Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран следната недела доколку не се вратат на преговорите
1Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран следната недела доколку не се вратат на преговорите
3Ќе пропаднат ли 4,2 милиони евра? Денеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда
ЗабаваВо Битола се одржа манифестацијата „Вкусот на Пелистер“Јавната установа Национален парк „Пелистер“ со поддршка на Општина Битола и во рамки на програмата „Зимска приказна“, денеска ја одржа традиционалната манифестација „Вкусот на Пелистер“.Над триесет локални производители на храна и пијалоци на посебно уредени штандови во дворот на Инфо центар на ЈУНП „Пелистер“, презентираа македонски специјалитети и дел од традиционалната македонска кујна, како потврда за економскиот потенцијал на градот, посочи градоначалникот Тони Коњановски, за време на посетатата на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“. -Одбројувањето почнува. На прагот на сме на новата 2026 година. Ова е период кога ги славиме празниците, се радуваме, си подаруваме рака и си посакуваме убави моменти. Денеска продолживме со манифестацијата „Куќа имам на Пелистер“ во која благодарение на домаќините, токму во дворот на Инфо-центарот, се собраа нашите млади сограѓани да уживаат во вкусот на Пелистер, посочи градоначалникот Коњановски. Годинава освен битолчани, наши гости и посетители беа љубители на планината и вкусот на Пелистер од Неготино, Кавадарци, Охрид, Велес, Прилеп...истакна директорот на ЈУНП „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски. -Манифестацијата „Вкусот на Пелистер“ организирана под мотото „Куќа имам на Пелистер“ ја организираме по втор пат и со поддршка на Општина Битола. Ова е настан чија основна цел е да ја обедини и промовира севкупната туристичка понуда на поширокиот регион на едно место. Оваа година имаме трисеттина учесници, меѓу кои локални угостители, хотели, локални производители на храна и пијалоци, но и други правни лица кои имаат алтернативна туристичка понуда, изјави директорот на ЈУНП „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски. Програмата „Зимска приказна“ продолжува вечер до новогодишен концерт на кој на платото од битолскиот Офицерски дом ќе настапат Полина Тасева, Влатко Груевски, Давид Миладинов и Андреј Наунов-пијано. Тагови: Националниот парк Пелистер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран следната недела доколку не се вратат на преговоритеАмериканскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран следната недела доколку не се вратат на преговорите.Коментарите во интервју за „Фокс њуз“ беа емитувани додека двете земји разменуваа оган четврти ден по ред. Трамп претходно ја поништи заканата за воведување такса од 20% за целиот товарен превоз низ Ормутскиот теснец, но продолжи со блокадата на иранските пристаништа. „Следната недела ќе биде навистина лошо за нив“, рече Трамп. „Ќе ги срушиме сите нивни електрани. Ќе ги срушиме сите нивни мостови освен ако не седнат на маса и не преговараат“, рече тој. Комесарот за човекови права на ОН, Фолкер Турк рече дека „според меѓународното право, намерното напаѓање на цивили и цивилна инфраструктура е воено злосторство“. Во изјава доцна синоќа, американскиот адмирал Бред Купер рече дека Иран „намерно ги таргетирал цивилите“ во регионот со напад на седум комерцијални бродови, што резултирало со „убиство, исчезнување или повреда на речиси десетина цивилни членови на екипажот“.Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМбапе : „Шпанија беше подобра“ Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, не бараше изговори по поразот од 2:0 од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство.Со головите на Микел Ојарзабал од пенал и на Педро Поро, „Црвената фурија“ се пласираше во своето прво финале на Светското првенство по освојувањето на титулата во 2010 година. Франција не успеа да најде одговор за поседот на топката и контролата на играта на противникот, што по натпреварот го призна и капитенот Мбапе. „Мислам дека не ја одигравме играта што ја сакавме, ниту тактички, ниту технички. Кога не го правиш она што треба во полуфиналето на Светското првенство, не можеш да победиш“, изјави Мбапе. Напаѓачот на Реал Мадрид истакна дека Шпанија останала доследна на својот стил и успеала да го наметне темпото што го посакувала. „Шпанија остана доследна на својот план за игра. Тие се тим што сака да ја контролира топката и темпото. Нашата цел беше да вршиме висок притисок и да ги спречиме да го наметнат својот ритам, бидејќи се подобри од нас во контролирањето на играта. Не успеавме во тоа и направивме премногу технички грешки.“ Мбапе смета дека еден од клучните проблеми била надмоќта на Шпанците во средниот ред, поради што Родри и Фабијан Руиз имале доволно време да организираат напади. „Не знаевме како да ги загрозиме во моментите кога тоа беше најпотребно. Уште од почетокот имаа бројчана предност од тројца против двајца во средината, а против Шпанија е многу тешко да се игра на тој начин. Не ги вложивме сите потребни елементи за да стигнеме до финалето.“ Франција сега ја очекува мечот за третото место против поразениот тим од вечерашното полуфинале меѓу Аргентина и Англија. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураРаботилница за вештачка интелегенција на фестивалот „Преку езерото“Работилница за вештачка интелегенција на фестивалот „Преку езерото“: Иднината на кинематографијата- вештачката интелегенција како алатка, а не како закана.Во рамките на годинашното издание на Фестивалот за балкански и медитерански филм „Преку езерото“, во изминатите два дена во просториите на „ЕУ хаус“ (EU House) во Струмица и во Дојран се одржа стручна работилница на тема „Вештачката интелигенција во филмот“. Настанот, кој предизвика голем интерес кај филмските професионалци и ентузијасти, беше реализиран со финансиска поддршка од програмата „Креативна Европа“. На работилницата се говореше за иднината на кинематографијата под влијание на вештачката интелигенција, како и за трансформацијата на филмските професии. Главни говорници на настанот беа Милош Џукелиќ, филмски продуцент од Србија, Момчило Алексиев, експерт од Бугарија, и Наташа Димитриевска од Канцеларијата на Креативна Европа во Македонија. Српскиот продуцент Милош Џукелиќ порача дека филмските креативци не треба да чувствуваат страв од новата технологија, туку треба да ја искористат вештачката интелигенција како моќно орудие во својата работа. „Сигурно ќе се промени состојбата во филмот, многумина ќе ја загубат работата, но победници на овој процес на користење на вештачката интелигенција ќе бидат оние кои ќе успеат да се прилагодат и кои ќе научат да ја користат и како креативно средство, но и како помагало. Тоа е всушност една совршена алатка доколку умееме да ја користиме, но и мошне опасна доколку не умееме. Би ја споредил со огнот кој може да запали нешто, а човекот, пак, кога го открил огнот завладеал со светот – така е и со вештачката интелигенција“, изјави Џукелиќ. Во однос на неизвесноста што ја носи брзиот технолошки напредок, бугарскиот експерт Момчило Алексиев истакна дека иако е тешко точно да се претскаже иднината, филмската уметност дефинитивно ќе опстане, но со променети процеси на работа. „Како и секоја нова технологија, и вештачката интелигенција доаѓа со прашањето дали ќе исчезнат некои професии или ќе се појават нови. Од денешен аспект може да се рече дека ќе се променат некои професии и некои процеси на работа. Ова е најточното што може да го кажеме во овој момент, бидејќи условите и технологијата напредуваат толку брзо што е тешко да се претскаже. Јас сум оптимист во поглед на тоа дека киното ќе остане кино и ќе гледаме филмови, макар биле снимени и со вештачка интелигенција. Но, сепак зависи од нас дали ќе финансираме такви процеси, како ќе ги регулираме и на кој начин ќе се пристапува кон неа“, заклучи Алексиев. Работилницата успешно ги отвори клучните прашања за креативниот потенцијал, етиката, регулацијата и финансирањето на проекти кои користат AI алатки, потврдувајќи дека адаптацијата кон новите технологии е клучна за идниот развој на регионалната кинематографија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55