ЖивотВо Бразил измерена највисоката температура досегаВо Бразил е измерена највисоката температура досега, дури 44,8 степени Целзиусови, во екот на неподносливиот топлотен бран што зафати делови од таа голема јужноамериканска земја.Рекордот беше соборен во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, соопштија официјални лица. Невидената жештина се припишува на феноменот Ел Нињо и климатските промени. Синоптичарите рекоа дека жештината веројатно ќе се намали оваа недела. Официјални лица на Националниот институт за метеорологија (Инмет) соопштија дека во трите главни градови на бразилските држави ќе бидат забележани температури до 40 степени, пренесе Си-Ен-Ен Бразил. Претходниот температурен рекорд беше 44,7 степени и беше измерен во 2005 година. Поради жештините, црвени предупредувања беа издадени во делови од земјата, еден месец пред почетокот на летото на јужната хемисфера. Потрошувачката на енергија во Бразил скокна на рекордно ниво, бидејќи луѓето се обидуваат да се разладат со клима уреди. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Драма во близина на Атина: Огнот голта куќи и шуми Голем шумски пожар, кој од областа Виотија се прошири кон Атика и подрачјето на Порто Гермено, зафати голема површина, а во неговото гаснење од утринава се вклучени девет противпожарни возила и четири хеликоптери.Пожарот се ширеше на два фронта, а во близина на градот Псата беше издадено предупредување за евакуација на жителите кон Алепохори и Мегара, објави ЕРТ. Како мерка на претпазливост, во текот на ноќта беа евакуирани и населбите Агија Параскеви, Агиос Нектариос и Крио Пигади. SCENES 🇬🇷 A #wildfire burning out of control on the #Greek mainland west of #Athens, one of several blazes burning in parts of the country#climatechange #heatwave pic.twitter.com/njRPV7wUpA — ShanghaiEye🚀official (@ShanghaiEye) August 1, 2026 За време на операцијата за спасување, припадници на крајбрежната стража и на противпожарната служба со чамци евакуираа 12 лица кои беа заробени на плажата во Порто Гермен. Сите беа безбедно пренесени во Алепо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски плановиСветската куќа на фудбалот, (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори.Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските првенства за мажи и жени). Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека се откажал од планот. „Проектот FIFA Forward Enterprise беше замислен како основа за понатамошно зајакнување на членките на ФИФА и развој на нашиот спорт низ целиот свет – особено во земјите каде што поддршката е најпотребна. Сепак, како што наведовме од самиот почеток, имплементацијата на проектот беше можна само со поддршка на мнозинството членки на ФИФА и преку консултации со нив, Советот на ФИФА, конфедерациите и другите засегнати страни.“ Откако внимателно ги сослушавме сите мислења, дојдовме до заклучок дека проектот предизвикал таква контроверзност што, без оглед на нивото на поддршка, тој повеќе не ја исполнува својата првична намена. Нашата цел отсекогаш била и останува иста – да се обединиме и да се подобриме. Во овој поглед, имплементацијата на овој предлог нема да се случи. „Во наредните денови и недели, имам намера повторно да ги соберам сите засегнати страни – во духот на заедничкиот интерес за нашиот спорт и со цел да продолжиме да го развиваме фудбалот насекаде, особено во оние земји на кои им е најпотребна нашата поддршка“, рече Инфантино во соопштението објавено на веб-страницата на ФИФА. Има шпекулации дека Инфантино ја изгубил поддршката од функционерите на ФИФА и контролата врз организацијата, па затоа може да се очекува дури и негова оставка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗемјотрес во Италија близу Неапол, 21 повреден, двајца во критична состојба (Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вулканското подрачје Кампи Флегреи во близина на Неапол, при што се повредени 21 лице, а двајца од нив се во критична состојба.Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) регистрираше земјотрес во саботата навечер на длабочина од три километри, објави порталот „Италпрес“. Неколку часа подоцна, околу 22 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,8 степени, а потоа беа забележани уште триесетина помали земјотреси. Земјотресот силно се почувствува во Неапол, каде што многу граѓани излегоа на улиците, а во некои делови од градот беше пријавен прекин во снабдувањето со електрична енергија.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook