СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
1СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
1Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
БалканВо Брисел уште една средба на амбасадорите на ЕУ за Кластерот 3 за СрбијаАмбасадорите на Европската унија повторно ќе се сретнат денеска во Брисел по четири средби без постигнат договор за отворање нов кластер за Србија. Уште една шанса амбасадорите во Брисел да зборуваат за отворање на Кластерот 3 добија на инсистирање на Унгарија, која претседава со ЕУ до крајот на годинава, пренесе Бета. Во очекување на одлуката за отворање на Кластерот 3 во преговорите со Србија, министрите одговорни за надворешни и европски прашања на Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија - во групата Пријатели на Западен Балкан, испратија писмо до претставниците на ЕУ во кое се наведува дека е време за одлучувачки напредок во интеграцијата на Западен Балкан. Во писмото се наведува дека Западен Балкан ќе биде „геостратешки лакмус тест за Европската унија“, и дека само со интегрирање на овој регион во семејството на ЕУ може да се обезбеди стабилност и просперитет на целиот континент. Земјите-членки на ЕУ во петокот не постигнаа договор за отворање на Кластерот 3 во преговорите со Србија. Како што информираа тогаш дипломатски извори, на состанокот на амбасадорите на земјите-членки немало разговори за Србија бидејќи неколку земји-членки не се согласиле со предлогот на унгарското претседателство да се покрене процедура за отворање на Кластерот 3. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во три наврати во изминатите недели не успеаја да постигнат договор за отворање на Кластерот 3 во пристапните преговори со Србија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖВо однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство. Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во нашата држава. Потенцираме дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза. Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи. Врз основа на наведеното, Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции. Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината,стои во соопштението од Министерсвото за здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече „српската Шакира“ „Српската Шакира“ се соблече во супер минијатурни бикини.Раперката Диа Костиќ важи за една од дамите со најатрактивна фигура насрпската јавна сцена, а сега се појавија и жешки фотографии од нејзиниот одмор. Атрактивната русокоса на фотките позира на тераса во минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата извајана фигура во прв план. Посебно внимание кај фановите предизвикал нејзиниот раскошен задникот, како и тесниот струк и долгите нозе. Диа позира пред луксузниот хотелски комплекс и базенот, а нејзиниот изглед дефинитивно не помина незабележано. Во опуштено издание, со брановидна руса коса и минимален накит, Костиќ уште еднаш покажа зошто привлекува големо внимание каде и да се појави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од ЕвропаАрамијата денеска седнува на извештај што сам не би го нарачал. „Македонија: излез од стапицата на среден доход“. Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија. БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот. Новите работни места се во ниска продуктивност и ниска плата. Дијаспората е над половина милион. Што ќе црта сега? Бајката „трети во Европа“, пропадна. Најбрз раст, падна. Пензии 16 пати повеке, падна. Фон дер Лајен му ја зеде лагата за идентитетот. Македонскиот јазик и културата се заштитени. Преспанскиот договор го нарече самиот ремек-дело. Сиљановска потврди дека идентитетот е заштитен. Тоа го зачува претходната влада. Не тој. Нема сега каде да бега. Веќе призна дека во буџетот фали милијарда евра. Потпиша нови 1,3 милијарди евра за нови долгови. За две години ги задолжи граѓаните за 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. Сега му треба алиби за избори. Не реформи. Излез. Затоа дефокус. Руска партија на далечински. Платформа за 1,6 милиони. Гета замина со 5,53 милиони народни. Нема друга бина. Мора да се обвини претходната влада. Народот не вели за џабе: лагите имаат кратки нозе. И кој лаже, тој и краде. Затоа бега од ЕУ. Затоа што бега од европско обвинителство и од Лаура Ковеши. Затоа се кара со Бугарија пред да се седне на разговор. Арамијата разговара. Не преговара. Изолацијата му одговара. Таа му носи слобода и луксуз. А авионот? Останаа ли пари во буџетот, или и тој ќе се црта на табла, да ни објасни како го болат колената од клечење. Нема бегање. Таблата е празна. Касата е празна. Време е арамијата да им положи сметка на граѓаните - за нивните пари и нивните интереси. Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08