Во Битола заврши фестивалот на класична музика „Интерфест"

Со музички рецитал што го приредија казахстанските уметници Ајман Мусакаџајева, виолина и Сара Асамбајева-пијано, синоќа во Битола заврши 29. издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест".

Љубителите на класичната музика со аплауз го проследија и поздравија музичкиот рецитал исполнет со дела од Бетовен, Григ, Равел и Сен Санс, сонати во чија изведба доминираше една од најголемите интернационални ѕвезди на виолинската уметност, Ајман Мусакаџајева.

Синоќешниот целовечерен концерт се одржа во салата на битолскиот театар како една од неколкуте сцени на годинешниот „Интерфест" на кој освен македонски, настапија и уметници од Србија, Франција, Турција, Албанија, Русија, Австрија и Казахстан.

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест" секоја година се одржува под покровителство на Министерството за култура.

Вучиќ: Ќе ги победиме мафијашите, тоа им го гарантирам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и се обрати на јавноста преку Инстаграм со порака дека „државата ќе ја победи мафијата, без оглед на личните, политичките и какви било други последици“.

„Додека се боревме за подобар животен стандард, додека се боревме за Косово, за подобар здравствен систем за да можеме да лекуваме луѓе, некои во меѓувреме сметаа дека најисплатлива работа е да бидат мафијаши, да убиваат луѓе, да киднапираат наши граѓани, но ќе ги победиме, им гарантирам без оглед на личните, политичките и какви било други последици “, истакна Вучиќ во видеото.

Српскиот претседател рече дека „Србија во 2012, 2013 и 2014 година се бореше против тајкуните кои ја ограбуваа земјата и сакаа да ја уништат и кои успеаја во тоа“.

"Ја обновивме земјата. Денес, Србија е прва во Европа според стапката на раст, платите растат, пензиите растат, луѓето живеат подобро", заклучил Вучиќ.

Германец ги прскал луѓето со лут спреј ,зашто не одржувале дистанца

71-годишен Германец премногу сериозно го сфатил правилото за физичко растојание и ги прскал минувачите со спреј за самоодбрана базиран на лута пиперка, соопшти германската полиција.

Тој прво испрскал група џогери, а потоа и двајца велосипедисти во западниот град Ахен, се вели во полициското соопштение, додавајќи дека нападите биле извршени „без предупредување“.

Велосипедистите, брачна двојка на возраст од 51 и 49 години, успеале да го избегнат спрејот и застанале да повикаат полиција.

Човекот и рекол на полицијата дека нема друг начин да им покаже на другите да се придржуваат кон воспоставените мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

Тој е обвинет за предизвикување сериозни повреди и опасно попречување на сообраќајот.

Ахен е еден од најголемите урбани центри во Германија кој во моментов е класифициран како област со висок ризик поради високата стапка на заразени.

Најмалите француски модели заминуваат во историјата

По раскинувањето на ,,бракот” со Тојота, групацијата ПСА одлучи да го прекине производството на своите супермини возила.

Одлуката е конечна, а тоа значи дека Citroen C1 и Peugeot 108 заминуваат во историјата. Иако нема потврда, Ројтерс дознава за ова од три различни извори, а причината е една - парите. Имено, супермините се товар само на производителот, тие не носат профит и нивната популарност опаѓа. Со поригорозните стандарди за емисија на штетните гасови, ќе мора да направат модификации на моторот, но и да инсталираат скапи системи за филтрирање на издувните гасови, што дополнително би ја зголемило цената на автомобилот.

Добрата вест е дека постои шанса за еден вид наследник. По обединувањето со FCA, можно е Французите да му го препуштат развојот на најдобрите во А сегментот - Fiat. Панда, а особено 500 се имиња кои се наоѓаат на европските патишта со децении.

притисни ентер