Во Битола се одржа трибина за подигнување на свесноста за важноста на органодарителството - Канал 5

Во Битола се одржа трибина за подигнување на свесноста за важноста на органодарителството

Ирена Ралева Најдеска во битката за срце за нејзиниот сопруг кој чека 9 години трансплантација на срце оргнизира трибини за трансплантација и ја менува свеста и реланоста за важноста за органодарителството.

Во Битола се одржа трибина за подигнување на свесноста за важноста на органодарителството

Таа со апел до сите граѓани, органите кои може да се донираат од починати и спасуваат животи е надеж и за болниот и за семејството на починатиот дека нивниот билзок дал виза за живот.

„Ние знаеме што е да се чека орган, и затоа почнавме со трибини за спас на сите што чекаат и се надеваат. Само вака може да ги едуцираме луѓето и да им помогнеме“, изјави Ирена Ралева Најдеска.

На националната листа чекаат околку 200 пациенти органи од починат дарител. Националниот координатор доктор Кузмановска објаснува дека транспалантацијата е сериозен регулиран процес со тим одличен тим. Во 2025 година имаме комплетно обработено 13 потенцијални донори, а согласност сме добиле за 3 трансплантации, објснува Кузмановска.

„Голема благодарност до сите семејства кои донираа органи, треба да бидат пример за емпатија и давање можност за продолжување на живот кај друг кој човек кој може да се спаси“, изјави проф-др. Билјана Кузмановска национален координатор

„Само обединети може да направиме успех и да слушнеме голем успех“, вели проф.д-р Сашко Јовев КАРДИОХИРУРГ.

На трибината позитивен пример беа успешните трансплантации од жив донор. Маја Горјанова пред една деценија ѝ го спасила животот на сопствената ќерка, која тогаш имала само седум месеци, донирајќи ѝ дел од својот црн дроб.

„Операцијата беше долга десет часа со голема надеж и верба моето тогаш бебе успеа да биде жива. Многу важно најважно е да кога се може да се спаси живот“, изјави Маја Горјанова.

Најголем број интервенции во Македонија се од Универзитетската клиника за урологија. Досега имаат направено 525 пресадувања на бубрези, но за професорот Сашо Дохчев многу е важна донирањето органи од починат.

Во Македонија трансплантација се врши од живи дарители или од донори кај кои е констатирана мозочна смрт. Секој граѓанин е потенцијален донор доколку за време на животот не потпишал изјава дека се откажува од донирање органи. Последниот збор го има семејството на починатиот кој дава соглансот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор

По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба.

Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор

По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба, со цел во наредниот период да се интензивира социјалниот дијалог и заеднички да се работи на изнаоѓање прифатливо и одржливо решение за регулирање на статусот и правата на културните работници и уметниците, соопштија од Минстерството.

-Министерот Сулејмани смета дека трудот, професионалниот ангажман и придонесот на вработените во културата мора да бидат соодветно вреднувани и дека во процесот што следува треба да се изнајде решение со кое нивните права и интереси ќе бидат соодветно заштитени.– стои во соопштението..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)

Утврден идентитетот на лицето кое постави знаме на полициско возило во Тетово.

Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)

Во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, кога за време на прославата на Денот на албанското знаме беше поставено албанско знаме на полициско возило, по преземените мерки утврден е идентитетот на лицето.

Лицето, во присуство на родител, е повикано на разговор во полициска станица, со цел целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следи соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада, а за време на митингот, некои учесници фрлаа петарди, на што полицијата одговори со солзавец.

Според „Еуроњуз“, протестот се совпаѓа со албанскиот празник Ден на ослободувањето.

Ситуацијата на протестот ескалираше откако демонстрантите фрлаа петарди и други предмети пред седиштето на владата, на што полицијата одговори со солзавец.

Протестот се одржа еден ден по демонстрациите на 28 ноември, за време на кои се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, со употреба на солзавец и молотови коктели, додека неколку граѓани беа приведени, а десетици побараа медицинска помош.

Според здравствените служби, вчера 50 лица беа упатени на медицинска помош, вклучувајќи 17 полицајци, 21 демонстрант, шест новинари и шест минувачи.

Полицијата во Тирана уапси 12 лица и отвори кривични постапки против 19 други за насилство за време на протестот одржан претходниот ден во главниот град на Албанија. Протестот, одржан на 114-годишнината од независноста на Албанија, беше организиран поради незадоволството на граѓаните од работата на владата на премиерот Еди Рама и барањата за негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер