ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС
2ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС
ЗдравјеВо Дебарско досега вакцинирани над девет илјади лица, состојбата со заразата се влошува Во модуларната болница при Општата болница со проширена дејност во Дебар и денеска непречено се одвиваше процесот на вакцинација на жители од оваа и општина Центар Жупа, но и на иселеници кои се на одмор во родниот крај.Како што информираше Баки Алили, директор на болницата, пристигнала нова пратка со вакцини и тоа 1.000 дози од Фајзер и 300 од Синофарм, а располагаат и со вакцини од Астра Зенека, што подразбира дека продолжува непречено процесот на имунизација. -До сега во нашата установа и претходно во вакциналните пунктови во Скопје и Охрид, вакцинирани се над 7.700 лица од нив ревакцинирани се околу пет илјади. Освен постојани жители во општините Дебар и Центар Жупа, во нашата установа овој месец се вакцинираа и иселенци кои во родниот крај се на одмор, до сега околу 150, како и жители од други градови во државава (педееттина) а кои од пролет до есен престојуваат во нивните родни села, додава Алили. Потврдува дека епидемиолошката состојба во ова подрачје се влошува, што го покажува и бројот на новозаразени, на хоспитализирани, како и починати. -Моментно во нашата установа хоспиталзирани се 29 пациенти, од нив 18 во инфективото одделение, сите на кислородна подршка и 11 во хирушкото одделение, кое од вчера исто така стана ковид центар, од нив шест на кислородна подршка. Поради потешка клиничка слика, во здравствени установи во Скопје деновиве беа транспортирани три лица од нашето подрачје, вели Алили. Во изминатите шест дена, регистриеани се 95 нови случаи а како последица од опасниот вирус пет лица починале. Моментно во двете општини активни на болеста се 168 лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМбапе ја напушти репрезентацијата поради повреда, Зидан со лоша прогноза Килијан Мбапе ја напушти француската репрезентација со повреда на коленото здобиена во победата од 1-0 против Турција во првото коло од Лигата на нации. Францускиот капитен го постигна единствениот гол на натпреварот, но се повреди и мораше да го напушти натпреварот во 58-та минута. Мбапе веднаш побара медицинска помош по шутот што го постигна. Накратко се врати на теренот, но набрзо повторно заврши на тревникот и повеќе не можеше да го продолжи натпреварот. Францускиот штаб потоа објави дека има повреда на тетивата и ќе се врати во Мадрид на лекување. „Нема да ризикуваме“ „Не изгледа добро. Мислам дека ќе мора да се врати. Нема да ризикуваме. Има хиперекстензија на коленото“, рече францускиот селектор Зинедин Зидан по натпреварот. Затоа, Франција ќе ги игра следните натпревари од Лигата на нации против Белгија и Италија без својот капитен. Повредата се случи во многу незгодно време за Зидан. Натпреварот против Турција беше негов прв на француската клупа откако го наследи Дидие Дешан по Светското првенство. Неколку дена претходно, Мбапе изјави дека неговата соработка со Зидан изгледа „како филм“, а новиот тренер го остави во улогата на капитен на националниот тим. Франција е во групата А1 со Турција, Белгија и Италија. По победата во Турција, ќе следи посета на Белгија, потоа домашни натпревари против Италија и Белгија, додека последните две кола ќе се играат во ноември против Италија и Турција.Тагови: Килијан Мбапе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
СветМеѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САДМеѓународниот кривичен суд (МКС) презеде низа чекори за да се заштити од потенцијални сеопфатни санкции од страна на Соединетите Американски Држави, изјави денес заменик-обвинителката на МКС, Наџат Шамим Кан.„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите системи во текот на изминатата година, вклучително и префрлање од канцеларискиот софтвер на „Мајкрософт“ на германскиот софтвер со отворен код „ОпенДеск“, како и алтернативни решенија за здравствено осигурување на вработените и банкарски услуги. Фајненшл тајмс соопшти дека судот им исплаќал плати на вработените со месеци однапред за да ги ублажи сите потенцијални прекини во плаќањата. Порано оваа недела, „Ројтерс“ објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвила санкции против целиот Меѓународен кривичен суд и планирала наскоро да ги објави. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДСНа Венко Филипче и СДС не може да им се верува за ништо.Рубин Земон кој беше член на Извршниот одбор на СДС пролетва излезе во јавност со тврдење дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и оти не е важен за македонскиот идентитет. По критиките кон него како член во највисокиот партиски орган, а и критики кон претседателот на СДС Венко Филипче, Земон излезе во јавноста и рече дека се повлекува од ИО на СДС бидејќи не сака да и нанесе штета на партијата. Сега истиот тој Земон беше на седницата на Централниот одбор на СДС која се одржа во четвртокот вечерта. Очигледно се што прават Земон и Филипче е лажење на граѓаните и ништо повеќе. Со терање на ваква политика СДС само тоне, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00