Во Чашка e откриена скулптура на бранителот Дејанчо Богдановски - Канал 5

Во Чашка e откриена скулптура на бранителот Дејанчо Богдановски

Во новоименуваниот парк „Дејанчо Богдановски“ во населба Чашка, со одлука на Советот на Општина Чашка, во присуство на семејството  градоначалникот Горан Стојановски и претставници на општината, неделава е откриена  скулптура во негова чест.

Во Чашка e откриена скулптура на бранителот Дејанчо Богдановски

Во новоименуваниот парк „Дејанчо Богдановски“ во населба Чашка, со одлука на Советот на Општина Чашка, во присуство на семејството градоначалникот Горан Стојановски и претставници на општината, неделава е откриена скулптура во негова чест, а по идејно решение на уметникот Озбек Ајваз насловена како „Гласникот на мирот", информира денеска за МИА, градоначалникот Горан Стојановски, кој појасни дека на барање на семејството не биле поканети медиумите.

Стојановски информира дека скулптурата не зборува со зборови, туку со тишината на металот, со јазикот на раната и сеќавањето.

Ова уметничко дело го претставува гулабот, универзален симбол на мирот кој во својот клун носи маслиново гранче.

Уметникот Озбек Ајваз, пак, појасни дека скулптурата е создадена од остатоци – парчиња отпаден метал, лим и железо. – Тие се материјали кои животот ги оставил зад себе студени, рѓосани, заборавени, но токму од тие парчиња, од тие траги на минатото, се роди форма што повикува на мир, сеќавање и почит, посочи Ајваз.

Инаку Дејанчо Богдановски е македонски бранител, војник на АРМ, роден на 27 февруари 1980 година во Чашка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 24 март 2001 година.

Тој е еден од шестемина велешки бранители кои го положија својот млад живот за територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија. Посмртно бил одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р.Македонија.

Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки.

Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки, додавајќи дека неговата администрација веројатно ќе воведе царини од „малку повеќе од 10 проценти“ на овие земји.

Трамп, разговарајќи со новинарите по пристигнувањето од настан во Питсбург, рече дека е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за воспоставување општи царини за повеќе од 20 земји, јавија британските медиуми.

-Наскоро ќе објавиме писмо каде што ќе зборуваме за многу земји што се значително помали. Веројатно ќе ставиме една царина на сите нив... Веројатно малку над 10 проценти, рече тој.

Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук.

Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук во состав Сузан Мерт-Томази на виолина, Андреј Јаблоков на виолина, Елеонора де Пои на виола, Леонардо Сесена на виолончело и Драган Трајковски на контрабас.

Тиролскиот симфониски оркестар го сочинуваат виолинистите Сузане Мерт-Томази која е член на оркестарот од 1998 година и често ја остварува функцијата на трет концерт-мајстор на оркестарот и членува во Тиролскиот ансамбл за нова музика, нејзиниот колега од групата втори виолини Андреј Јаблоков од Братислава кој е член на оркестарот од 2012 година. Покрај нив, движечка сила на квинтетот е Драган Трајковски, контрабасист со потекло од Македонија кој е водач на групата контрабаси на ТСОИ повеќе од 15 години, како и двајца нови членови на ТСОИ- водачот на групата виоли Елеонора де Пои и соло виолончелистот Леонардо Сесена. Де Пои има настапувано како оркестарски музичар во театрите во Фиренца, во „Ла Фениче“, како и во оркестарот на Националната академија „Санта Чечилија“, додека пак Сесена бил член на оркестарот на Миланската „Ла Скала“, како и заменик-водач на групата виолончела на Лондонската филхармонија.

На програмата на вечерашниот концерт во „Света Софија“ се дела на Гулда, Дворжак и Трајовски-Фис.

Најскапа патарина?! Оваа цена ги разбеснела патниците низ цела Европа – поскапа е и од Швајцарија!

Патувањето со камп-приколка требало да биде ралаксирачко, но за еден патник од Германија заврши со скапо изненадување – патарина.

Најскапа патарина?! Оваа цена ги разбеснела патниците низ цела Европа – поскапа е и од Швајцарија!

И тоа не било каква: поминувањето низ тунел долг само 15 километри меѓу Франција и Италија го чинело дури 72,60 евра, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Патарини и вињети се стандард во многу европски земји, но некои примери знаат да остават горчлив вкус. Во Фејсбук групата „Camping Switzerland“, еден корисник сподели сметка за поминување низ тунелот Фрежис, кој ги поврзува двете земји. Основната цена на патарината изнесувала 60,50 евра, додека дополнителни 12,10 евра биле за ДДВ.

Можеби ќе ве интересира: Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

И после некој ќе каже дека Швајцарија е скапа – напиша тој, предизвикувајќи лавина реакции.

Луѓето коментираа дека ваквата цена е претерување и се прашуваа како е можно ЕУ да го дозволува тоа. Една корисничка предложи и други познати тунели, како Готард или Сен Бернар, да воведат слични цени – но само за странци. Други, пак, го свртеа разговорот против Германците: „Ги затрупуваат Алпите, нека си платат“, беше еден од коментарите.

Но, имаше и такви што се обидоа да ги смират тензиите.

– Секогаш истата приказна – против Германците. А штом почне шопингот, сите доаѓате кај нас – напиша еден член на групата, огорчен од стереотипите.

Можеби ќе ве интересира: Од 4 јули нови цени на патарините низ Србија

Некои сепак ја истакнаа клучната поента: можеби е време сериозно да се размисли за цените на возењето. „Превише евтино возење со автомобил доведува до гужви. Ако патарините беа двојно поскапи, ќе имаше помалку автомобили на патиштата“, наведе еден член, пренесува „Блиц“.

притисни ентер