Во Црна Гора во првиот квартал од годинава - зголемени плати и пензии,

Во Црна Гора во првиот квартал од годинава - зголемени плати и пензии, намалени извозот и инвестициите.

Во Црна Гора платите, пензиите и бројот на вработени се зголемени во првиот квартал годинава, додека буџетот е во дефицит, извозот е намален за 31,2 отсто, а помали се и инвестициите поради послаби вложувања во недвижности.

Инфлацијата беше 4,7 отсто.

Во првите три месеци од годинава е остварен буџетски дефицит во износ од 4,9 милиони евра или 0,1 отсто од БДП, покажуваат податоците од Месечниот макроекономски извештај за април на Дирекцијата за макроекономски и фискални анализи и проекции.

Буџетските приходи во првиот квартал од 2024 година се за 8,6 отсто повисоки од планираните, додека расходите се помали за 11,8 отсто. Споредено со истиот период од 2023 година, буџетските расходи се повисоки за 21,7 отсто.

Молотов пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, повреден полицаец

Инцидентот се случил во населба во северниот дел на Атина, кусо еден часот по полноќ, а било запалено патролно возило на полицијата, при што интервенирала противпожарната служба со осум пожарникари и две возила.

Бомба молотов била фрлена пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, при што бил повреден полицаец и пренесен во болница со повреди на лицето и раката, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил во населба во северниот дел на Атина, кусо еден часот по полноќ, а било запалено патролно возило на полицијата, при што интервенирала противпожарната служба со осум пожарникари и две возила.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис го осуди нападот и истакна дека „демократијата и нејзините столбови, како што се судството и неговите функционери, не се заплашуваат“, посочувајќи дека апсолутен приоритет е итното апсење на сторителите.

За прв пат во кариерата Роналдо не постигна гол во групната фаза на некој голем турнир

 Репрезентативниот напаѓач на Португалија, Кристијано Роналдо, за прв пат во кариерата не постигна гол во групната фаза на еден голем турнир.

Триесет и деветгодишниот Португалец не успеа да се запише во листата на стрелците на ниту еден од неговите три натпревари во Ф-групата на Европското првенство 2024.

Кристијано претходно има постигнато гол на сите негови претходни 10 групни турнири на Светско или Европско, кои датираат од Евро 2004 година.

Португалија која синоќа загуби од Груизија, со шест бода го освои првото место во групата.

Противник на Португалците во осминафиналето ќе биде селекцијата на Словенија.

Кина одвои 316 милиони долари итна помош за справување со последиците од смртоносните поплави

Кинеската влада додели итна помош во вредност од 316 милиони долари на градските власти за справување со последиците од смртоносните поплави во земјата.

Средствата се за поддршка на спасувачките операции, за итни случаи и планирање за спречување на штети од поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од поројните дождови кои паѓаат речиси две недели.

Министерството за финансии и Министерството за вонредни ситуации денеска ослободија 486 милиони јуани, најновата транша од финансиската помош за погоденото население.

притисни ентер