Во Битола свечено затворање на 56-то издание на „Илинденски денови“ - Канал 5

Во Битола свечено затворање на 56-то издание на „Илинденски денови“

Синоќа со доделувањето на признанија и награди, односно прогласување на најуспешните фолклорни групи, КУД, ансамбли и поединци кои настапија на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ - Битола,заврши 56-то издание .

Во Битола свечено затворање на 56-то издание на „Илинденски денови“

Синоќа со доделувањето на признанија и награди, односно прогласување на најуспешните фолклорни групи, КУД, ансамбли и поединци кои настапија на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ - Битола, заврши 56-то издание кое беше едно од најдолгите во својата историја.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски, кој истакна дека да се биде во Битола во овој период од годината е навистина привилегија, како за граѓаните така и за гостите, за нашите иселеници и сите добронамерници.

„И за нас како добри домаќини е привилегија што секоја година уживаме во песната, играта, фолклорот. А, е привилегија бидејќи боите, звуците и душата на домашниот и светскиот фолклор, одекнаа од најубавите фестивалски сцени почнувајќи од Офицерскиот дом, преку Широк сокак, Безистенот, Музејот, Магазата, Плоштадот Магнолија, па се до Старата чаршија.

Годинава го имавме историски најдолгото издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, кој има и интернационална димензија со нашите пријатели од десетици земји од светот.

Традицијата има свои сведоци со песни што не стареат. Големи аплаузи за она што успеало да опстане низ времето, песната, чекорот, гласот, носијата и приказните што генерации ги носат со себе“ рече градоначалникот Коњановски.

Градоначалникот рече дека културата е светлина што не се гасне, а фолклорот не е само традиција, туку иднина што ги чува корените.

„Најдобриот начин да се празнува е токму преку културно – уметничкиот израз кој поврзува и одржува.Тоа уште еднаш потврдува дека со гордост, како Македонци и како Битолчани, ги продолжуваме традициите на нашите предци, пренесувајќи им порака на младите генерации за нивната обврска, да продолжат да го почитуваат делото на носителите на двата Илиндена и сите оние кои ги дадоа своите животи за денешната слобода, во која само низ културно издигнување можеме да продолжиме да го трасираме патот на напредокот. Нека ни е честит Илинден“ беше пораката на Коњановски.

Директорот на Центарот за култура Сашо Илковски во свото обраќање рече дека пред 18 дена започна приказната на 56-то издание на фестивалот со надеж дека и ова издание ќе биде уште една успешна страница во историјата на фестивалот.

„Вечерва со гордост можеме да кажеме дека таа надеж ја претворивме во реалност. Во изминатие денови Битола беше вистинска точка на поврзување. Град во кој се сретнаа различни народи, јазици, традиции, култури. Град во кој музиката, играта и песната станаа универзален јазик на пријателство“ рече Илковски.

На свеченото затворање на фестивалот беше вечерта на интернационална музика и игра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците на студенти запишани во прва година што ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука .

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците за сместување бруцоши во академската 2026-2027 година ќе бидат објавени и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот.

Приговор во однос на резултатите студентите може да достават во домот каде аплицирале за сместување и тоа во рок од 10 дена од денот на објавување на списоците.примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Инаку,вчера беше пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во кој ќе може да се сместат 1 150 студенти меѓу кои и бруцоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава.

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен Балкан.

Таа ја поздрави образовната програма и истакна дека студентите, како идни европски професионалци и лидери, со своето знаење и критичко размислување можат да придонесат кон мирот, безбедноста и солидарноста на европските народи и граѓани.

За неа, сестраната регионална соработка и меѓусебната подршка на патот кон ЕУ имаат исклучително значење не само за нашите меѓусебни односи, туку и за оние на членките на ЕУ кон нас.

Студентите се интересираа за уставните надлежности на претседателот во внатрешната и надворешната политика, како и за неговата реална улога во евроинтеграцијата.

Тие ѝ поставија на Сиљановска-Давкова прашања врзани за: последиците од (не)спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур врз кредибилитетот на европските институции; македонската европската перспектива и можностите за интеграција во амбиент на постојната блокада; придобивките од членството во ЕУ, како за македонската држава, така и за Унијата, како и за ставот на претседателката за етапната интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Претседателката смета дека проширувањето треба да биде засновано врз исполнување на Копенхашките критериуми.

Исто така, верува дека постепената интеграција може да донесе конкретни придобивки уште пред полноправното членство, но дека не смее да биде негова замена.

Сиљановска-Давкова потсети дека органите на ЕУ не смеат да заборават на принципите и вредностите, содржани во конститутивните документи, без коишто ЕУ не може да биде заедница, туку само политичка и бирократска машинерија.

Сиљановска-Давкова истакна дека, како претседателка со директен и силен изборен легитимитет има обврска да ги претставува сите граѓани и затоа инсистира на дијалог и консензус за прашањата од национален интерес.

На крајот, студентите ѝ се заблагодарија на претседателката за дијалогот и ја поканија да го посети Колеџот на Европа во Тирана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска треба да продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази од одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судскиот процес за за пожарот во дискотеката „Пулс. 

Денеска треба да продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

Во текот на доказната постапшка се оечкува да сведочат дури 244 лица, информираше претседателката на Кривичниот суд.

Во меѓувреме, на 3 октормври завршува притворот на газдата на Пулс, првообвинетиот Дејан Јованов – Деко. Согласно законот за кривична постапка, притворот не може дополнително да му биде продолжен, бидејќи в сабота се навршува една година од одобрувањето на обвинителниот акт. Поради тоа, судот по службена должност ќе треба да одлучи со какви други мерки ќе го обезбеди неговото присуство во натамошната постапка

Одбраната на Јованов најави гаранција во имот вреден речиси 200 илјади евра, со образложение дека со тоа дополнително ќе се гарантира дека тој нема да ја напушти државата. Но, одлука засега нема. Списите за гаранцијата се испратени до јавното обвинителство, од каде, според судот, сè уште нема пристигнато мислење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер