МакедонијаВо Чаир расчистени 20 кубни метри отпад од диви депонииВо рамките на акцијата за генерално чистење на општината Чаир се расчистени 20 кубни метри отпад од диви депонии.Во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење на општината Чаир што започна на 18 април во организација на Градот Скопје и јавните градски претпријатија, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 20 кубни метри несовесно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини во оваа скопска општина. Расчистени се две диви депонии лоцирани на улицата Архиепископ Доситеј и раскрсницата меѓу улицата Џон Кенеди и булеварот Македонско-косовска бригада. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и секојдневни активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации. Од почетокот на акцијата, во специјалните садови што Претпријатието ги постави во оваа скопска општина се одложени вкупно 60 кубни метри кабаст отпад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
СветРуски воен брод пукал кон јахта во ЛаманшМорнари од руски воен брод испукале предупредувачки истрел кон јахта што му се приближила во Ламанш, дознава британската новинска агенција „Press Association (PA)“.Инцидентот се случил во вторник околу 11:40 часот, а според неофицијални информации, вмешана била руската фрегата „Адмирал Григорович“. Сè се случило во морската област помеѓу британскиот остров Вајт и францускиот регион Нормандија. [Unconfirmed] Russian frigate Grigorovich has fired warning shots at a British yacht in the channel. British and French ships are mobilising in response. Incident comes after the Royal Navy boarded Shadow Fleet tanker SMYRTOS (IMO: 9389100) which has been sanctioned by HM… — Martin Kelly (@_MartinKelly_) June 16, 2026 Истрел бил испукан кога цивилен брод кој се приближил кон руски воен брод Крајбрежната стража во понеделник попладне добила дојави од цивилен брод под британско знаме што пловел во близина на руската фрегата „Адмирал Григорович“. Од британскиот брод било пријавено дека Григорович испукал предупредувачки истрел откако двата брода поминале опасно блиску еден до друг во каналот. Настанот е најнов во низата индикации за растечки тензии меѓу Велика Британија и Русија. Напад на командоси врз руски танкер Само два дена претходно, во недела, британските сили спроведоа голема операција во истиот канал. Командосите на Кралските морнарички сили и Националната агенција за борба против криминалот (NCA) извршија рација и ја презедоа контролата врз танкерот „Смиртос“. Бродот е под меѓународни санкции и припаѓа на таканаречената „флота во сенка“ на Русија, која се користи за таен транспорт на нафта. Извор: Индекс.хрТагови: воен брод Ламанш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБолнички службеник фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувањаАдминистративен службеник во ЈЗУ општа болница Прилеп е осомничен дека фотографирал дебитна платежна картичка на прилепчанец, а потоа со нејзините податоци извршил десетици интернет-трансакции, при што незаконски потрошил повеќе од 90.000 денари.Според пријавата од МВР, на 13 октомври минатата година, осомничениот, кој работел како административен службеник на шалтер за наплата во прилепската болница, ја фотографирал дебитната платежна картичка на лице од Прилеп. Потоа, во периодот до 19 февруари годинава, користејќи ги податоците од картичката, извршил вкупно 71 интернет-трансакција, при што била предизвикана штета во износ од 90 илјади денариТагови: банкарска картичка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМилошоски и Хрицова: Потврдена словачката поддршка за евроинтеграцијаПотпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова.На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби, билатералната соработка и европските интегративни процеси на нашата земја. Притоа, беше истакната континуираната поддршка што Република Словачка ја дава на политиката на проширување на Европската Унија, како една од земјите членки на групата „Пријатели на проширувањето“. Соговорниците посебно се осврнаа на можностите за понатамошно унапредување на меѓупарламентарната соработка меѓу двете држави, преку интензивирање на комуникацијата и размената на искуства меѓу парламентите. Воедно, беше посочено дека Република Словачка од 1 јули 2026 година, ќе го преземе претседавањето со Вишеградската група, што претставува дополнителна можност за продлабочување на регионалната соработка и за афирмирање на европските перспективи на земјите од Западен Балкан. Потпретседателот Милошоски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка од Република Словачка и ја нагласи важноста од одржување на конструктивен дијалог и партнерски односи во однос на исполнувањето на нашите реформски приоритети.Тагови: Антонијо Милошоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38