ЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените
2ЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените
ЖивотВо Британија е пронајден рекорден отпечаток од диносаурус: Мислев дека е шега (ФОТО)На британскиот „Брег на диносаурусите“ неодамна е пронајден рекорден отпечаток од овој одамна изумрен вид.Отпечатокот од Јура, долг речиси еден метар, е најголем од ваков вид откриен во Јоркшир. Илјадници отпечатоци од диносауруси и многу фосили се пронајдени покрај брегот на таа област. Последниот случајно го пронашла археологот Мари додека шетала по брегот во април 2021 година. "Не можев да поверувам кога го видов, морав да го проверам неколку пати. Сум сретнала некои помали отпечатоци и порано, но ништо слично", изјави Вудс. По ова случајно откритие, археологот му се обратил на палеонтологот Дин Ломакс од Универзитетот во Манчестер и го прашала за мислење за откритието до кое наишла во заливот Бурнистон. „Мари ме контактираше додека сè уште беше долу на плажата, со фосилот пред неа. Отпрвин, да бидам целосно искрен, помислив дека тоа е шега. Се чинеше невозможно Мари да се шета наоколу и да се случи толку голем отпечаток. Освен тоа, таа е археолог. Порано се шегувавме дека еден ден ќе има неверојатно палеонтолошко откритие“, рече Ломакс, а пренесува Си-Ен-Ен. Отпечатокот со три прсти е еден од само шестте пронајдени во областа. Првиот бил откриен во 1934 година. "Ова важно откритие дополнително докажува дека џиновските месојади талкале на овој дел од земјата за време на периодот Јура. Типот на стапалото, во комбинација со неговата старост, сугерира дека го направил диносаурус сличен на мегалосаурус", рекол локалниот геолог Џон Хадсон. Мегалосаурус бил еден од најголемите предатори на своето време, имал голем череп вооружен со остри, назабени заби. Бил долг од 8 до 9 метри. Експертите подоцна го однеле отпечатокот во музејот и галериите на Скарборо за да го заштитат од понатамошна ерозија. Ова им овозможило на Хадсон и Ломакс детално да го проучат ова откритие. Тие го анализирале обликот на стапалките, бројот на прстите и трагите од канџите, како и отпечатоците од кожата на диносаурусите. She saw the giant dinosaur (print) by the seashore! Great to see BA #Archaeology & MA #Heritage @UWTSDLampeter #UWTSDgrad Marie Woods on @BBCNews talking about her big beach discovery! @MarieEWoods #postgraduate #StudyOnWithUWTSD @UWTSD pic.twitter.com/a015VitGmC — Study with UWTSD (@StudyUWTSD) April 15, 2021 „Најинтригантната карактеристика на ова откритие е долгото парче на задниот дел од стапалото, отпечатокот на она што го нарекуваме метаподиум. Тоа значи дека нашиот голем месојад веројатно се свиткал или се одморал во калта пред да стане, да замине и остави вечна трага зад себе. Забавно е да се замисли како овој диносаурус шета по калливата крајбрежна рамнина во едно мрзливо неделно попладне во периодот Јура“, рече Ломакс. По завршувањето на работата на фосилизираниот отпечаток, властите ќе го изложат во музеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ – ново поглавје на меѓународната соработкаНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ фестивалот од Романија потпишаа Меморандум за соработка, кој претставува уште еден значаен чекор во меѓународното поврзување и афирмирање на Битолскиот театар.Меморандумот го потпишаа директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски и уметничкиот директор на Бабел ФАСТ, Ливју Келоу, со што се отвораат нови можности за размена на уметнички искуства, меѓусебна поддршка, гостувања, копродукции и заеднички театарски иницијативи. Оваа соработка е уште едно меѓународно признание за квалитетот, континуитетот и уметничкиот потенцијал на Народниот театар Битола, но и потврда дека нашиот театар одамна ги надминал локалните и националните рамки. Големината на еден театар не се мери само според неговата историја и традиција, туку и според неговата способност да создава нови вредности, да воспоставува партнерства и да биде препознаен и почитуван на меѓународната театарска мапа. НУ Народен театар Битола продолжува да гради мостови, да отвора нови хоризонти и да ја афирмира Битола како град на театарот и културата. Народен театар Битола – со корени во традицијата, со поглед кон светот!Тагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за женитеОва не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми.Народот вели „ни срам, ни перде“, а токму така денес изгледа ВМРО-ДПМНЕ кога по трагичните убиства не само на Ајнет во Битола и Билјана Кириќ во Богданци, туку на Рамајана, Танкица, Ивана и нејзината ќерка, и многу други, излегува со соопштенија и зборува за превенција и заштита на жените. Со кој морал, со кој образ и со кое чувство на политичка надмоќ раководството на ВМРО-ДПМНЕ се претставува како партнер на младите и жените во спречувањето на насилството, кога во Собранието двапати – не еднаш, туку двапати – го одби предлог-законот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за воведување електронски нараквици за следење на насилниците? „До кога ќе ги слушаме жените како молат да не бидат убиени а добрите предлог-закони ќе бидат во фиока? Доста со тоа „решете си го проблемот дома“, токму зад тие четири ѕида жени секојдневно живеат во страв, трпат насилство, молат за помош, а некои никогаш не излегуваат живи! Ова е насилството што го нормализиравме во Македонија“, вели претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Ова не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми. Наместо да пишуваат празни соопштенија и да се кријат зад половични решенија кои со месеци ги држат заглавени во собраниските фиоки уште од летото, власта имаше конкретен, сеопфатен предлог доставен од ЛДП – закон кој прецизно уредува не само воведување на електронската нараквица, туку и начинот на нејзина употреба, случаите во кои е задолжителна и итните мерки за заштита на жртвите. Да имаше ЛДП самостојно мнозинство во Собранието, овој систем одамна ќе беше функционален и ќе спасеше човечки животи, но во вакви услови неопходна е парламентарна поддршка. Затоа порачуваме: имате мнозинство во Собранието, веднаш прифатете го и изгласајте го предлогот на ЛДП! Престанете да испраќате лицемерни соопштенија додека институциите и јавноста секојдневно се соочуваат со сѐ повеќе пријави за насилство кое завршува трагично. Секое ваше ново оправдување без конкретни дела само го зголемува гневот кај граѓаните. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаМицкоски: Најголемата победа на општеството е секое дете да добие можност да победи во живототОбраќање на премиерот Мицкоски - Oдбележување на 80год. од формирањето на Домот за деца без родители.„Почитувани претставници на институциите, Почитувано раководство и вработени во Детскиот дом „11 Октомври“, Почитувани згрижувачки семејства, Драги пријатели, Постојат институции чија вредност не се мери само со годините на нивното постоење, туку со човечките судбини што ги промениле, со надежта што ја вратиле и со иднината што помогнале да се создаде. Една таква институција е Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје. Осум децении традиција, човечност и посветеност. Осум децении во кои генерации деца пронашле сигурност, поддршка и можност да изградат подобар живот. И зад сето тоа стои една голема човечка мисија – ниту едно дете да не биде оставено само пред предизвиците на животот. Денес одбележуваме значаен јубилеј, но истовремено ја потврдуваме и нашата заедничка одговорност кон оние на кои најмногу им е потребна поддршка. Затоа што силата на една држава не се мери само преку економските резултати, изградените патишта или големите инвестиции. Нејзината вистинска сила се препознава и во начинот на кој се грижи за најранливите, во солидарноста што ја покажува и во можностите што ги создава за секој свој граѓанин. А грижата за децата е највозвишениот израз на таа одговорност. Почитувани, Ниту едно дете не ги избира околностите во кои ќе се роди, ниту предизвиците со кои ќе се соочи. Но секое дете има право на достоинствено детство, на образование, на љубов и на можност да ги оствари своите соништа. Токму затоа постојат институциите и токму затоа државата има обврска да обезбеди услови во кои животните околности нема да ја предодредуваат иднината на детето. Во изминатите осум децении, Детскиот дом „11 Октомври“ бил многу повеќе од установа за згрижување. Тој бил место на кое се градела доверба, се надминувале животни тешкотии и се создавале нови почетоци. Денес, со современите форми на згрижување, со станбените единици и со поддршката на згрижувачките семејства, оваа институција продолжува да ја развива својата мисија, ставајќи ги во центарот индивидуалните потреби, достоинството и благосостојбата на секое дете. И тоа е суштината на современата социјална заштита. Да не гледаме само на обезбедувањето сместување и основна грижа, туку на создавањето вистинска семејна атмосфера, на емоционалната сигурност, образованието, личниот развој и подготовката за самостоен живот. Особена благодарност денес заслужуваат згрижувачките семејства, луѓето кои со својата хуманост покажуваат дека семејството не го создаваат само крвните врски, туку и љубовта, пожртвуваноста и чувството на припадност. Вие сте доказ дека големите човечки дела често се случуваат далеку од очите на јавноста, во секојдневните разговори, во грижата за училишните обврски, во охрабрувањето по неуспехот и во радоста за секој детски успех. Вашата улога е незаменлива, а нашата обврска како институции е да ви обезбедиме поддршка, стручна помош и услови во кои ќе можете успешно да ја исполнувате оваа благородна мисија. Драги пријатели, Како претседател на Владата, сакам да нагласам дека грижата за децата без родители и без родителска грижа не е само прашање на социјална политика, туку прашање на нашата човечка и национална одговорност. Нашата цел е да градиме систем кој нема само да ги заштитува децата, туку ќе ги охрабрува да ги развиваат своите способности, да стекнуваат знаења и вештини и да станат самостојни, успешни и рамноправни членови на општеството. Посебно внимание мора да посветиме на преминот од згрижувањето кон самостојниот живот, затоа што вистинскиот успех на системот не се мери само со грижата што ја обезбедуваме денес, туку и со можностите што ги отвораме за утре. Образованието, професионалното оспособување, вработувањето и социјалната интеграција мора да бидат дел од еден поврзан и одржлив пристап. Тоа е насоката во која треба да се развива нашиот систем на социјална заштита. Систем кој ќе препознава потенцијал наместо ограничувања и кој на секое дете ќе му даде можност да успее. Во таа мисија, неизмерно значење имаат и вработените во Детскиот дом „11 Октомври“. На сите педагози, психолози, социјални работници, негуватели и останати вработени сакам да им изразам искрена благодарност за нивната професионалност и посветеност. Вашата работа бара многу повеќе од стручност. Таа бара трпение, разбирање, човечност и секојдневна подготвеност да бидете потпора во најважните моменти од детскиот развој. Можеби резултатите од таа работа не се секогаш видливи во јавноста, но тие остануваат трајно запишани во животите на луѓето на кои сте им помогнале. И тоа е најголемото признание што една професија може да го добие. Почитувани присутни, Нелсон Мандела рекол дека не постои појасен одраз на душата на едно општество од начинот на кој тоа се однесува кон своите деца. Во оваа мисла е содржана и нашата најголема обврска. Да изградиме Македонија во која секое дете ќе има можност да расте без страв од иднината, да се образува, да напредува и да го пронајде своето место во општеството. Татковина во која човечноста ќе биде темел на институционалното дејствување, а солидарноста вредност што нè обединува. Затоа што секое дете во себе носи неисцрпен потенцијал. Меѓу децата за кои денес се грижиме се идните лекари, наставници, инженери, уметници и луѓе кои утре ќе ја градат нашата држава. Нашата задача е да им ги отвориме вратите кон таа иднина. Драги пријатели, Осумдесет години се голема историја, но уште поголема е одговорноста што таа историја ни ја остава. Да го зачуваме највредното од минатото, да ги унапредиме можностите на сегашноста и да создадеме подобри услови за генерациите што доаѓаат. Затоа што домот не го прават ѕидовите, туку љубовта. Семејството не го определува само потеклото, туку и грижата. А иднината не ја одредуваат околностите во кои сме родени, туку можностите што ги добиваме и силата со која ги остваруваме. И затоа нашата порака денес е јасна. Ниту едно дете не смее да биде заборавено. Ниту еден детски сон не смее да биде однапред изгубен. И ниту една животна судбина не смее да остане без шанса. Зашто иднината на Македонија не започнува со големите зборови и ветувања. Таа започнува со малите детски чекори, со подадената рака, со стекнатата самодоверба и со вербата дека утрешниот ден може да биде подобар. И токму затоа, најголемата победа на едно општество е кога секое негово дете ќе добие можност да победи во сопствениот живот. Нека е честита осумдесетгодишнината на Детскиот дом „11 Октомври“. Да живеат нашите деца! Бог да ја благослови Македонија! Ви благодарам.“ - изјави Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28