Во Битола премиера на театарската претстава „Аудиција" - Канал 5

Во Битола премиера на театарската претстава „Аудиција"

 Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер ќе ја изведе премиерата на театарската претстава „Аудиција" од Александар Галин во режија на Благој Мицевски.

Во Битола премиера на театарската претстава „Аудиција"

Во „Аудиција" ќе настапат актерите Јулијана Стефанова, Александар Копања, Марија Стефановска, Соња Ошавкова, Јулијана Мирчевска, Борче Ѓаковски, Петар Горко, Васко Мавровски и Соња Михајлова која ќе ја одигра улогата на Варја Волкова.

– Ликот на Варја Волкова го доживувам како предизвик, состојба која во животот секому се случува, конфликти кои треба да се разрешуваат, а самата аудиција претставува шанса за надминување на проблемите. Меѓутоа не секогаш во дадени околности, општествени или лични, можностите и реалноста не се преклопуваат и тоа доведува до расчекор кој содржи комични елементи, и тие верувам дека публиката која вечер ќе дојде на премиера ќе ги препознае, истакна актерката Михајлова во пресрет на премиерата на „Аудиција".

Режисерот Мицевски претставата ја подготви во соработка со драматургот Оливера Павловиќ, сценографот Валентин Светозарев и друг стручен кадар во Битолскиот театар.

-По завршувањето на премиерата, од утре почнуваме со подготовки на уште една театарска претстава. Станува збор за театарскиот проект „И коњите ги убиваат, зар не!?" кој се работи според романот на Хорас Мек Кој, во режија на Мартин Кочовски, информира Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Глупавата“ влада на Финска вложи во рудници и е мнозински сопственик во фирмата Терафејм

Додека „пребогатата“ Македонија ужива во „чистата“ вода во Гостивар, „глупавите“ Финци отвораат рудници а во јуни годинава, Терафејм e започна со екстракција на ураниум на својата индустриска локација во Соткамо, општина со повеќе од 10.000 жители.

„Глупавата“ влада на Финска вложи во рудници и е мнозински сопственик во фирмата Терафејм

Она што за Македонија во моментов е незамисливо , за „регресивната и глупава“ Влада на Финска е врвен приоритет за обезбедување на предиктивна енергетски независна иднина за следните поколенија.

Компанијата Терафејм која претставува заедничко вложување е основана во 2015 година и управува со голем рударски комплекс во Соткамо, Финска, каде што се наоѓаат најголемите европски резерви на никел и кобалт. Општината Соткамо има повеќе од 10.000 жители каде главниот економски двигатели се туризмот и рударството.

Финската влада со својата рударска компанија произведува батериски хемикалии наменети за електрични возила при што користи иновативна и енергетски ефикасна технологија на т.н. биолужење. Во споредба со традиционалните методи на производство, оваа технологија овозможува значително помал јаглероден остаток.

Еден од клучните фактори за стабилноста на Терафејм е силната поддршка од финската држава, која има мнозинска сопственост во компанијата. Ваквата стратешка вклученост придонесува за создавање сигурен европски синџир на снабдување со суровини и батериски материјали, што е од особено значење за агендата за зелената транзиција на Европската Унија.

Со цел да одговори на зголемената побарувачка, Терафејм продолжува да ги проширува своите производствени капацитети. Покрај постојниот рудник, наоѓалиштето Колмисопи неодамна доби статус на стратешки проект на ЕУ. Неговото отворање е планирано до 2028 година, со што би се овозможило континуирано производство сè до 2050-тите години.

Значајна улога во остварувањето на овие цели има долгогодишната соработка со врвни производители на рударска опрема и флота која постојано се обновува и денес располага со ултраголеми багери и 16 крути кипери. Истиве секојдневно успешно работат во тешките фински временски услови, долгите зими и екстремно ниските температури.

Постојаното унапредување на продуктивноста и ефикасноста дополнително ја зацврстува позицијата на Терафејм како еден од лидерите во европската индустрија за батериски материјали.

А нашата македонија се' уште спие...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Невремето ги опустоши струмичките посеви а Владата не презема ништо

Невремето ги опустоши струмичките посеви а Владата не презема ништо - итно да ги обештети земјоделците.

СДСМ: Невремето ги опустоши струмичките посеви а Владата не презема ништо

Невремето го опустоши струмичкиот регион. Илјадници декари, пластеници и посеви, домови и механизација не само во околината на градот Струмица, туку и во општините Босилово, Ново Село и Василево, се уништени.

За многу семејства ова не е само временска непогода - ова е уништена година, уништена егзистенција и неизвесна иднина.

Земјоделците повторно се оставени сами. Вообичано за ВМРО - локалната власт и ресорниот министер за земјоделство доцнат со реакциите. Допрва ќе прават проценки.

Го слушаме денеска министерот за земјоделство, вели ќе ја следел состојбата - земјоделците имаат мака, нема време за чекање, потребна им е итна помош.

Оваа Влада покажа дека не и се важни земјоделците. И не е прв пат да ги оставам сами земјоделците кога им е најтешко. Ги оставија без конкретни мерки во сред криза кога цените на репроматеријалите поради растото на цените на горивата, се вивна до плафон. Ги скратија субвенциите за земјоделците, на терен се случува хаос - понижувачки откупни цени и несигурен пласман.

Не ни треба нас невреме - Владата на ВМРО е најсилното невреме за земјоделците - како цунами го уништи цел сектор.

Само за потсетување, владите на СДСМ секогаш беа до земјоделците кога им требаше помош. Навремено се реагираше со обештетувања од сите временски непогоди. Во 2018 година беше донесена одлука за дополнителна помош за покривање на загубите предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани.

Во 2022 година, Владата на СДСМ ги обештети земјоделците и тоа за претпрени штети од елементарни непогоди настанати во 2016, 2017 и 2018 година.

Сега, бараме Владата да одржи вонредна седница и да донесе итна одлука за обештетување и финансиска помош за земјоделците.

Исто така, бараме да се подготви долгорочна стратегија за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Без земјоделци нема домашно производство, нема иднина за македонското земјоделство.

Теренска прес конференција на СДСМ, Тања Илијоска – членка на Извршниот одбор

YouTube video

Видео инсерти: https://www.youtube.com/watch?v=Y5qr08SbWn0

Скопје, 23.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Принцезата Шарлен со стил на Бонд-девојка

Принцезата Шарлен од Монако го привлече целото внимание на Балот на Црвениот крст во блескав златен фустан што спојуваше скулптурални набори, отворен грб и холивудски гламур.

Фото: Принцезата Шарлен со стил на Бонд-девојка

Традиционалниот хуманитарен настан се одржа во салата „Сал дез Етоал“ во Монте Карло и претставува еден од најзначајните летни настани во кнежевството, пишува HOLA.

Принцот Алберт Втори и принцезата Шарлен традиционално ја предводат вечерта во својство на претседател и потпретседател на Црвениот крст на Монако – организација што е поврзана со семејството Грималди уште од 1948 година.

За овогодишното издание, таа избра блескава златна креација која совршено се вклопи во медитеранскиот амбиент. Тесната силуета, раскошните набори и долгиот плашт ѝ дадоа на креацијата идеална доза на елеганција.

Впечатливиот златен фустан има асиметричен изрез и долго здолниште што на суптилен и елегантен начин ја истакнува нејзината фигура. Дизајниран е така што се обвиткува околу телото и ја нагласува силуетата, задржувајќи нота на софистицираност, додека неговиот најголем адут се крие во наборите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер