Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо
1Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
2Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо
2Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
БалканВо Црна Гора денеска не е забележан нов случај со коронавирус ,попуштени мерките Црна Гора бележи пад на новозаболени и зголемување на бројот на оздравени лица, а владата денес ги олесни ограничувањата дозволувајќи им на граѓаните да останат надвор од домовите до 23 часот, а продавниците да работат до 22 часот.Најновите мерки ги донесе Националното тело за координација на инфективни болести на Црна Гора. Исто така, со ублажување на мерките, рекреација е дозволена на јавните површини, но со задолжително чување на дистанца и почитување на сите други превентивни мерки. Општината Тузи, која е ставена во карантин скоро четири недели откако беше откриен коронавирус, е ослободена од оваа обврска и од утре важат правилата за жителите на таа општина, како и за сите граѓани на Црна Гора. Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, рече дека олеснувањето на мерките не значи откажување од контрола и надзор, туку подобрување на условите. „Нашата епидемиолошка состојба е многу поповолна од порано, затоа што Црна Гора денес нема новозаразени со коронавирус, а анализирани се 210 примероци“, рече Мугоша. Биле спроведени 5085 тестови на „Ковид-19“, што покажува дека Црна Гора е водечка земја според бројот на населението меѓу земјите од Западен Балкан. Вкупниот број на пациенти со коронавирус во Црна Гора е 313, од кои 101 лице се излекувале, а петмина починале како резултат на инфекцијата. Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, вчера побара од надлежните органи да изготват план за ублажување на мерките против ширењето на коронавирус, кои мора да бидат „прецизни и одржливи“ и да се состојат од неколку фази во текот на следните 45 дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начиниСе размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски.Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски кој рече дека вчера се сретнал со новиот претседател на европската транспортна заедница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува РусоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив. Навраќајќи се на креирањето на Уставот од 1991 година, во чие подготвување учествувала како надворешна членка на тогашната Комисија за уставни прашања, Сиљановска-Давкова ја нагласи огромната посветеност на членовите на Уставната комисија, но и на сиот прв пратенички состав, на најважната политичка задача пред нив, истакнувајќи ја толерантната дебата на неистомислениците, односно приврзаниците на националниот и граѓанскиот концепт. И покрај тензичната предвоена атмосфера на југословенските простори, присуството на Југословенската народна армија на македонска почва и кусите рокови за донесување на Уставот, таа ја оцени постапката за донесување на уставот како демократска, инклузивна и транспарентна, а најголемиот дел од решенијата како стандардни. За особено важни ги смета темелните вредности на уставниот поредок и слободите и правата на човекот и граѓанинот, што беше потрдено и од Бадинтеровата комисија во 1992 година, а има забелешки на начинот на којшто е поставена поделбата на власта, на положбата и надлежноста на Уставниот суд, на решението за воена и вонредна состојба и на локалната самоуправа. Што се однесува до уставноправниот развој, таа укажа дека дури 21 од 36 амандмани се иницирани однадвор, во духот на state building, а делот што му претходи на Уставот е менуван два пати, по што оперира со синтагмата „делови од народи“ што не соодветствува на категоријата заедници, воведена со амандманите од 2001 година во нормативниот текст. За неа, амандманите се напишани со невоедначена и лоша уставнопрвна техника, што ги прави нејасни и тешко неразбирливи, а преамбулата – целосно нечитлива. Честите промени, а особено октроираните, го проблематизираат уставот како највисок закон и како најширока и најважна општествена повелба на граѓаните во смисла на Русоовиот „Општествен договор“ и го релативизираат и маргинализираат уставниот патриотизам за којшто пишува Јирген Хабермас. Претседателката му предложи на претседателот на собранието да се инспирира од успешното искуство на Првата уставна комисија и да ја прошири постојната со надворешни членови – експерти кои заедно со членовите од актуелниот пратенички состав континуирано ќе работат на анализа на спроведувањето на уставот, детектирање на проблемите во уставниот поредок и предлагање излезни решенија, вклучувајќи ја и подготовката на делот од уставот за односот меѓу националното и европското право. На крајот, Гордна Сиљановска-Давкова укажа на уникатноста на европската идеја и на демократскиот европски политички систем, а особено на важноста на почитувањето на принципите и вредностите содржани во европските уставни документи, без коишто ЕУ не може да биде филозофија, туку само политичка и бирократска машинерија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИУтринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter