Во болницата „8 Септември" од утре во функција новата микробиолошка лабораторија - Канал 5

Во болницата „8 Септември" од утре во функција новата микробиолошка лабораторија

Во ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември" од утре ќе функционира новата лабораторија за микробиологија, во која ќе се вршат сите потребни бактериолошки и вирусолошки испитувања, а во најскоро време и современи генетски испитувања.

Во болницата „8 Септември" од утре во функција новата микробиолошка лабораторија

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека со отворањето на новата лабораторија услугата ќе биде поблиску до пациентите, односно до сите граѓани кои доаѓаат во оваа институција.

– Дел по дел се надградува капацитетот на оваа болница. Пред неколку недели имавме претставување на една нова метода на интервенција со експертиза, за почеток од странство. Нашите лекари веќе се уходани во имплементирање на новата метода, а тоа е третман на метастатски болести на црниот дроб и дел по дел се зајакнува како инфраструктурно, така и знаењето, со цел оваа болница да може да ги пружи апсолутно сите интервенции, како што е тоа во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, истакна Филипче.

Тој најави дека за следната година имаат во план уште неколку активности, кои, како што рече, се провлекуваат повеќе години, а се однесуваат на застарената инфраструктура и поради тоа од почетокот на 2020 година планираат голема акција за инфраструтуктурно подобрување на сите општи болници и здравствени домови и клиники таму каде што е потребно во рамките на јавниот здравствен систем.

Директорот на ЈЗУ „8 Септември", Христијан Костов рече дека новата лабораторија ќе биде сместена во просториите на претходната Галенска лабораторија и истите тие простории се реновирани и функционално опремени со нова опрема, со што се овозможува соодветно функционирање на оваа микробиолошка лабораторија.

– За почеток микробиолошката лабораторија ќе функционира за пациентите кои се во болничката установа, односно хоспитализираните пациенти, за да по околу две недели ќе биде отворена и за сите пациенти амбулантски третирани, истакна Костов.

Тој додаде дека сите анализи кои ќе се спроведуваат за пациентите ќе бидат под Фондот за здравствено осигурување.

Специјалист микробиолог во болницата „8 Септември", Андријана Шумановска, рече дека лабораторијата е опремена со најсовремени машини и средства за функционирање, во почетокот ќе бидат овозможени сите бактериолошки испитувања, а во иднина ќе се работат и вирусолошки и молекуларни испитувања, како и најновите генетски испитувања што би можеле да се работат во самата лабораторија.

Во септември годинава во болницата „8 Септември" беше пуштен во употреба новиот Кардиоваскуларен центар во оваа болница, а претходно се финализираше инсталацијата на нов линеарен акцелератор. Станува збор за врвна технологија за третман на малигните заболувања. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Бела работна униформа и чизми оставија ветеринарите пред владата на мирниот протест како симбол дека ветеринарите ја напуштаат професијата која е исклучително значајна за целокупното здравје. 

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Ветеринарите преку мирниот протест пред владата и пред Ахв порачаа дека е крајно време да се разговара за финансиките проблеми но и со проблемите со контролата на болеста на терен со кои се соочуваат. Едно од најургентните барања на средбата во Ахв им било ветено дека за неколку дена ќе се среди е тоа да се одболкира процесот на контрола на земените примероци на крв со кои се вршат контролите на болестите на стоката од цела земја

Од барањата кои ги има упатено писмено до владата и до Ахв се и намалувањето на ддвто на ветериантните услуги што крајно ќе придонесе за помали давачки на сточарите како и зголемување на буџетот за ветеринарните ставки кој според нив за следната година е трикратно намален.

Дека состојботе во ветрианраниот сектор се крајно лоши беше нотирано и во последниот извештај од европската комисија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗ

ДУИ обвинува за непочитување на Законот за употреба на јазиците во државните институции, посочувајќи го како последен пример Институтот за јавно здравје. 

ДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗ

Од партијата тврдат дека директорката Марија Андоновска наредила службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик, а раководителите на секторите добиле инструкции преку телефонски пораки да ги известат вработените дека двојазичните документи повеќе нема да се прифаќаат. Бараат Владата и инспекторатот за употреба на јазиците да утврдат одговорност за функционерите, кои според нив, се поставуваат над законот.

-Со кое право директорка на државна институција си дозволува да прогласува за неважечки документи што го содржат албанскиот јазик? Кој ѝ дал надлежност да се поставува над законот. Затоа, денес директно ѝ се обраќаме на Владата на Македонија. Внимателно и темелно преиспитајте ги постапките на вашите функционери, кои се осмелуваат да се поставуваат над законот. Бараме конкретна одговорност за непочитувањето на Законот за употреба на јазиците, изјави Хоџа.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Андоновска, пак, категорично ги отфрла ваквите тврдења од ДУИ. Во изјава за Канал 5 ги оцени како лаги и политички притисоци. Децидна е дека во Институтот целосно се почитува Законот за јазици, а тоа според неа го потврдиле и од Инспекторатот за употреба на јазиците во контролата што ја извршиле во неодамна.

-Апсолутно ги отфрлам тврдењата на ДУИ. Во институтот доследно се почитува Законот за јазици. Тоа не е само моја изјава, туку ние имавме и посета од страна на инспектори во изминатиов период од Инспекторатот за употреба на јазиците и тие не утврдија никакви неправилности туку напротив, потврдија дека во Институтот доследно се почитуваат јазиците. Ваквите искази од ДУИ имаат за цел некои други мотиви. ДУИ не можат да разберат дека нема повеќе „како и до сега“. Поминаа времињата кога се земаше плата и не се одеше на работа, изјави Андоновска.

Според Андоновска не е првпат ДУИ да политизира нешто кадешто нема политика. Слични реакции од партијата на Ахмети имаше и во јуни кога реагираа поради промовирање натписи или содржини во институтот кои биле испишани само на македонски јазик.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехника

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање.

АД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехника

За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката.

Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со оваа програма ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“.

„Нашата цел не е само да им обезбедиме финансиска поддршка на студентите, туку да ги запознаеме најдобрите и најмотивираните млади луѓе со работата и можностите што ги нуди МЕПСО. Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи.

Иницијативата на министерката Божиновска е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри.

„Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти. Затоа ми е важно универзитетите и компаниите да соработуваат. Сакам младите да ја видат својата професионална иднина тука, во својата земја, и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика“, истакна министерката Божиновска.

Министерството за енергетика останува цврсто посветено на градењето долгорочни мостови меѓу образованието и енергетскиот сектор. Вложувањето во знаењето на младите инженери е наш врвен приоритет за обезбедување енергетска независност, одржлив развој и задржување на најдобрите кадри во нашата земја. Продолжуваме со креирање политики и иницијативи што ќе отвораат нови можности за стручно усовршување и професионална реализација на младите во македонскиот енергетски систем.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер