Во Битола се одржа научен собир „Академски такт за фолклорот и етнологијата"

Соработката меѓу институциите е една од најубавите работи и таа генерира нова енергија.

Националната установа Центар за култура и Македонско научно друштво-Битола одржаа стручно-научен собир со наслов „Академски такт за фолклорот и етнологијата" и промовираа зборник на трудови посветен на два големи јубилеи, 60. години МНД-Битола и 50. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови".

Според професор д-р Даниела Андоновска Трајковска, во трудовите доминира историскиот пристап со кој се прави хронолошки преглед за почитувањето на народната традиција и култура, како и поставеноста на важни институции во општеството кои долги години имаат значајна улога во зачувувањето на македонскиот фолклор.

-Фестивалот со својата стручно-научна и апликативна дејност, организирањето на серија семинари и едукативни активности за традиционалната музика и игра, преку различни промотивни активности во кои се вклучени и граѓани од сите возрасти, потоа изложбите и работилниците, коцерти…но и со својата издавачка дејност, Фестивалот пет децении обезбедува развој, проучување, мобилизација, актуелизација и дисеминација на македонскиот фолклор на нашите простори и пошироко, нагласи промоторот Андоновска Трајковска.

Стручно научниот собир и зборникот „Академски такт за фолклорот и етнологијата" на кој учествуваа 18 автори, предизвика широк интерес за стручната и општата јавност и мотивира потенцијални учесници и читатели, порачаа организаторите на денешниот академски настан во Битола.

-Соработката меѓу институциите е една од најубавите работи и таа генерира нова енергија. Многу членови на МНД-Битола биле со фестивалот „Илинденски денови" и обратно, а првиот конкретен заеднички настан датира од 1980 година кога тогашните генерации на голем научен собир презентирајќи ги своите трудови ја изработија содржината на еден Зборник-учебник кој може да го користат етнолози, етнокореолози, етнолузиколози и други стручни лица. Добро е што по 40 години се возобновува пристапот низ стручно-научен собир и со публикација се придонесува за фолклорот и етнологијата, истакна м-р Валентин Соклевски, втор промотор на зборникот.

Стручно научниот собир и зборникот „Академски такт за фолклорот и етнологијата" е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2020 година.

Италијаните му продале заштитен остров на Украинец за 10 милиони евра

Италијанскиот остров Галинара во Лигурското Море е продаден за повеќе од 10 милиони евра на украинскиот бизнисмен Александар Богуслаев, јавија денес италијанските медиуми.

Според Кориере дела Сера, Богуслаев (42) е син на украинскиот претприемач и политичар Бијачеслав Богуслајев, сопственик на компанија која била лидер во производството на мотори за авиони и хеликоптери.

Куќите во форма на желка на островот, кои се наоѓале на 1,5 километар крај брегот на Лигурија меѓу Аласија и Албенка, некогаш припаѓале на Римокатоличката црква, а во последните 150 години на богатите банкари и индустријалци, бидејќи биле приватизирани.

Весникот наведува дека тој потпишал договор со претставниците на девет семејства од Лигурија и Пиемонте, кои биле сопственици во последните 40 години.

Се додава дека Александар Богуслајев поседува недвижен имот и на југот на Франција.

Островот е прогласен за заштитен парк на природата и не е достапен за туристите , пишува„ Кориере дела Сера “.

Со комбинација на лекови, кубанските лекари ги излекувале болните од корона

Голема група кубански научници и лекари објавија студија која сè уште е препринт (не ја поминала т.н. стручна рецензија) што укажува на многу ветувачки резултати во лекувањето на САРС-КоВ-2 .

Заразените со коронавирусот се лекувале со комбинација на интерферон алфа-2б и гама и интерферон алфа-2б.

Според сознанијата на кубанските научници, интерферон-терапијата „негативно“ делува на РНК во вирусите. Стапките на успех за брзо решавање на инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2 се навистина импресивни, но ова е релативно мала студија во која биле вклучени 79 пациенти на возраст од 19 до 82 години заразени со коронавирус. Во едната група, испитаниците добиле комбинација од 3,0 интерферон алфа-2б и 0,5 интерферон гама двапати неделно. Во втората, добиле инјекција од 3,0 интерферон алфа-2б три пати неделно. Покрај тоа, пациентите добиле стандардна кубанска терапија на лопинавир-ритоавир со хлорокин.

Во првата група, вирусот бил „негативен“ кај 78,6 проценти од пациентите за само 4 дена, а во втората кај 40,6 проценти од пациентите. RT-PCR-испитувањата се користеле за верификација и било откриено дека времето потребно за неутрализација на виралноста е помеѓу три до пет дена.

Влошување на респираторните симптоми е забележано кај 6,6% од пациентите во првата група и 3,3% од пациентитево втората група. Ниту еден пациент не развил тешка форма на болеста.

По 14 дена од третманот, тестовите со РТ-ПЦР покажале негативен резултат кај едната група кај 100 проценти од пациентите и во 91% во другата. Кубанците го припишуваат успешното елиминирање на виралноста на значителното зголемување на лимфоцитите, како и на значително намалување на CRP во рок од седум дена.

И во двете групи, сите пациенти закрепнале за 14 дена и нивните лабораториски наоди се вратиле во нормала.

Најчестите несакани ефекти со овој третман биле главоболки, а кај две групи се забележани кај околу 30% од случаите.

Запленет имотот и две телевизии на албански бизнисмен поради шверц со дрога

Албанските обвинители заплениле огромни средства што му припаѓале на бизнисмен и медиумски магнат, осомничен за изградба на неговата империја од трговија со дрога.

Специјалното јавно обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, соопшти дека властите заплениле имот во кој биле вклучени неколку станови, земјиште, шуми, возила, вклучувајќи Ролс Ројс и две телевизиски станици РТВ Ора и Канал Еден, врз основа на основано сомнение, потврдени со докази дека Или Ндроки, познат и како Џамал Пасмациу, бил вмешан во криминални активности.

Ндроки е виден како одел во полициската станица, но не бил приведен, пренесе АП.

Ндроки претходно бил уапсен во Турција и Италија под сомнение за припадност на криминални организации вклучени во трговија со дрога, но бил ослободен и во двата случаи.

Адвокатите на Ндроки изјавија дека ќе поднесат жалба против запленувањето, а самиот Ндроки изјавува дека запленувањето се случило затоа што тој е во кавга со градоначалникот на Тирана.

притисни ентер