Во Битола промовиран мурал на уметник од Австралија - Канал 5

Во Битола промовиран мурал на уметник од Австралија

Амбасадорот на Австралија за Македонија Питер Трасвел заедно со својот домаќин, градоначалникот Тони Коњановски, денеска во Битола промовираа мурал изработен од австралискиот уметник Финтан Мегеј.

Во Битола промовиран мурал на уметник од Австралија

Проектот е во рамки на јубилејот, 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Австралија и е одраз на пријателските односи меѓу двете земји, истакна амбасадорот Трасвел.

-Овој проект е дело на еден од најдобрите уметници за мурали во Австралија. Муралот во Битола претставува разни симболи карактеристични за Македонија и за Австралија и ги одразува односите меѓу двете земји. Посебно значајно е што оваа година одбележуваме 30 години меѓусебни дипломатски односи, истакна амбасадорот Трасвел.

Според градоначалникот Тони Коњановски, поддршката на проектот е многустрана и освен што е потврда за пријателството меѓу двете земји, е и во функција на разубавување на градот.

-Овој мурал го претставува пријателството и цврстите врски меѓу Македонија и Австралија. Како што е познато ние во Австралија имаме огромна дијаспора која се почесто се враќа во татковината и тоа е добро. Ние го поддржавме овој проект бидејќи го разубавува градот, истакна Коњановски.

Во изјава за медиумите, авторот-уметник Финтан Мегеј посочи дека како сликар работел мурали во Индија, Германија, Исланд, Австрија, САД, а в година и во Романија.

-Сакав да претставам една приказна што ги поврзува Македонија и Австралија. На муралот претставени се најзначајните македонски и австралиски цветови, национални предмети, а ќе ја насликам и познатата Опера Хаус во Сиднеј, истакна уметникот Мегеј и додаде дека работата на зградата во Битола ја вршел без пречки, наспроти работата на објекти кои биле десет пати поголеми.

Муралот се наоѓа во централното градско подрачје во непосредна близија на битолскиот Здравствен дом и Старата битолска чаршија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Денеска на собраниска седница е  интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер