КултураВо Битола се одржа мастер клас со Семи Капланоглу, лауреат на ИФФК „Браќа Манаки“Во фестивалскиот прес центар Капланоглу истакна дека за секој режисер посебно е важна работата со младите кинематографери како иднина за филмот во светот.Светски познатиот автор, сценарист-режисер и продуцент од Турција, годинешен добитник на наградата Специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, Семи Капланоглу, одржа мастер клас и прес конференција на кои презентираше дел од својата богата кариера. Во фестивалскиот прес центар Капланоглу истакна дека за секој режисер посебно е важна работата со младите кинематографери како иднина за филмот во светот. -Прво сакам да кажам затоа што мислам дека развојот на турската кинематографија почнува токму тука и се совпаѓа со браќата Манаки. Инаку, јас од секогаш сакав да работам со млади таленти, со кинематографери кои со својата енергија и свежина успеваат да го доловат моментот значаен за камерата. Но, мора да истакнам дека сум работел и со многу искусни кинематографери од Велика Британија, Русија и други држави, нагласи Капланоглу, и додаде дека за филмот почнал да се интересира на 9 годишна возраст, но на Универзитетот „Докуз Ејлуп“, како што рече, научив дека филмот не снимен во камерата, туку во умот. Тоа беше важна лекција за мене нагласи Капланоглу. Годинешниот лауреат на ИФФК „Браќа Манаки“ е наградуван на многу фестивали, а најзначајната награда во неговата кариера е „Златна мечка“ освоена со филмот „Мед“ во Берлин, 2010 година. Тагови: Браќа Манаки Семи Капланоглу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter