Во Битола завршува културно лето „БитФест 2024“ - Канал 5

Во Битола завршува културно лето „БитФест 2024“

Со музичко-сценската манифестација „Незаборав“, годинава посветена на композиторот Тоде Новачевски, вечер во Битола ќе се затвори културното лето „БитФест 2024“.

Во Битола завршува културно лето „БитФест 2024“

Традиционалната манифестација „Незаборав“ ќе се одржи на платото од Офицерскиот дом во Битола, каде во живо ќе бидат исполнети песни од композиторот Тоде Новачевски, а во изведба на познати битолски музичари - изведувачи.

-Манифестацијата е финансирана од Општина Битола, а како автор на проектот може да потсетам дека изминатите 13 изданија на „Незаборав“ беа посветени на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски, Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата Битолски Конзули, Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски – Бојс и други настани значајни за градот, изјави за МИА, Панде Димитровски.

Како што е познато, битолското културно лето почна со спектакуларен концерт „Симфонија на ѕвездите“ што се одржа на градскиот стадион во Битола, а во текот на летниот период на повеќе локации во градот се одржаа бројни културни настани кои како што информираа од локалната самоуправа, ги отсликуваат културните вредности на Битола./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Денеска на собраниска седница е  интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер