Во Делчево отворена изложбата „Христијански светители“ од кочанскиот уметник Влатко Анчов - Канал 5

Во Делчево отворена изложбата „Христијански светители“ од кочанскиот уметник Влатко Анчов

Во Делчево е отворена тематската авторска  изложба ,„Христијански светители" од уметникот Влатко Анчов од Кочани. 

Во Делчево отворена изложбата „Христијански светители“ од кочанскиот уметник Влатко Анчов

На изложбата, која е во организација на Јавната локална библиотека „Илинден" беа изложени седумдесет дела со ликови на христијански светители изработени на природен материјал со техника пирографија.

Директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска информираше дека изложбата има продажен карактер.

-Изложбата е поставена во читалната на библиотеката и сите наши сограѓани ќе имаат можност во следните неколку дена да ја посетат оваа изложба, а со оглед на тоа што изложбата е и со продажен карактер, можат да се купат и, иконите. Претставени се вкупно 90 икони од авторот Влатко Анчов.

Оваа изложба денеска е тука благодарение на директорката на библиотека „Искра“- Кочани, со која се надеваме дека добрата соработка меѓу библиотеките во Делчево и Кочани ќе продолжи и понатаму, рече Петровска.

За изложените дела и техниката на работа говореше директорката на ЈЛБ „Искра“, Кристина Ѓорѓиевска- Атанасова, која нагласи дека пирографијата како вид уметничко творење значи „пишување со оган“ со специјално дизајниран загреан уред кој се нарекува пирограф.

-Делата се изработени од природен материјал: дрво, бука, јасен и топола. Авторот е инспириран од христијанската религија и изработува слики од познати христијански светители. Пирографијата претставува изразување и украсување на дрвото и во зависност од инспирацијата на авторот и неговата умешност, односно уметничкото изразување, дрвото добива приказ во различни тонови, од посветли до многу темни драматични ефекти, рече Ѓорѓиевска-Атанасова.

Според авторот Анчов, да се изработи уметничко дело со лик на светец е работа која со себе носи голема одговорност, бидејќи делото треба да изгледа достоинствено и да претставува творештво кое ќе ја изразува христијанската вера во Бог и во светителите.

Влатко Анчов е роден во Кочани и е пензиониран старешина во АРМ. Пирографијата како уметнички израз е негово хоби повеќе од 10 години. Досега има изработено повеќе од 250 дела, а ова е негова втора самостојна изложба.

Изложбата „Христијански светители“ е во рамките на прославата по повод Денот на ослободување на Делчево и Денот на независноста на РМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. 

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Во Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер