Во Дебар, лишени од слобода родители, кои малолетното дете го принудувале на питачење - Канал 5

Во Дебар, лишени од слобода родители, кои малолетното дете го принудувале на питачење

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи лишиле од слобода родители на малолетно дете, кои го принудувале да питачи во Дебар.

Во Дебар, лишени од слобода родители, кои малолетното дете го принудувале на питачење

-Вчера во 17:20 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ги лишија од слобода В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар. Тие се сомничат за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик. При извршена контрола, полициските службеници ја затекнале В.Б. како со нејзината малолетна ќерка питачи, а во нивна близина бил Б.Б., иформираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.

Бил известен јавен обвинител и на местото се повикани таткото на малолетничката и претставници од Центарот за социјални работи од Дебар. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Димоски исто така информираше дека е поднесе кривична пријава против К.Ц.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ по член 244 и „Узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик.

Тој, во текот на јуни оваа година, на катастарска парцела во државна сопственост, кај месноста „Бадеми“ покрај брегот на Дебарското Езеро, без одобрение за градба и спротивно на Законот на градење, неовластено изградил објект во вкупна површина од 88. 40 квадратни метри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алексеј Покушевски повеќе не е кошаркар на Партизан

Српскиот кошаркар Алексеј Покушевски повеќе не е член на Партизан, соопшти белградскиот клуб. 

Алексеј Покушевски повеќе не е кошаркар на Партизан

„Во предвидениот рок, клубот одлучи да не ја активира дополнителната година од договорот, со што поранешниот заменик-капитен стана слободен да избере нова средина. Поку, твојот Партизан ти посакува многу среќа и успех во продолжението на кариерата“, се наведува во соопштението на „црно-белите“.

Покушевски има 24 години, а пред доаѓањето во Партизан настапуваше за Олимпијакос, по што беше избран како 17-ти пик на НБА-драфтот и кариерата ја продолжи во Оклахома Сити Тандер. Тој помина две сезони во дресот на Партизан, при што ги освои АБА-лигата и титулата шампион на Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски домаќин на делегацијата од Република Индија

Чест е моја, денес да бидам домаќин на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму и на претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, на свеченото откривање на бистата на Махатма Ганди во Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски домаќин на делегацијата од Република Индија

Во името на Град Скопје, на претседателката на Индија ѝ посакав срдечно добредојде во нашиот град.

На овој свечен настан во Музејот на град Скопје, со поставувањето на бистата на Махатма Ганди, Скопје добива траен потсетник на вредностите што тој ги застапуваше - мирот, ненасилството, слободата, вистината и моралната храброст.

Неговото наследство нè потсетува дека најголемите промени започнуваат со почитта кон човекот и со уверувањето дека дијалогот секогаш е посилен од поделбите.

Овој чин има особено силна симболика токму во Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза.

Иако нивните мисии биле различни, Махатма Ганди и Мајка Тереза ги обединува една универзална порака дека човечноста, љубовта, сочувството и грижата за другиот се најголемата сила што ја поседуваме.

Скопје е град кој длабоко ја познава вредноста на солидарноста.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, нашиот град ја почувствува подадената рака од целиот свет.

Токму затоа денес продолжуваме да градиме мостови на пријателство, меѓусебна почит и соработка меѓу народите.

Силно верувам дека овој значаен настан ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на пријателството меѓу Македонија и Индија и кон отворање нови можности за соработка во културата, образованието, науката и поврзувањето на нашите народи.

Нека ова спомен-обележје биде траен симбол на вредностите што нè обединуваат и порака дека мирот, човечноста и пријателството немаат граници.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи наследникот на Олександр Сирски Генерал-мајорот Михајло Драпати

 Генерал-мајорот Михајло Драпатиј го потврди своето назначување за врховен командант на Вооружените сили на Украина, што вчера го објави претседателот Володимир Зеленски.

Се огласи наследникот на Олександр Сирски Генерал-мајорот Михајло Драпати

„Му благодарам на претседателот на Украина за укажаната доверба, на министерот за одбрана за поддршката и на Одбранбените сили за новата фаза од службата“, напиша Драпатиј.

Тој истакна дека служењето на Украина за него отсекогаш претставувало чест и дека за време на војната за независност тоа значело „апсолутна одговорност“.

„Му благодарам на врховниот командант на Вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, за неговата доследна работа на зајакнувањето на украинската војска. Јас израснав во неа“, напиша Драпати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер