Во четирите општини на референдумот во северно Косово до 11 часот гласале 85 лица

Во Лепосавиќ гласале 46 лица, во Зубин-Поток седум, во Звечан ниту еден и во Северна Митровица 32 лица.

Претседателот на Централната изборна комисија Крешник Радониќи соопшти дека до 11 часот во четирите општини во северно Косово, каде се гласа за разрешување на тамошните градоначалници вкупно до 11 часот гласале 85 лица, со тоа што во една оштина не е регистриран ниеден глас, јави дописникот на МИА од Приштина.

На втората прес-конференција одржана за процесот на гласање, Радониќи рече дека, според податоците што ги добиле од општинските изборни комисии, во Лепосавиќ гласале 46 лица, во Зубин-Поток седум, во Звечан ниту еден и во Северна Митровица 32 лица.

Радониќи ги повика граѓаните од овие општини да го искористат своето право да учествуваат во гласачкиот процес.

Во четири општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, денеска се одржува гласање за разрешување на градоначалниците, како услов за одржување нови локални избори во тие општини, откако минатогодишните избори косовските Срби ги бојкотираа.

Бројот на граѓани со право на глас за процесот на гласање во четиерите општини е 46.556 гласачи.

За да биде успешно гласањето, треба да гласаат најмалку 50 отсто плус еден граѓанин. Доколку се исполни овој услов, тогаш вонредните избори ќе се одржат во законските рокови.

Во случај учеството да биде помало од 50 отсто, тогаш гласањето се смета за неуспешно и не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци.

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, но и други субјекти од оваа заедница, објавија дека нема да учествуваат на ова гласање и истото го побараа од српските граѓани од таа област.

Поранешните српски градоначалници на општините поднесоа оставки во ноември 2022 година по одлуката на Владата за промена на српските со косовски регистарски таблички. По неколку месеци, на 23 април 2023 година, се одржаа нови избори на север, но истите беа бојкотирани од Српска листа и од српските граѓани. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер