Во Битола се чествува Свети Нектариј Битолски, заштитникот на градот - Канал 5

Во Битола се чествува Свети Нектариј Битолски, заштитникот на градот

Општина Битола и преспанско-пелагониската епархија чествуваат за Свети Нектариј Битолски, патрон и заштитник на градот. 

Во Битола се чествува Свети Нектариј Битолски, заштитникот на градот

Свети Нектариј Битолски е светител што ѝ припаѓа на групата преподобни маченици, монаси-подвижници, кои што своите животи ги завршиле маченички.

Според житието, преподобниот Нектариј е роден во Битола. Точната дата на неговото раѓање не се знае. Но, бидејќи умрел како старец во 1500 година, може да се претпостави дека е роден некаде во 20-те години на XV век, околу 1420-1430 година. Родителите на Нектариј биле побожни и праведни луѓе. На крштевањето на својот син му го дале името Никола, а подоцна, при замонашувањето, го добил името Нектариј.

Преподобниот Нектариј уште како дете заминал од Битола и своето светителско достоинство го добил далеку од своето родно место, во Света Гора, најголемиот христијански центар на Балканот и таму останал до крајот на својот живот, односно до 5 декември 1500 година кога преподобниот Нектариј тивко и достоинствено се преселил во вечното царство Христово. Нектариј живееше особено горк живот. Сега се насладува од божествениот нектар одозгора, е напишано во Житието за Свети Нектариј Битолски.

Пет години по неговата смрт, неговите ученици и следбеници го отвориле неговиот гроб, за да му ги пренесат моштите и забележале дека тие не биле распаднати и од нив се ширела пријатна миризба во воздухот. Моштите му ги положиле во ковчег, на кој што бил направен релјеф на неговиот лик. Ковчегот со неговите мошти и денес се чува во Света Гора, во ќелијата каде што се подвизувал.

Споменот на Свети Нектариј Битолски, заштитникот на градот Битола, се слави речиси две децении со празнична богослужба како што синоќа во Соборниот храм „Свети Великочаченик Димитриј", отслужи Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, а утрово во тек е Утринска богослужба, а потоа ќе следи и Литија.

За Литијата и нејзиното значење

Литијата е православен обред кој се извршува во форма на торжествена поворка од страна на свештенослужителите и верниците, проследена со црковни химни, икони, крстови, рипиди и други свети предмети, со цел да се отдаде почит кон Бога и Неговите светии и да се испроси Неговата благодат и милост. Една од особеностите на литијата е тоа, што таа се извршува околу храмот, манастирот или градот.

Според востановената традиција, во Битола по завршувањето на Светата Божествена Литургија, од храмот Св. вмч. Димитриј, се спроведува свечена Литија со моштите на „Свети Агатангел Битолски", а учесниците се движат низ повеќе улици во централното градско подрачје, околу Храмот и по Широк сокак.

Чествувањето за Свети Нектариј Битолски завршува со традиционален прием на митрополитот г. Петар кај битолскиот градоначалник, а годинава новоизбраниот прв човек на градот Тони Коњановски најави дека од следната година на Денот на заштитиникот на градот ќе се доделуваат парични награди за талентираните ученици кои постигнале високи резултати во своето школување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Добри вести за гејмерите: „Nintendo“ донесе одлука за која сите зборуваат

„Nintendo“ објави дека нема намера да се откаже од издавањето физички копии на игри, иако индустријата сè повеќе се насочува кон дигитални содржини.

Добри вести за гејмерите: „Nintendo“ донесе одлука за која сите зборуваат

Компанијата изјави дека останува посветена на тоа да им понуди избор на играчите на конзолата „Nintendo Switch 2“, поддржувајќи ги и физичките касети и дигиталните преземања.

Во разговор за „YouTube“ каналот „Coelho no Japão“ за време на настанот „Brasil Game Show“, Бил ван Зијл, потпретседател на „Nintendo“ и генерален директор за Латинска Америка, беше прашан за ставот на компанијата по ова прашање и дали таа останува посветена на физичките медиуми.

„Знаете, историски гледано, секогаш сме биле прилично флексибилни во однос на ова, нели? Се водиме според преференциите на потрошувачите и сериозно ги земаме предвид“, објасни тој.

YouTube video

„Исто така, имаме платформа што штотуку е лансирана. Што се однесува до конзолата „NS2“, поминаа само нешто повеќе од една година од почетокот на нејзината ера. Таа нуди две опции – знаете, и дигитална и физичка.“

Потоа, Ван Зијл директно одговори на прашањето: дали „Nintendo“ има намера да се откаже од физичките изданија?

„Значи, нема планови за напуштање на физичките изданија. Знаеме колку фановите ги сакаат. Така што, да – нашиот став е да останеме флексибилни.“

Иако Ван Зијл јасно стави до знаење дека „Nintendo“ моментално нема планови да престане со издавање физички игри, сепак не ја исклучи целосно можноста тоа да се промени во иднина. Покрај физичките игри, „Switch 2“ користи и картички од типот „Game-Key“ – еден вид хибриден медиум кој не ја содржи целосната игра, туку клуч за нејзино преземање од интернет. За да се играат вакви игри, касетата мора да остане во конзолата, дури и откако играта ќе биде преземена.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху

„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“.

„Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“

Избори по две години војна

Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран.

Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер