Во Битола вечерва почнува ИФФК „Браќа Манаки" - Канал 5

Во Битола вечерва почнува ИФФК „Браќа Манаки"

Со перформанс од режисерот Срѓан Јанаќијевиќ и со доделување на наградата Златна Камера 300 за животно дело на американскиот кинематограф Едвард Лакман,во Битола почнува 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки".

Во Битола вечерва почнува ИФФК „Браќа Манаки"

Во Битола од синоќа пристигнуваат фестивалските филмски ѕвезди како што е Хозе Луис Алкаине, кинематографер на филмот „Болка и слава" од Педро Алмодовар, кој воедно ќе биде и првата фестивалска проекција на големото платно во битолскиот Центар за култура. Во кино салата меѓу гостите ќе бидат и ирскиот режисер и филмски драматург Џим Шеридан, потоа режисерот Фатих Акин, филмаџии од државата и странство, филмофили и студенти од академии за филм и филмска уметност во Европа.

Филмовите во конкуренција ќе ги оценува меѓународно жири предводено од Лакман, а во одлучувањето ќе му помагаат и Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Северна Македонија.

– Ноќеска вршевме последни подготовки за пречек во кино салата. Подготвени сме и вратите ќе бидат отворени за сите што со нетрпение и возбуда го очекуваат почетокот на фестивалот на кинематограферите од светот, велат од Центарот за култура-Битола во чии простории се одржува фестивалот„Браќа Манаки".

Со одлука на организаторот, на јубилејниот фестивал ќе биде доделена Златна „Камера 300" и на француско-грчкиот директор на фотографија Јоргос Арванитис, а со одлука на Друштвото на филмски работници на Македонија, наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм" ќе му биде врачена на композиторот Љупчо Константинов.

Интернационалниот фестивал на филмската камера во Битола е најстар фестивал во светот посветен на филмските кинематографери кој прв пат се одржа во 1979 година во чест на браќата Јанаки и Милтон Манаки. Од 1991 година фестивалот има натпреварувачки карактер./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-Ток

Пет тинејџери загинале во Ирска додека се снимале себеси за Тик-Ток како возат во спротивна насока на автопат.

Петмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-Ток

Трагичната сообраќајна несреќа, која повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на социјалните мрежи, се случила на 16 август, кога момчињата на возраст од 15 до 18 години маскирани со автомобил „БМВ“ се обидувале да предизвикаат полициска потера.

Нивиното возило се судрило со „Хјундаи“ во кој патувале три сестри и едно дете, кои биле сериозно повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“

Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50% што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи.

Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“

Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека одлучил да ги прекине преговорите.

- Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на кој било договор, рече Карни и објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека царините, кои се однесуваат на канадската стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија, додека САД продолжуваат со воената блокада на иранските пристаништа и поморскиот сообраќај.

Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија

Обраќајќи се пред собир во Јужна Каролина во рамки на кампањата за сенаторката Дарлин Греам, која се кандидира за местото на нејзиниот покоен брат Линдзи Греам, Трамп изјави дека теснецот во моментов го гледа како американска територија и додаде дека сè уште не знаат дали победиле. Во текот на говорот, тој се пошегува и околу нападите врз Иран, велејќи дека е петок навечер и дека имаат многу време.

Американската централна команда соопшти на социјалните мрежи дека воените сили досега пренасочиле 68 комерцијални бродови со цел почитување на блокадата. Администрацијата на Трамп врши финансиски притисок врз Иран преку ограничување на пристапот до водниот пат кој граничи со Иран и Оман и низ кој вообичаено минува околу една петтина од светската нафта што се пренесува по морски пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер