3СДСМ до Мицкоски: Инвестиции во дигитализација и луѓе или уништување на струја, екосистем и замена на младите?
3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
ЖивотВо центарот на Њујорк поставена новогодишната елкаНовогодишната елка пристигна во Њујорк, со што се означи поетокот на празничната еуфорија.Норвешката смрека висока 22,5 метри во центарот Плаза на Менхетн беше донесена и подигната со кран. На нејзиниот врв ќе заблеска звездена кула со 3 милиони кристали, а за да се закити елката чиј дијаметар е 13 метри, ќе бидат потребни дури 8 километри сијалички со над 50 илјади разнобојни лед светилки. Чинот на поставуваењ на новогодишната елка во Њујорк го снимаа десетици луѓе. Но самата церемонија за нејзиното осветлување е закажана за 4 декември. Инаку, ова е прва новогодишна елка од центарот Рокфелер од Масачусестс од далечната 1959 годинаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХамилтон не престанува да зборува за Ким: Не и е грижа за лошите коментари Легендата на Формула 1, Луис Хамилтон повторно јавно проговори за својот однос со ријалити-ѕвездата Ким Кардашијан.Ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон, ја спомена својата девојка Ким Кардашијан додека им се обраќаше на фановите во Силверстоун пред Големата награда на Велика Британија во четврток, 2 јули. Ова не е прв пат Хамилтон некако да ја искаже својата љубов кон Ким пред сите, истото го направи и во Монако. Откако публиката аплаудираше, еден од возачите се пошегува и праша: „Дали е поради брзиот автомобил или поради новата девојка?“ Хамилтон се насмеа на тоа и одговори: „Да, добро прашање“. Потоа Хамилтон му се заблагодари на својот тим од Формула 1, а потоа ја спомена и својата девојка, со која медиумите го поврзуваат од февруари. „Кога ќе поминете една година со овој тим, сфаќате дека Ферари сè уште е најлегендарниот тим на сите времиња, иако минуваше низ тежок период. Тоа е неверојатен тим и сите одлично ме прифатија. Првата година, се разбира, беше многу тешка, но сега конечно гледаме дека целиот вложен труд нè враќа таму каде што сакаме да бидеме.“ На крајот, со насмевка додаде: „И секако, секако, тука е Ким“.Тагови: Ким Кардашијан Луис Хамилтон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законикВенко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик, работат против правото на дијаспората да гласа поради страв од уште поголем пораз .СДС и Левица, предводени од Венко Заев и Апасиев, настапуваат синхронизирано во обидот да го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Со поднесување на десетици илјади амандмани тие го кочат законското решение кое со месеци беше усогласувано со учество на сите политички партии. Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС, ги притисна да се противат на електронско гласање на дијаспората, затоа што токму тие луѓе заминаа од државата поради нивното катастрофално раководење со Македонија. Свесни за исходот, одат против носење на нов Изборен законик. Од друга страна пак, го имаме Апасиев и Левица на кои никогаш не им е доста од повеќе пари, па од кога ја исцедија сопствената партија, побараа повеќе пари за финансирање на кампњата, нешто што едногласно беше прифатено за новиот Изборен законик. Меѓутоа, глумецот Апасиев сака да се претстави како тврдокорен и тој договор што го прифатија позади завесата за нов Изборен законик, не му одговара пред завесата и не сака да го потпише договорот, за да се покаже пред своето мало гласачко тело како Робеспјер. Очигледно е дека ниската доверба како и падот на рејтингот на СДС и Левица ги наведуваат на политички блокади наместо на конструктивна работа. Наместо да помогнат државата да ги исполни реформските цели и да го задржи темпото во користењето на средствата од Планот за раст, тие избираат конфронтација и опструкција. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Наш приоритет останува спроведување на реформите, носење на квалитетни законски решенија и обезбедување на еднакво избирачко право за сите македонски граѓани, вклучително и за дијаспората. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37
МакедонијаПожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајотПретпладнево во атарот на Општина Пробиштип на отворен простор избувна голем пожар кој веќе предизикува проблеми и во сообраќајот Густ чад се шири во околината и создава сериозни потешкотии во сообраќајот. Големиот чад создал димна завеса над регионалниот пат Штип–Пробиштип, поради што видливоста е значително намалена, а возилата се движат со намалена брзина. Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37