Во Битола гостува францускиот ракометен гигант ПСЖ - Канал 5

Во Битола гостува францускиот ракометен гигант ПСЖ

Битолската спортска јавност утревечер ќе го проследи ракометниот дуел меѓу македонскиот и францускиот шампион Еурофарм Пелистер и ПСЖ.

Во Битола гостува францускиот ракометен гигант ПСЖ

Во пресрет на натпреварот кај домашниот тим се подгреваат надежите дека последниот настап пред своја публика може да заврши со успех бидејќи, како што велат, против французите секогаш добро и успешно играат.

-Ова е последен домашен меч за нас во Лигата на шампионите. Ние ќе дадеме се од себе и затоа ја повикуваме побликата во што е можно поголем број да ужива во натпреварот. Сите добро се чувствуваме, немаме повредени играчи, сите сме во добра хемија и се надеваме дека тоа ќе го пренесеме на терен, изјави ракометарот Петар Атанасијевиќ во пресрет на дуелот со ПСЖ во Битола.

Гостите од Париз ќе допатуваат со најсилниот состав, со француските асови Карабатиќ, Пранди, Омејер...но и ракометните интернационалци Соле од Шпанија, Стеинс од Холандија, Спижак од Полска, Мараш од Хрватска и други ракометни ѕвезди.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ е закажан за утревечер во 20:45 часот, а ќе го судат Денис Болиќ и Кристоф Хурич од Австрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце.

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце

На свеченото отворање на детската градинка „Фолеја“ во село Пршовце ќе присуствуваат и евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на општина Теарце, Даут Мемиши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Копилотот од „Флајдубаи“ сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив

Копилотот од „Флајдубаи“  сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив. Тоа го планирал со месеци.

Копилотот од „Флајдубаи“  сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив

Копилотот кој минатата недела со секира го нападна капетанот на авион на „Флајдубаи“ (Flydubai) и се обиде да ја преземе контролата врз леталото, имал намера да го урне авионот врз меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на информации од истрагата.

Според извештаите на израелскиот Канал 12 и порталот „Ynet“, 29-годишниот државјанин на Оман, Хамам ал-Хамами, наводно им рекол на истражителите дека, откако ќе го елиминирал капетанот, планирал да го продолжи летот како ништо да не се случило. Израелските медиуми тврдат дека неговата намера била да ги добие сите неопходни дозволи за слетување и – дури во фазата на завршен пристап – да го урне „Боингот“ врз зграда или авион на аеродромот.

Со тоа, на израелските власти би им останало многу малку време да сфатат што се случува и да реагираат.

Според истите извештаи, истрагата открила дека Хамами не постапил импулсивно. Во последните месеци, тој повеќе пати слетал на аеродромот „Бен Гурион“ како член на екипажот; за време на една посета во јуни, наводно детално го проучил аеродромот и се подготвувал за напад.

Првично планирал да го изврши нападот уште во јули, но се откажал од идејата во последен момент бидејќи меѓу членовите на екипажот бил и еден негов пријател.

Одлучил да ја чека следната можност. Канал 13 објави уште еден детал од истрагата. Според нивниот извештај, Хамами им кажал на истражителите дека намерно барал работа во авиокомпанија што лета за Тел Авив и дека токму поради тоа ја избрал „Флајдубаи“ (Flydubai).

Израелските истражители сè уште лично не го испрашале Хамами. Канал 12 наведува дека информацијата му била пренесена на Израел од саудиски и емиратски истражители, па затоа деталите од неговата изјава сè уште не се официјално и независно потврдени. Тој побарал од пилотот да се помоли, а потоа го нападнал.

Нападот се случи на 30 септември, за време на летот FZ1073 од Дубаи до Тел Авив.

Капетанот на авионот, Смит Мачхар , Индиец, раскажал дека копилотот ненадејно го нападнал од зад грб, околу пет минути откако побарал дозвола да се помоли. Хамами го удрил со секирата за итни случаи што се чувала во пилотската кабина.

Иако тешко повреден, Мачхар успеал да ја отвори вратата од пилотската кабина. Тоа им овозможило на членовите на екипажот и на патниците да влезат и да го совладаат напаѓачот. За време на борбата, авионот преминал во стрмно понирање.

Според податоците од „Flightradar24“ анализирани од „Ројтерс“, леталото изгубило повеќе од 16.000 стапки – или речиси пет километри – висина за нешто повеќе од 30 секунди.

Откако капетанот успеа да ја отвори пилотската кабина, неколку патници го совладаа Хамами, а контролата врз авионот потоа ја презедоа двајца пилоти кои се наоѓаа во авионот како патници. Авионот беше пренасочен кон Табук, Саудиска Арабија, каде што безбедно слета. Во авионот имаше повеќе од 170 патници и членови на екипажот, главно Израелци. Никој од патниците не загина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши домаќин на поранешните собраниски спикери

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе одржи средба со поранешни претседатели на законодавниот дом.

Гаши домаќин на поранешните собраниски спикери

Поранешните собраниски спикери ќе го посетат Собранието, каде што средбата со Гаши е закажана за 13 часот во Охридската сала.

На средбата се очекува да бидат разменети искуства и ставови поврзани со работата и функционирањето на највисокиот законодавен орган.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер