Во Битола одбележан македонскиот Ден на пожарникарите - Канал 5

Во Битола одбележан македонскиот Ден на пожарникарите

Триесеттина пожарникари и претставници на општините Битола, Могила и Новаци, денеска го одбележаа 20 мај, денот на македонските пожарникари востановен според историски настан кој што се случил во Битола пред 189 години.

Во Битола одбележан македонскиот Ден на пожарникарите

Објектот на битолските пожарникари се наоѓа на истото место кога во овој дел од градот покрај реката Драгор се случил пожар на дуќаните, а Румелискиот валија дал на наредба да се формира против пожарна единица, традиција која ние ден денес ја одржуваме, истакна градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

-Општина Битола во моментов гради нова противпожарна станица на другиот дел од градот која е современа и ќе биде оптимално опремена. За овој проект поддршка имаме од Министерството за одбрана на САД за што наскоро ќе потпишеме договор за грант со кој пожарникарската станица во Битола ќе биде целосно опремена. Тоа ќе биде нова можност и подготвеност да се дејствува од двете страни на градот бидејќи ќе го задржиме и стариот објект во кој сега се сместени пожарникарите, истакна Коњановски.

Од денеска ТППЕ-Битола има нов командир и таа функција ќе ја врши Христијан Тодоровски.

-Новата должност ја преземам со 33 вработени лица иако според закон и територијата што ја покриваме треба да имаме 70 вработени лица, но очекуваме нови вработувања. Минатата година имавме 551 интервенција, а оваа година заклучно со интервенцијата што ја имавме утрово врз опожарено возило, регистриравме 229 интервенции за гаснење на пожар, најголем дел на отворен простор. Очекуваме со новиот објект, нашата работа да биде уште поефикасна, истакна Тодоровски.

Територијалната против пожарна единица во Битола располага со 14 исправни возила, а се очекуваат и донации на нови пожарникарски возила, беше истакнатот на денешната свеченост по повод денот на македонските пожарникари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовите

Во Основниот кривичен суд со воведни зборови на Обвинителството и адвокатите започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите.

Воведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовите

Со воведни зборови на Обвинителството започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите, во кој поранешниот директор на Платежната агенција Илија Стоилев се товари за примање награда за противзаконито влијание, а поранешниот министер за локална самоуправа и правда, Џевдет Насуфи, во случајов управител на фирма е обвинет за давање поткуп и организирано влијание. Според обвинението, биле ветени и исплатени десетици илјади евра со цел да се обезбеди одобрување на ИПАРД-средства за фирма која не ги исполнувала условите.

Обвинителката Наташа Поп-Трајкова во воведните зборови истакна дека станува збор за коруптивен систем кој „има име и презиме“, и кој, освен што ја нарушил довербата во домашните институции, ја довел во прашање и довербата на меѓународните партнери во управувањето со европските фондови.

Одбраната на Стоилев и Насуфи целосно ги отфрли наводите на обвинителството,.. адвокатката на екс директорот изјави дека обвинението се темели на претпоставки, а не на директни докази, и потенцираше дека Стоилев не учествувал во бодувањето на проектите и не можел да влијае врз конечната одлука. Одбраната на Насуфи тврди дека тој ниту дал, ниту ветил парични средства, и дека средсвата кои биле одобрени биле намалени за околу 65 проценти, што според бранителот, ја исклучувало можноста за договор за поткуп.

За останатите обвинети, меѓу кои службени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и Управата за јавни приходи, обвинението тврди дека преку бодување и административна обработка овозможиле одобрување на проектот спротивно на правилата. На претходното рочиште, вработената во платежната егнција Јасмина Костадинова ја призна вината и беше осудена на 10 месеци затвор. Следното рочиште е закажано за 9 јуни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Долга и болна листа на чекање – за операција на колк чекаат 659 луѓе

Ем боли, ем се чека...За операција на колк во Македонија на листа за да ги викнат за операција во болница чекаат околу 660 луѓе, а некои од нив, за да ја направат интервенцијата трпат веќе година ипол.

Долга и болна листа на чекање – за операција на колк чекаат 659 луѓе

Дека се чека и по 18 месеци нотира анализата на Фондот кој ги собрал податоците од болниците во која се нотира дека најдолга е листата на „Осми септември“ каде во болничките тефтери за операција има запишано 300 луѓе. Првиот човек на Фондот Сашо Клековски вели дека има и позитивна страна - иако поради реновирање на операционите сали токму во „Осми септември“, но и на Клиника долг период тие беа затворени хирурзите успеале да сработат 10% повеќе интервенции на колк и колено лани споредено со 2023.

-Вкупно 69% проценти од интервенциите се прават во само три од вкупно 13 институции а тоа се ТОАРИЛУЦ, или Клинички центар, ГОБ „Осми септември“ и Св. Еразмо, а 76 % всушност се прават во Скопје и во Охрид и имаме една географска концентрација на операциите (интервенциите) а со тоа и на листите на чекање. -Сашо Клековски – директор на ФЗО.

Клековски смета дека листите на чекање во дел се должат и на тоа што пациентите бараат и чекаат конкретен хирург да ги оперира и апелира да се зголеми довербата во кадарот.

Листата на чекање е најдолга во две институции, каде што имаше и реални проблеми со капацитетот на оперативнте сали. Меѓутоа, делумно таму притисокот и листите се продолжуваат заради изборот на лекари. Изборот на лекар е важен, но би апелирал до граѓаните дека во земјава немаме само тројца, четворица или петмина хирурзи. Ние надвор од Скопје имаме хирурзи што оперираат р`бетен столб. -Сашо Клековски – директор на ФЗО.

Од Фондот тврдат дека Мекедонија по операции на колено е на средина споредено со регионот, а на дното по интервенции на колено. Оттаму оценуваат дека има напредок во областа која ја поткрепуваат со статистика, но и простор за подобрување на она што не чини.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српски војник загина при напад на мисијата на ОН во Либан

Припадник на мировната мисија на Обединетите нации во Либан, кој беше убиен во гранатирање на југот од земјата, е српски државјанин, потврди либанското Министерство за одбрана.

Српски војник загина при напад на мисијата на ОН во Либан

Станува збор за виш водник Милован Јовановиќ (37), кој зад себе остави сопруга и две малолетни деца. Служел во српската армија од 10 декември 2011 година, а во мировната мисија во Либан од јануари оваа година, според министерството.

Починал од повредите здобиени во нападот врз базата на ОН во јужен Либан. Откако бил ранет, му била укажана итна медицинска помош во болница во базата, а потоа со хеликоптер бил префрлен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што починал.

Уште двајца мировници се повредени

УНИФИЛ претходно објави дека еден мировник починал откако минофрлачки гранати ја погодиле неговата позиција во близина на Марџајун, во југоисточен Либан, доцна во среда навечер.

Двајца други мировници на ОН беа ранети во истиот напад. Тие беа лекувани во медицинска установа во базата на УНИФИЛ. Мисијата соопшти дека започнала истрага за да ги утврди точните околности на инцидентот.

УНИФИЛ не кажа кој е одговорен за нападот. Во соопштението се предупредува на зголемен број траектории и напади во јужен Либан и се вели: „Насилството мора да престане“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер