеми во земјата. Регионалниот гувернер михаил евраев изјави дека ова е најголемиот напад со кој се соочил регионот досега, при што биле соборени 92 дрона.

Руското министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила 605 украински дронови ноќеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топлотниот бран пристигнува и во Москва

Топлотниот бран пристигнува и во Москва, еве ги очекуваните температури во руската престолнина.

Топлотниот бран пристигнува и во Москва

Москва се подготвува за топлотен бран што ќе трае до почетокот на втората декада од август, при што температурите утре ќе достигнат 32 степени, а во петок 33 степени, соопшти Московскиот метеоролошки институт.

За градот веќе е издадено портокалово предупредување за опасни временски услови, што подразбира ризик од природни непогоди и штети. Ова предупредување важи до вечерните часови на 7 август.

Се очекува температурите во Русија да го надминат прагот за „голема жештина“, кој за Москва изнесува 30 степени Целзиусови, додека за другите региони тој праг е 35 степени. Рускиот хидрометеоролошки центар појаснува дека поимот „голема жештина“ се однесува на периодот меѓу мај и август, кога температурата ги достигнува или надминува овие вредности.

Во меѓувреме, температурата на главната метеоролошка станица во Москва, лоцирана во ВДНХ, во средата се спушти под 30 степени и изнесуваше 28,1 степен Целзиусов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот селектор на Хрватска, Далиќ доби фантастична плата во ОАЕ!

Фудбалскиот стратег Златко Далиќ ќе стане нов селектор на Обединетите Арапски Емирати по завршувањето на неговиот мандат на клупата на Хрватска.

Поранешниот селектор на Хрватска, Далиќ доби фантастична плата во ОАЕ!

Како што потврдија „Спортске новости“, хрватскиот селектор дефинитивно заминува на „Емирати“, каде што ќе започне ново поглавје од својата тренерска кариера.

Според неофицијални информации, Далиќ ќе заработува пет милиони евра годишно, без бонусите.

Тоа е речиси трипати поголема плата од онаа што ја имаше во Хрватскиот фудбалски сојуз, па така тој ќе стане најплатениот хрватски тренер во историјата.

Со Далиќ во Емиратите треба да замине и Даниел Субашиќ. Поранешниот голман на хрватската репрезентација ќе биде задолжен за работа со голманите во стручниот штаб.

Посебна улога треба да има и искусниот Бранко Иванковиќ, кој ќе стане советник во Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер