ЗабаваВо Битола отворен велосипедски „Бајк парк Смолево“Во битолската рекреативна зона, во месноста Смолево, отворени се патеките на „Бајк парк Смолево“, наменети за возење на сите возрасти, односно од 5 до над 60 години.„Бајк парк Смолево“ има четири патеки чиј сопственик е Општина Битола, а ќе ги одржаува клубот „Extrime Bike Team”, информираа од тамошната локална самоуправа. -Сакам да изразам благодарност до клубот „Extreme Bike Team“ кој го изгради „Бајк парк Смолево“ кој според нив е еден од најдобрите во регионот, а тоа го потврдија и инженери од Словенија кои работеа со нив. „Бајк парк Смолево“ е голема работа за која ние како Општина ќе се грижиме за редовно одржување. Се надевам дека битолчани, вклучувајќи се и себе ќе бидеме тука да рекреираме, истакна градоначалникот Тони Коњановски, промовирајќи го новиот рекреативен парк во овој град. Проектот за изградба на патеките го изработи „Екстрим бајк тим“ и е финансиран од Министерството за локална самоуправа, а партнери во реализацијата се Општина Битола и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕвроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширувањеПроширувањето на ЕУ се забрзува, но во надлежниот оддел на комисијата снемува капацитет за управување со преговорите со неколку земји-кандидатки одеднаш – тврди бриселскиот медиум Евроњуз повикувајќи се на свои извори.Притисокот врз Европскиот генерален директорат за проширување и источно соседство се должи на забрзаното затворање на преговарачките поглавја од страна на четири земји кандидатки, што изискува значително прераспределување на ресурсите а според Евроњуз, проблеми со внатрешниот капацитет има и Советот на ЕУ. „Генералниот директорат, како и многу други оддели на комисијата, во голема мера се потпира на привремени договори и малку постојани службеници. Ова значи дека има висока стапка на флуктуација на кадри и малку искуство во затворањето на преговорите, со оглед на тоа дека последната примена земја во блокот беше хрватска во 2013 година.„ – пишува ЕвроњузКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку деветмина загинати при руските напади врз КиевРусија ноќеска повторно ја нападна украинската престолнина Киев со балистички ракети, при што загинаа и беа повредени повеќе луѓе. Според државната служба за вонредни состојби на Украина, бројот на жртвите изнесува најмалку девет. Повредени се 23 лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на телеграм објави дека градот утрово е нападнат со балистички ракети. -Експлозии одекнуваат во градот. Киев е нападнат со балистички ракети. Скријте се во засолништата за бомби, наведе Кличко. Градови беа цел на обемен руски напад. Според украинските власти, низ целата земја тогаш загинале најмалку десет лица, а десетици биле повредени. Големи штети претрпе и градот Лавов на западот од земјата, во близина на полската граница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНови судири на границата кај Мелиља откако е запрен влезот на мигранти во СеутаВлезот на нелегални мигранти од Кралството Мароко во шпанската енклава Сеута е „целосно запрен„ тврди шпанската Влада. Меѓутоа, денеска повторно избувнаа судири на сега веќе затворениот граничен премин помеѓу втората шпанска енклава на африканскиот континент – Мелиља и Мароко каде стотоци мигранти се уште прават обиди за упад на граничниот премин –пренесуваат светските медиуми. За време на вчерашната посета на Сеута, шпанскиот премиер Педро Санчез ги оцени случувањата како напад врз територијалниот интегритет на Шпанија. -Секако, сакам да ја признаам и кризата што ја претрпе другиот автономен град вчера - Мелиља, но ние сме во Сеута, што во овој случај е градот кој страда од најголемата криза во споредба со Мелиља и секако нè потсетува на ситуацијата што ја доживеавме во 2021 година. Затоа, третата обврска што сакам да ја изразам, покрај обврската за соработка со автономната влада на Сеута, е дека владата на Шпанија ќе ги искористи сите лостови на државата, сите ресурси на државата за да ја гарантира безбедноста на граѓаните на Сеута,- - Педро Санчез, премиер на Кралството Шпанија. Како што јавуваат шпанските медиуми, иако целта на дел од мигрантите биле да останат во шпанските енклави, најголемиот дел планирале да продолжат кон Европа преку нелегалните миграциски рути а повикот и мобилизирањето на илјадниците луѓе се одвивало преку социјалните мрежи. -Социјалните медиуми денес се моќен мобилизатор, особено за младите луѓе, но исто така е вистина дека видовме семејства кои доаѓаат од југ, од Тангер, од внатрешните области на Мароко, со кои сигурно имало пораки во оваа насока, како што споменавте, нели? И погрешно толкување, според мое мислење, на она што било кажано во тие пораки. Jа гледаме мобилизирачката моќ на социјалните медиуми без да исклучиме дека имало и на тие социјални мрежи, нели, некои луѓе со лоши намери или со цел да остварат профит кои ги лансирале овие пораки,- -Рут Бермехо, истражувач во Кралскиот институт Елкано. Во меѓувреме, Европската комисија уверува дека досега ниту еден од нелегалните мигранти не пристигнал на Европско тло од Сеута. Откако вчера Италија привремено ја суспендираше Шенгенската соработка со Шпанија, закани за одвојување на Шпанија од зоната за слободно патување на ЕУ упатија и Финска и Данска. Според шпанското министерство за внатрешни работи – од проценетите 60 000 мигранти кои влегле во Сеута овие денови, 48 300 веќе се депортирани назад во Мароко додека се уште се проценува бројот на жртви кои се удавиле во обидот да допливаат до Сеута или пак загинале во стампедото на границата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08